3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
ТехнологијаМегапроект од 20 милијарди евра во срцето на Европа, не се сите задоволниМегапроект од 20 милијарди евра во срцето на Европа, не се сите задоволни: „Многу паметни луѓе ќе си го губат времето“.Научниците од Церн, најголемата научна лабораторија во светот и дом на Големиот хадронски судирач во близина на Женева, продолжуваат со плановите за нов акцелератор на честички Future Circular Collider (FCC) кој би бил најмалку три пати поголем од постоечкиот забрзувач на честички. Големиот хадронски судирач, изграден во тунел долг 27 километри, е дизајниран да судира протони и други субатомски честички со брзина блиска до брзината на светлината за да ги рекреира условите што постоеле неколку секунди по големата експлозија. олемиот хадронски судирач беше искористен за откривање на Хигсовиот бозон во 2012 година, подвиг што беше награден со Нобеловата награда за физика. Но, од откривањето на Хигсовиот бозон, судирот не откри значајни новости кои би можеле да расветлат некои од најдлабоките мистерии на универзумот, како што се природата на темната материја или темната енергија, зошто материјата доминира над антиматеријата и дали реалноста е проткаена со дополнителни скриени димензии. Церн подготви планови за нова машина Future Circular Collider (иден кружен судирач) (FCC) во 2019 година. Машината вредна 20 милијарди евра би имала опсег од 91 километар и би имала цел да разбие субатомски честици при максимална енергија од 100 тераелетронволти (ТеВ). Големиот хадронски судирач достигнува максимална енергија од 14TeV, пишува Гардијан. Сепак, предлогот наиде на критики. Сер Дејвид Кинг, поранешен главен научен советник на британската влада, изјави за Би-Би-Си дека трошењето милијарди на нова машина би било несовесно во време кога светот се соочува со сериозни закани од климатската криза. Одборот на Церн во петокот разговараше за преглед на физибилити студија за FCC. Доколку се остварат плановите, научниците се надеваат дека машината ќе биде изградена и подготвена за работа во 2040 година, кога LHC ќе заврши со работа. Професорката Фабиола Џаноти, главна директорка на Церн, рече: „Доколку се одобри, FCC би бил најмоќниот микроскоп некогаш направен за проучување на законите на природата со цел да се решат некои од отворените прашања во денешната физика и нашето разбирање на универзумот. FCC треба да биде побрз, посилен и поголем од Големиот хадронски судирач, истакнуваат научниците. Исто така, треба да биде двојно подлабоко под земја од Големиот хадронски судирач. Некои физичари, од друга страна, стравуваат дека тоа е губење време. „Се плашам дека финансирањето на таков експеримент ќе значи дека многу паметни луѓе ќе го трошат своето време на истражување што нема да доведе до напредок. LHC имаше добра мотивација. FCC не. Физичарите за честички мора да прифатат дека нивното време поминало. Ова е доба на квантната физика“, рече д-р Сабине Хосенфелдер од Центарот за математичка филозофија во Минхен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - МенеменВо среда (14.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Изет Цури.Состојки за денешниот рецепт: 3 домати 3 пиперки 1 главица кромид 4 јајца масло сол, бибер и др.зачини по избор Прилог 2 парчиња сирење 3 парчиња потпечен леб Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter