Меган Маркл открива што во моментов ја мачи нејзината ќеркичка Лилибет (ВИДЕО) - Канал 5

Меган Маркл открива што во моментов ја мачи нејзината ќеркичка Лилибет (ВИДЕО)

Меган Маркл ќе се појави во шоуто на Елен Деџенерис, а американските медиуми пренесуваат дека Маркл, меѓу другото, за време на гостувањето открила вести за нејзината ќерка Лилибет.

Меган Маркл открива што во моментов ја мачи нејзината ќеркичка Лилибет (ВИДЕО)

Меган и Елен спомнале дека на девојчето моментално и никнуваат првите заби.

„Било што, тоа би ублажило...“, рече Меган на шега со рацете преку устата.

„Текила, било што“, се пошегува Елен.

„Тоа е за тебе, тетка Елен“, ѝ рече Меган со насмевка.

„Затоа немам деца“, одговорила водителката.

Една од најавите ја покажува и Елен, која е соседка на Меган и принцот Хари во Монтесито, како ја прашува Меган што сака принцот Хари во Калифорнија, каде што семејството се преселило минатата година.

„Среќни сме овде“, одговара Маркл.

Во претходната најава за интервјуто, Меган се потсетила на својот живот пред да се омажи за принцот Хари.

Меган Маркл не дава често интервјуа и внимателно избира кому да ги даде. Сепак, таа се приклучи и на онлајн самитот на Њујорк Тајмс во вторникот, каде што зборувала за нејзиниот живот, нејзините постапки и нејзиното семејство. Војвотката се осврнала на нејзиниот неодамнешен ангажман околу платеното семејно отсуство, кое сè уште не постои во Соединетите држави, а за кое многу коментатори тврдеа дека е во конфликт со политиката на кралското семејство да не се меша во политиката.

„Искрено, јас не го гледам ова како политичко прашање. Видете, сигурно постои преседан во семејството на мојот сопруг и кралското семејство да не се занимава со политика, но платеното отсуство од моја гледна точка е хуманитарно прашање“, рече таа..

„Мојот сопруг секогаш велеше „Со големата привилегија доаѓа и голема одговорност“, но дури и пред да имам некоја привилегија во мојот живот, кога мојот живот и мојот начин на живот беа многу различни, јас секогаш се залагав за она што е точно“.

Таа за прв пат проговори и за тужбата против британски Дејли Мејл. Меган го тужела британскиот таблоид за нарушување на приватноста со објавување на приватно писмо што го испратила до нејзиниот татко Томас Маркл, и беше пресудено во нејзина корист.

„Што се однесува до жалбата, ја добив, и ова прашање трае уште пред да ги добијам децата. Тоа беше макотрпен процес, но повторно, тоа е само залагање за она што е правилно, што мислам дека е важно во целост, било во овој случај или за други работи за кои разговаравме денес “, рече таа. „Во одреден момент, без разлика колку е тешко, ако ја знаете разликата помеѓу доброто и погрешното, треба да се залагате за она што е правилно, а тоа е она што јас го правам“, заклучила Меган.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер