МакедонијаМеѓу традицијата и можностите – празничните трпези предизвик за граѓаните Граѓаните растрчани по пазарите, ги прават последните подготовки за денот пред христовото раѓање, празникот Бадник.На вечерашната трпеза традиција е да се има грав, посни сарми, тиква, костени, ореви, риба и овошје. А цените на некои од производите ги одвраќаат дел од граѓаните во набавката. Костените се движат од 150 до 180 денари за килограм, оревите се над 300 денари, мандарините од 60 денари па нагоре, додека пак тиквите се движат од 30 до 50 денари за килограм. Некои од граѓаните пред камерата на Канал 5 велат дека ќе ја испочитуваат традицијата. На трпезата ќе имаат од се по нешто, а некои истата ќе ги чини и неколку илјади денари. Утрешната трпеза пак за празникот Божиќ ќе биде мрсна, но и поскапа. Цената на месото постојано се зголемува. Килограм свинско чини околу 400 денари, додека пак телешкото некаде достигнува и над 600 денари за килограм. Дел од граѓаните коментираат дека маркетите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, драстично ги покачиле цените на производите. Поради тоа, Владата ќе предложи законски измени во првиот квартал од годинава, со кои ќе се зголемат казните за трговските ланци што ги кршат правилата за нефер трговија и работат спротивно на интересите на граѓаните. Тагови: цени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНе помина интерпелацијата за министерот Панче ТошковскиСо 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти... Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНа Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник. Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата. По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер. Тагови: НП Пелистер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook