Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

Одличниот Ѓоковиќ лесно помина во третото коло на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3. коло на Ролан Гарос откако го совлада Роберто Карбаљес-Баена со 6:4, 6:1, 6:2.

Српскиот тенисер бавно го започна мечот, но во последните два сета одигра фантастично и го разби Шпанецот кој повеќе немаше никакви шанси.

Карбаљес-Баена добро се држеше во првиот сет, но кога Ѓоковиќ водеше со 5:4, го загуби својот сервис, што го одреди остатокот од мечот. Србинот сѐ повеќе го подигнуваше нивото на својата игра, што Шпанецот не можеше да го следи и прашање беше само колку гема ќе му одземе на Карбаљес-Баена до крајот.

За влез во 4.коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од мечот Монфис - Музети што се игра подоцна вечерва.

Таравари: Ако граѓаните треба да гласаат по втор пат за неполна година, останувам градоначалник

Доколку треба да се оди на предвремени избори за градоначалник нема да ја прифатам министерската функција и не би било праведно кон граѓаните повторно да одат на избори.

Доколку треба да се оди на предвремени избори за градоначалник нема да ја прифатам министерската функција и не би било праведно кон граѓаните повторно да одат на избори, изјави гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на прашањето што го спречува да влезе во идниот владин кабинет.

- Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука. Единствената причина што ме колеба е таа дека не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година двапати да излезат да гласаат, изјави Таравари по средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Таравари појасни дека сè уште нема донесено дефинитивна одлука и дека тоа би го кажал во понеделник.

Доколку стане министер, напомена дека би требало да го замени еден од советниците во општината, но смета дека претседавачот на Советот, Ваљбон Лимани е добро решение за да продолжи.

Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Чаир

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од скопските општини Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Чаир, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Во периодот од 11 до 13 часот, струја ќе немаат корисниците од булеварот „Партизански одреди“ број 93 влез 4 во општина Карпош.

Дел од улицата „Дарвинска“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода, ќе нема струја од девет до 14 часот.

Во општина Чаир, струја ќе немаат од 8.30 до 13 часот - улицата „Славеј Планина“, дел од „Прохор Пчински“ кон џамијата, дел од „Пластичарска“, објектите околу „Мармарис“, „Топанска“ и објектите околу Теќето.

Од девет до 15 часот - дел од корисниците на улицата „103“, од кружен тек Волково кон црквата во општина Ѓорче Петров.

притисни ентер