Меган и Хари на црвениот тепих- сите гледаа во нејзиното деколте (ВИДЕО) - Канал 5

Меган и Хари на црвениот тепих- сите гледаа во нејзиното деколте (ВИДЕО)

Принцот Хари и Меган Маркл се појавија вчеравечер на гала церемонијата „Поздрав на слободата“ во Њујорк, каде што привлекоа внимание на црвениот тепих.

Меган и Хари на црвениот тепих- сите гледаа во нејзиното деколте (ВИДЕО)

Настанот, на кој присуствуваа и многу други познати личности од светот на познатите, како Џон Бон Џови, им оддаваа почит на воените ветерани, а се одржа во музејот Intrepid.

Меган облекла темноцрвена тоалета со длабоко деколте и тесен струк, со потпис на Каролина Херера и го искомбинирала со сатенски штикли на Џузепе Заноти.

Хари се одлучи за едноставен црн смокинг и обајцата носеа закачени црвени цветови од афион за да го одбележат Денот на сеќавањето на 11 ноември.

Смелиот изглед на Меган за кратко време предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

„Меган му носи сексапил на кралското семејство, исто како што тоа го правеше Дијана во нејзиниот црн одмазднички фустан пред толку многу години!“

„Потрагата по „црвениот фустан“ експлодираше за 1328 отсто по појавувањето на Меган на Галата „Поздрав на слободата“.

„Таа изгледа прекрасно во тој фустан.

Сепак, некои напишаа дека сметаат дека фустанот не е соодветен за таков настан.

„Ова е фустан за Греми. Ако сака да ја има својата кралска титула, треба да се облекува како дел од кралското семејство или да очекува критика“.

„Убав фустан, но несоодветен.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер