Меѓу повеќе од 32 илјади пристигнати дизајни за етикета за Вегета избрани 60-те најкреативни - Канал 5

Меѓу повеќе од 32 илјади пристигнати дизајни за етикета за Вегета избрани 60-те најкреативни

По повод прославата на 60-от роденден, Вегета ги повика своите потрошувачи да станат дел од нејзината историја и да учествуваат во наградната игра со креирање на сопствена етикета за Вегета. 

Меѓу повеќе од 32 илјади пристигнати дизајни за етикета за Вегета избрани 60-те најкреативни

Победниците од наградната игра, 60 – те најдобро дизајнирани етикети, во четвртокот во познатиот ресторан „Адриатик Грашо“ во Сплит, ги претстави шесточленото жири.

Крунослав Бешвир, директор на програмата Кулинарство во Подравка раскажа неколку интересни моменти од шеесетгодишната историја на Вегета, односно ја претстави роденденската кампања под наслов: „Вегета! 100% оригинална! 100% моја!“. „Всушност 60-тиот роденден е идеалната прилика за мало освежување на нејзиниот надворешен изглед, бидејќи како што Вегета ја поттикнува креативноста во кујната, така нам ни беше желба корисниците да ја испробаат сопствената креативност со креирање на етикета за нејзината амбалажа“.

Исклучителните резултати од кампањата ги претстави Маринка Акрап, директорка на корпоративен маркетинг и комуникации во Подравка: „Не воодушеви одѕивот на нашите потрошувачи и креативноста која ја покажаа во дизајнирањето на етикети. Во период од еден месец ни пристигнаа повеќе од 32 илјади предлог дизајни. Во наградната игра, која се одвиваше во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, се пријавуваа и потрошувачи од Австралија, Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Германија, Франција, Ирска, Италија, Словенија, САД, Холандија, Швајцарија, Косово, Канада, Грција и од Норвешка.“

„Вегета изгледа најдобро до сега“, се пофали Давор Брукета, креативен директор на агенцијата „Брукета&Зиниќ&Греј“, изразувајќи задоволство што со креирање на елементите за дизајн на етикета им помогнале на корисниците од целиот свет креативно да се изразат.

Александар Шекуљица и Иван Тандариќ од модното студио „ЕЛФС“ изјавија: Со оглед на тоа што дизајнот е наша животна преокупација, ни беше навистина огромно задоволство да ги прегледуваме и отценуваме дизајните и веруваме дека го одбравме навистина најдоброто. Покрај тоа, со дизајните на маичките со елементите од дизајнот на вегета кои се дел од нашата најнова колекција, добивме прилика да ја дадеме својата визија за вегета како бренд.“

И Петар Грашо во оваа прилика беше поприлично емотивен, односно се присети како Вегета го пратела низ целиот живот во неговиот семеен дом: „Иако во последно време , поради многубројните обврски немам време за готвење како порано, кога и да сум во можност, ја користам Вегета како сигурен пат до омилениот вкус и затоа ми е посебно драго што и во иднина ќе ги здружиме силите и заедно ќе работиме на проекти“.

Креаторите на 60-те најдобри дизајнирани етиекти ќе бидат посебно наградени, а сите пристигнати предлог дизајни ќе бидат испечатени на стакленката и ќе бидат во продажба оваа есен на пазарите на кои се одвиваше роденденската кампања.

Листата на добитници можете да ја погледнете на: 60godini.vegeta.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер