Мега трансфер во НБА: Маверикс се откажаа од Лука Дончиќ, го испрати во Л.А. Лејкерс! - Канал 5

Мега трансфер во НБА: Маверикс се откажаа од Лука Дончиќ, го испрати во Л.А. Лејкерс!

 Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ЕСПН во неделата рано наутро објави дека тимовите завршиле со трејдот со кој Лука Дончиќ ќе биде испратен во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.

Мега трансфер во НБА: Маверикс се откажаа од Лука Дончиќ, го испрати во Л.А. Лејкерс!

Покрај трејдот во кој се вклучени двете ѕвезди, Лејкерси се согласија да ги добијат Макси Клебер и Маркиф Морис, додека Маверикс ќе го добијат Макс Кристи и пик од првата рунда на драфтот во 2029 година, според извештајот.

ЕСПН објави дека Јута Џез, исто така, се вклучени во трејдот и ќе добијат Џејлен Худ-Шифин и два пика од втората рунда на овогодинешниот драфт.

Дончиќ (25) брзо стана еден од најпродуктивните играчи во НБА од неговото доаѓање во 2018 година. Словенецот имаше просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции во 22 натпревари (сите стартови) сезонава, но на натпреварот помеѓу Далас и Минесота на крајот на декември се повреди и се уште не се вратил на теренот.

Дејвис (31) девет пати беше селектиран во Ол-стар тимот, а оваа сезона во 42 натпревари (сите стартови) има просек од 25,7 поени, 11,9 скока, 3,4 асистенции и 2,1 блокади. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возете внимателно, Safe City профункционира и во околината на Охрид

СВР Охрид ја известува јавноста, посебно возачите на моторни возила дека од денеска, современиот систем за сообраќаен надзор „Безбеден град“ (Safe City), кој, официјално стартуваше од 01.02.2026, постепено се воведува и на подрачјето на СВР Охрид.

Возете внимателно, Safe City профункционира и во околината на Охрид

Денеска, по извршеното финално тестирање, стручни екипи ги ставија во функција безбедносни камери на автопатската делница кај Ново село, општина Дебрца. Во наредниов период, се очекува проектот „Безбеден град“ да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, на останатите пофрекфентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Уредите се поставени, тие си уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на завршна техничка проверка и тестирање. Системот „Безбеден град“, ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на прекршоци во сообраќајот, ќе значи зголемување на сообраќајната дисциплина и значително повисок степен на безбедноста во сообраќајот.

Апелираме, возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи а посебно да внимаваат на дозволената брзина на движење која, на оваа автопатска делница изнесува 100 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малата Ана се избори со најтешката болест- победничкото ѕвонче повторно заѕвони (ВИДЕО)

Нова радосна вест од Универзитетската клиника за детски болести.

Малата Ана се избори со најтешката болест- победничкото ѕвонче повторно заѕвони (ВИДЕО)

Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја помина и ја освои една од најтешките битки.

Секое ѕвонење е победа на детската храброст, на семејната љубов и на посветеноста на здравствените работници.

На Ана ѝ посакуваме многу здравје, среќа, насмевки и безгрижно детство.

Браво, Ана! Твојата победа денес е радост за сите нас, објавија на ФБ од Министерството за здравство.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку ќе заработи БиХ со пласманот во нокаут- фазата на СП?

Босна и Херцеговина го победи Катар со 3:1 во 3. коло од Групата Б на Светското првенство, го освои третото место во групата и со тоа се пласираше во нокаут фазата. 

Колку ќе заработи БиХ со пласманот во нокаут- фазата на СП?

Домаќинот САД ги чека таму на 2 јули во 14 часот по наше време. Победата за историски успех, првиот премин во елиминациската фаза на Светското првенство во историјата на националниот тим, беше брилијантно платена од БиХ.

ФИФА дава премија од 11 милиони долари на секоја фудбалска асоцијација чија репрезентација ќе го освои 1/16 финалето на Светското првенство. Ова е дополнително на она што им е загарантирано на секој од 48-те учесници на Светското првенство само со доаѓањето на најголемото натпреварување. Значи, БиХ досега заработи 23,5 милиони долари на Светското првенство. Доколку тимот на Барбарез направи уште едно изненадување и го елиминира домаќинот на првенството во првата нокаут рунда, тој бонус од 11 милиони долари ќе се зголеми на 15 милиони долари, па нејзината вкупна заработка ќе биде 27,5 милиони долари.

Колку заработи Босна и Херцеговина на Светското првенство?

2,5 милиони долари однапред за трошоци за подготовка

10 милиони долари однапред како награда за пласман

11 милиони долари бонус за положување на групата

Вкупно: 23,5 милиони долари

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер