Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа
2Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа
МакедонијаМеѓаши: Преку кампањата „Нема туѓо дете“ со родителите заедно градиме безбедна училишна срединаКампањата „Нема туѓо дете“ започна како одговор на сè почестите проблеми со кои се соочуваат децата во училиштата – од емоционална запоставеност, преку врсничко насилство, до сериозни психолошки состојби. Оваа кампања се спроведува во рамките на проектот за Промоција на безбедна училишна средина, кој го реализира Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, СмартАп – Лабораторија за социјални иновации и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), со поддршка од Детската фондација Песталоци. Фокусот на кампањата е едноставен, но суштински: да потсетиме дека секое дете е нечие дете и дека „нема туѓо дете“ кога станува збор за заштита, поддршка и љубов. Целта е да се охрабри заедницата, особено родителите и наставниците да препознаат кога на детето му е потребна помош и да знаат како да реагираат. Податоците што ги сподели „Ало Бушавко“, телефонската линија на Меѓаши, ја покажуваат сериозноста на ситуацијата. Во 2024 година, речиси три четвртини од сите дојави се однесувале на ментални проблеми. Тие најчесто се стравови, анксиозност, потешкотии со контролирање на гневот и длабока загриженост за себе. Проблематичните семејни односи, разводите, недостигот од контакт со еден од родителите и тензичната училишна атмосфера често стојат зад овие емоционални тешкотии. Во текот на минатата година, особено загрижувачки беше порастот на случаи поврзани со самоубиствени мисли и обиди. Иако бројот на ваквите дојави не е висок, нивното зголемување укажува на сериозна потреба за системска, долгорочна интервенција. Имајќи ја предвид својата клучна улога во обезбедување поддршка за децата, „Ало Бушавко“, телефонската линија на Меѓаши, е активен член на Child Helpline International и моментално е во процес на хармонизација со ЕУ стандардот 116 111. Оваа усогласеност има за цел да обезбеди поефикасна, достапна и унифицирана поддршка за децата, особено во контекст на предизвиците што ги носи дигиталната ера. Со „Нема туѓо дете“, партнерите на проектот се фокусираат на конкретни активности: од едукативни работилници и онлајн обуки за родители и наставници, до дистрибуција на материјали кои го олеснуваат препознавањето на психолошка криза и насилство кај децата. Освен тоа, се работи и на тоа училиштата да станат безбедни, отворени и инклузивни средини каде што секое дете се чувствува прифатено. „Поддршката на децата не е индивидуална, туку колективна одговорност. И навистина, кога еден ученик се повлекува, страда или повикува на помош, тоа е повик до сите нас“. – изјавија од Меѓаши. Првата детска амбасада во светот – МеѓашиТагови: Меѓаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!Не се согласуваме и сметаме дека е штетна за граѓаните идејата за задолжително масовно воведување на паметни броила кај сите домаќинства.Реагираме уште во зародиш на ваквата идеја, бидејќи е извесно дека трошокот за набавка, инсталација, одржување и управување со системот на крајот ќе падне на товар на граѓаните, без оглед дали ќе се наплатува преку сметките за електрична енергија, преку мрежарина или преку буџетски средства обезбедени од даноците на граѓаните. Законот за енергетика веќе го регулира прашањето кога не е извршено мерење на потрошената електрична енергија. Член 185 став (2) предвидува фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка и задолжително усогласување со реалната потрошувачка преку коригирана фактура во тромесечје. Тоа значи дека за најголемиот дел од домаќинствата не е потребна скапа и задолжителна замена на постојните броила за да се обезбедат точни и коректни сметки. Потребно е доследно почитување на законот и редовно мерење на потрошувачката. Паметните броила имаат оправдана примена кај просјумери, производители на електрична енергија, батериски системи и граѓански енергетски заедници. Тие што имаат потреба од таква функционалност можат да ги инсталираат на сопствен трошок. Не постои оправдување целиот товар од една ваква инвестиција да се префрли врз сите домаќинства во државата. Прво да се почитува законот. Потоа да се бараат нови трошоци од граѓаните. ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТагови: ИНРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапаСкопје денеска пулсира во ритамот на 22. Виз Ер Скопски маратон, кој годинава обедини повеќе од 15.000 учесници од 63 земји од целиот свет.Стартот на маратонот го означи министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, испраќајќи порака дека спортот ги поврзува луѓето, ги надминува границите и создава позитивна енергија која се пренесува низ целиот град. „Скопскиот маратон е голем спортски настан кој го става Скопје и Македонија на светската спортска мапа. Илјадниците учесници од десетици земји денеска испраќаат силна порака дека спортот обединува, мотивира и инспирира. Како Министерство за спорт, заедно со Владата, остануваме силен партнер на спортот и на настаните кои го промовираат активниот и здрав начин на живот и ја афирмираат нашата држава. Затоа и годинава стоиме зад Скопскиот маратон и ќе продолжиме да поддржуваме настани кои носат спортска енергија, ги мотивираат граѓаните да бидат активни и го промовираат Скопје пред светот“ - истакна министерот за спорт. Ристовски упати честитки до сите учесници, организаторите, волонтерите и сите кои придонесуваат Скопскиот маратон да прерасне во препознатлив меѓународен спортски настан. „За секој што денеска е на патеката, најважен е сопствениот предизвик. Трчајте со срце, уживајте во трката и бидете горди што сте дел од оваа голема спортска приказна“ - порача Ристовски. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските настани кои придонесуваат за развојот на спортот, промоција на активниот живот и меѓународна афирмација на Македонија. На годинешното 22.издание на Скопскиот маратон се трчаат четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка. Со почит, Министерство за спортТагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?Средбата ја нарекува клучна. Пораките за уставните измени не му се допаѓаат. Фон дер Лајен кажа јасно: на маса стои промената на Уставот. И нагласи: Европа ве чека со вашиот идентитет и со вашиот јазик. Тоа е истата реченица што Мицкоски ја продаваше како предавство. Никогаш Северна. Укинување на Преспанскиот договор. Враќање на името. Па Преспанскиот договор стана ремек-дело. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа. Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен. Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Не затоа што некој го чепка македонскиот идентитет. Затоа што чекорот остана ист: Основи, реформи, обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. Мицкоски тоа не го сака. Затоа „разговараме, не преговараме“. Затоа вината пак ја насочува кај претходните. Две и пол години ветуваше подобри услови. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова рамка. СДСМ го зборуваше ова пред изборите. Сега му го кажа и Фон дер Лајен во лице. Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува. Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој - арамијата Мицкоски. Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ. Нема повеќе предавниции. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес. И што ќе прави сега Мицкоски? Избори? За да избега од следниот чекор? Некој од Спутниците да му фрли ракавица? Да го предизвика, па повторно нови ветувања? Нови лаги? Вистината дојде. Правдата наскоро. Власта повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата. Правдата мора да биде задоволена. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook