Меган заигра во Африка : Јас сум ви сестра , жена со друга боја на кожата ! (ВИДЕО) - Канал 5

Меган заигра во Африка : Јас сум ви сестра , жена со друга боја на кожата ! (ВИДЕО)

Британскиот принц Хари , неговата сопруга Меган Маркл и четиримесечниот син Арчи ја почнаа вчера турнејата низ Африка , која почна во Јужноафриканската Република.

Меган заигра во Африка : Јас сум ви сестра , жена со друга боја на кожата ! (ВИДЕО)

Турнејата низ Африка е првата голема турнеја на семејството на принцот Хари заедно со малиот Арчи. Голем број обожуватели на кралското семејство се собраа уште на аеродромот за да ги пречекаат гостите од Британија.

Кралската двојка отпатувала во Африка во придружба на 13 лица, вклучувајќи дадилка и фризер, кои ги плаќаат приватно. Тие приватно плаќаат и за новата секретарка Фиона Мекилхам, која патува за подобро да се запознае со својата нова работа.

Во посета на општината Нјанга, поранешната актерка Меган Маркл одржа говор за насилството врз жените.

- Сакам да истакнам една важна работа, додека сум тука, со мојот сопруг, како член на кралското семејство. Сакам да кажам дека дојдов овде како мајка, сопруга, жена, како жена со различна боја на кожа и како ваша сестра , рече војвотката, чија изјава наиде на овации кај насобраните.

„Јас сум тука за вас “, рече таа.

Меган и Хари, меѓу другите, го посетија Министерството за правда, кое му помага на локалното население да ги оствари своите основни човекови права. Тие исто така присуствуваа на состанокот на Програмата за зајакнување на девојчињата Мбокодо, која нуди обука за самоодбрана за девојчиња кои доживеале траума. Во оваа прилика, Меган покажа завидно познавање на танцот , па заигра со девојките.

YouTube video

По тридневната посета на Кејптаун, Хари ќе отпатува самостојно во Боцвана, Ангола и Малави, засадувајќи дрвја во природен резерват, учествувајќи во вежба против ловокрадство и во посета на пациенти болни од СИДА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија како карта за доаѓање на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

СДС и Венко Филипче, наместо на гласот на граѓаните, повторно се потпираат на туѓите интереси, на штета на македонските, како карта за доаѓање на власт.

Па така, Филипче во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, договара ново предавство на Македонија, мислејќи дека така, по примерот на неговиот ментор Зоран Заев, ќе дојде на власт.

Разлика меѓу ставот на официјална Софија и Венко Филипче, не може да се најде. Тие се на иста линија дека за отворање на преговорите со ЕУ и продолжување на евроинтегративниот процес потребно е прво да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Со тоа, Филипче отворено им кажува на граѓаните дека нашиот пат на отворање на преговорите со Европската унија и продолжувањето на процесот со отворањето на поглавјата не треба да биде преку спроведувањето реформи и исполнување на Копенхашките критериуми како за секоја држава, туку со нови отстапки.

Венко Филипче е за нови национални и идентитетски отстапки, ново предавство, ново погазување на достоинството на граѓаните, удоволување на Бугарите како услов за влез во ЕУ, наместо работење дома и исполнување на Реформската агенда.

По примерот на Заев, кој потпиша бланко бел лист хартија, се откажа од Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методиј и многу други, сега Филипче и СДС се спремни да се откажат од се за да ум угодат на бугарските политичари кои ги уценуваат.

Затоа што, само уценет и компромитиран политичар може да постапува така што постапува Венко Филипче и да прифати капитулација на сопствена држава.

Ние заедно со граѓаните им порачуваме дека европскиот пат на Македонија не смее да се сведе на нови отстапки и прифаќање на услови што отвораат сериозни прашања за заштитата на македонскиот идентитет, достоинство и национални интереси.

Членството во ЕУ треба да биде резултат на вистински реформи, владеење на правото, функционални институции и исполнување на европските стандарди, а не на политички договори на штета на државните интереси.

Македонија заслужува европска иднина и таа иднина мора да се гради врз принципи на еднаквост, почитување и јасни критериуми, а не врз постојани нови условувања и отстапки.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

Агенција платена 400.000 евра да направи истражување. 

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

Прво објавија рејтинг од 19,3 проценти за ВМРО-ОКГ.

Од околу 32 проценти на изборите, сега на 19%. Тоа е падод преку 40 проценти на довербата од сопствените гласачи.

Не ги објавија точните бројки за СДСМ. Морале да штелуваат. Не ги објавија затоа што СДСМ ја враќа довербата на народот.

Народот ги виде сите лаги пласирани и преку медиумите Орбан-Вучиќ што со години ги носеа. Трета економија во Европа. Први во туризам. Лидери во авиосообраќај. Пензии 16 пати поголеми.

Потоа друга анкета. Од истата агенција дека 57,5 проценти од граѓаните биле задоволни од квалитетот на живот. Прославата на 35 години независност, 41,2 проценти имале позитивен став.

Значи народот бил задоволен што за Гета платиле 5,53 милиони евра.

Тоа е доказот за добар живот? Нема пари за земјоделците. Нема пари за студентите. Нема за работниците. Има за Гета и за провизија.

Луѓето немаат пари. Владата не дава минимална плата од 600 евра. Арамијата најавува просек од 1.000 евра. Сè бајки.

Две минимални не ја покриваат ниту скратената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000 денари. Горивото е до плафон и македонските граѓаните можат најмалку да купат од целиот регион.

Втор ребаланс за четири месеци се прави, трет во најава затоа што има огромна дупка во буџетот.

За пензии фалат околу една милијарда евра. Вториот пензиски столб е пред национализација. Во буџетот фалат 900 милиони евра. Долгот е зголемен за околу 4 милијарди за две години. Нови 250 милиони задолжувања за до крајот на годината. Тоа е релноста.

Во истата анкета, прашање за кампањата по рецепт на Ванчо Михајлов - “талог”. Прашуваат дали на народот му се допаѓа што го викаат талог. Анкетата вели 41 процент од граѓаните сакаат да ги викаат талог.

Дали некој некогаш видел ваква анкета?

Прво призна пад од 40%. Потоа рекоа дека народот сака да плаќа за Гета и провизија на арамијата. На крај дека народот сака да го викаат талог.

Мицкоски и бандата повеќе не знаат што прават.

Економијата е во колапс. Од ходник дипломатија - земја е изолирана. Целосно незадоволство кај народот.

Нека граѓаните сами ја оценат оваа анкета.

Мицкоски го поддржа Орбан за изборите. И неговиот ментор исто така објавуваше анкети. Видовме како помина.

СДСМ ја враќа довербата. Власта ќе се врати во рацете на народот. А бандата ќе одговара пред независно судство и, најбитно, пред европско обвинителство. Пред Лаура Ковеши.

Скопје, 12.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдромот на недостиг на внимание и хиперактивност е поврзан со низа дигестивни проблеми

 Анализирани податоци од речиси 2 милиони лица

 Синдромот на недостиг на внимание и хиперактивност е поврзан со низа дигестивни проблеми

Луѓето со АДХД (ADHD) имаат значително поголем ризик од развој на дигестивни проблеми, покажува една голема нова студија. АДХД, или нарушување на вниманието со хиперактивност, е невролошко нарушување кое се карактеризира со тешкотии при одржување на вниманието и тешкотии при контрола на импулсите или хиперактивност. Се проценува дека ова нарушување погодува околу пет проценти од децата и до четири проценти од возрасните ширум светот, при што бројот на дијагнози забележително расте во последните децении, пренесува „Science Alert“.

Во досега најсеопфатна студија, научници од Медицинскиот факултет во Ворвик спровеле систематски преглед и мета-анализа. Тие анализирале податоци од повеќе од 20 студии спроведени ширум светот, опфаќајќи вкупно речиси два милиони луѓе.

Еден од авторите на студијата, Сара Блејк, објаснува дека речиси секој анализиран дигестивен симптом – од запек и синдром на нервозни црева до лошо варење – се покажал поврзан со АДХД.

Застапеноста на дигестивни проблеми

Анализата покажала дека дијагнозата АДХД генерално е поврзана со 48 % поголема веројатност за појава на дигестивни симптоми во споредба со лицата кои го немаат ова нарушување. Истражувачите исто така ги пресметале ризиците за специфични состојби.

На пример, луѓето со АДХД имаат 52% поголема веројатност за диспепсија (лошо варење) и 58% поголема веројатност за синдром на нервозни црева (IBS). Ризикот од болки во стомакот се зголемува за 88 %, додека веројатноста за запек е речиси двојно поголема, односно се зголемува за 97%. Веројатноста за појава на дијареја е поголема за 118 % – што е повеќе од двојно.

Највпечатливиот податок се однесува на енкопрезата, односно губењето на контролата врз празнењето на цревата. Кај лицата со АДХД, овој проблем е 332 % почест, што значи дека се јавува повеќе од четири пати почесто. Генерално, ризикот од неодредени гастроинтестинални тегоби е поголем за 82%.

Можни објаснувања

Научниците наведуваат неколку можни објаснувања за оваа поврзаност. Карактеристиките поврзани со АДХД (ADHD), како што е засилената реакција на стрес, можат да ја зголемат осетливоста на дигестивниот систем. Покрај тоа, импулсивните навики во исхраната и нередовните оброци се чести кај луѓето со АДХД; таквите навики се независно поврзани со лошо варење, надуеност и запек.

Постои и врска помеѓу однесувањето, исхраната и цревните микробиоми. Импулсивноста е поврзана со изменет микробиом, делумно поради изборот на храна – на пример, изборот на зашеќерени пијалаци наместо храна богата со влакна. Разликите во сензорната обработка исто така можат да доведат до полоша исхрана, што влијае на функцијата на цревата.

Лековите што се користат за третман на АДХД исто така можат да придонесат за дигестивни проблеми. Понатаму, нарушувањата на сонот – кои се чести кај оваа состојба – можат да влијаат на подвижноста на цревата и на имунолошкиот одговор.

Улогата на оската црева-мозок

Овие наоди се во согласност со претходните истражувања што поврзуваат други невроразвојни нарушувања со дигестивни проблеми. Врската помеѓу цревата и мозокот – таканаречената оска црева-мозок – се покажува како многу посложена отколку што се сметаше претходно.

На оваа врска силно влијае вагусниот нерв, најдолгиот кранијален нерв, кој функционира како клучен пат за двонасочна комуникација во телото. На неговата функција директно влијаат хемиските супстанци произведени од цревните микроби, а неговата активност влијае на воспалителните процеси во дигестивниот систем. Затоа, нарушувањето на цревната флора, односно дисбиозата, кај луѓето со АДХД би можело да доведе до зголемено воспаление и симптоми забележани во студијата.

Препораки и идни чекори

Идните истражувања би можеле да се фокусираат на биолошките механизми што стојат зад промените во микробиомот. Исто така, неопходно е да се утврди дали постои причинско-последична врска, односно дали дигестивните проблеми му претходат на дијагностицирањето на АДХД или се негова последица.

Саран Шантикумар, водечкиот автор на студијата, истакнува дека лекарите треба редовно да ги прашуваат пациентите со АДХД за дигестивните симптоми за да не се занемарат овие проблеми. Сепак, таа претпазливо заклучува: „Сè уште не можеме да тврдиме дека АДХД ги предизвикува овие проблеми со цревата, ниту пак точно знаеме што ја поттикнува таа врска. Но, образецот е доволно јасен и заслужува понатамошно внимание“.

Истражувањето е објавено во списанието „Journal of Attention Disorders“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер