АвтомобилизамМеѓу петте најпродавани автомобили има два јапонски, два германски и еден американски моделСпоред „Автомагазин“, „хонда цивик“ успешно ги освојува купувачите во светот од 1972 година. Познат е како економичен, сигурен и пријатен за возење, а се нуди во многу верзии - од основните градски модели до спортските „тип Р“. Со продажба поголема од 24 милиони примероци „цивик“ се смета за еден од класичните модели во автомобилската индустрија. Со тоа го зазема петтото место на најпродаван автомобил во светот од Јапонија Четвртото место му припадна на „фолксваген буба“ - Германија (Volkswagen Beetle). Возилото е икона меѓу класичните автомобили. Од почетокот на производството во 1938 до крајот на 2003 година се произведени 21,5 милион примероци. Со едноставна технологија, издржливост и препознатлив облик „бубата“ стана светски култен автомобил кој и ден-денес освојува симпатии кај љубителите на класичните возила. Едно место подолу е за „фолксваген голф“ - Германија (Volkswagen Golf). Голфот се појави на патиштата во 1974 година како наследник на легендарната „буба“. Со разновидност, широк избор на верзии и континуирани технолошки подобрувања стана мерило во европската компактна класа. До денес се продадени над 35 милиони примероци. На второ место се најде „форд Ф-серија“ - САД (Ford F-Series). Овој модел доминира на американскиот пазар од 1948 година. Станува збор за серија лесни камионети и пикап-возила, каде што моделот „Ф-150“ стана симбол на американскиот начин на живеење. Со продажба од над 40 милиони примероци ова е најпродаваното возило во САД и еден од најголемите светски успеси. Шампионското место ѝ припадна на „тојота корола“ - Јапонија (Toyota Corolla). Автомобилот е продаван во повеќе од 50 милиони примероци од 1966 година. Синоним за практичност, лесно одржување и издржливост - „королата“ е светски рекордер по продажба и е омилен избор на милиони возачи во светот. Тагови: најпродавани автомобили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина6 август еден од најстрашнитеденови во историјата, фрлена атомска бомба на ХирошимаАмериканските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. Утрото на 6 август 1945 година во Хирошима започнува ведро и топло. Луѓето одат на работа, учениците се собираат за своите дневни обврски, продавниците се отвораат, а трамваите се движат низ градот. Војната трае речиси шест години, но Хирошима дотогаш е поштедена од масовните воздушни напади што веќе уништиле многу други јапонски градови. Во 8 часот и 15 минути, над градот се појавува бела светлина посилна од сè што човечкото око дотогаш го видело. Американскиот бомбардер Б-29 „Енола Геј“ ја фрла ураниумската атомска бомба со кодно име „Little Boy“. Четириесет и три секунди подоцна таа експлодира на височина од околу 600 метри над центарот на Хирошима. Американските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. Тој ден, светот се запозна со нуклеарното војување. Наредбата беше издадена од американскиот претседател Хари С. Труман откако доби вест дека првата нуклеарна бомба е успешно тестирана на локацијата „Тринити“. Соединетите Држави развиваа нуклеарна технологија уште од 1942 година, а многумина во военото раководство сакаа да видат што може да постигне такво оружје. Бомбата првично беше наменета за Хитлерова Германија, но војната во Европа заврши пред таа да може да биде тестирана. Сега, остануваше само Јапонија. Јапонската војска водеше крвава битка за секој остров, секоја база и секој километар. Сепак, до летото 1945 година, беше јасно дека тие ќе загубат. Постапувајќи според наредбите на Труман, американскиот бомбардер Б-29 наречен „Енола Геј“ (Enola Gay) на 6 август фрли нуклеарна бомба што содржеше 60 килограми ураниум, од височина од 9.400 метри. Таа го носеше името „Мало момче“ (Little Boy). Во првичните секунди загинаа меѓу 70.000 и 80.000 луѓе, а во месеците што следеа, бројот на жртвите се искачи на 140.000 поради последиците од зрачењето. Преживеаните се преселија во областите околу градот. Бомбата беше фрлена како демонстрација на сила и предупредување до Советскиот Сојуз – со кој САД влегуваа во нов конфликт – додека како оправдување беше наведена битката за Окинава, во која животот го загубија повеќе од 100.000 јапонски војници, околу 150.000 цивили и 12.000 американски војници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 августАнализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. Ова во емисијата вести плус на Канал 5 го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. За регистрираните случаи со западнонилска треска годинава тој посочи дека најмногу се од скопскиот регион и од Велес, посочувајќи дека околу живеалиштата на заболените се спроведени вонредни прскања против комарци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос во Белата куќа: Судир меѓу Трамп и Хегсет Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран.Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот. Според весникот, за време на состанокот на кабинетот, Трамп побарал објаснување од Хегсет бидејќи, како што навел, проблемот со залихите на муниција не бил решен, иако тој бил убеден дека е. Извори тврдат дека недостигот е особено изразен кај наведуваните ракети со голем дострел и ракетите за противвоздушна одбрана, поради што Трамп во последните денови се откажал од нови големи воени напади врз Иран. Според весникот, за време на разговорот, Хегсет ја префрлил одговорноста за состојбата со залихите на својот заменик Стивен Фајнберг, тврдејќи дека претседателот не бил целосно информиран за обемот на проблемот. Весникот од Вашингтон наведува дека овој разговор дополнително укажал на растечкото незадоволство на Трамп од работата на министерот за одбрана, кој е еден од најгласните застапници за воена акција против Иран и кој, според неколку официјални лица, го уверувал претседателот дека конфликтот ќе биде краток и релативно лесен. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, ги отфрли наводите на весникот, нарекувајќи ја приказната „целосно измислена“ и истакна дека Трамп има „целосна доверба“ во Хегсет. Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, исто така ги негираше тврдењата дека Хегсет го довел претседателот во заблуда или ја префрлил вината врз својот заменик, нарекувајќи го извештајот неточен.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook