Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
1Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)
2Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)
СветМедведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судирПоранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во интервју за повеќе медиуми изјави дека светот станал многу опасно место, но оти Москва не сака глобален конфликт.- Ситуацијата е многу опасна. Изгледа се намалува прагот на болка. Не сме заинтересирани за глобален судир. Не сме луди. Но, не може да се исклучи глобален судир, наведе Медведев за ТАСС, рускиот воен блогер „ВарГонцо“ и Ројтерс. Според него, предлогот на европските сили за распоредување трупи од земјите на НАТО во Украина како дел од предложените безбедносни гаранции и евентуален мировен договор е неприфатлив за Москва. - За какви гаранции можеме да зборуваме ако странски контингент од непријателски земји на НАТО е стациониран на територијата на таква држава, посочи Медведев, додавајќи оти дека условите на Русија за завршување на конфликтот не се променети од 2024 година. Медведев истакна дека Русија не се бори против украинскиот народ и украинската држава, туку се спротивставува на антирускиот режим во Киев. - Никогаш не сме рекле, и секако, ова е апсолутно лажно, дека ова е конфликт со украинскиот народ или дури и со украинската држава. Со целата специфичност на оваа држава, која се појави како резултат на процесите на распадот на Советскиот Сојуз. Зборуваме за режимот што постои таму. Тој режим е антируски по природа. Користи цела низа неприфатливи фашистички модели за да создаде внатрешно единство. А овој режим се заснова на зоолошка омраза кон луѓето, кои не ја делат неговата идеологија. За стабилноста на меѓународните односи, исклучително е важно овој политички режим, нагласувам не државата, туку политичкиот режим што моментално постои во Украина, дури ни персонифициран од никого, едноставно да исчезне, рече Медведев. Тој одговарајќи на прашања за Венецуела и за Гренланд наведе дека сето тоа едноставно било „премногу“. Медведев, коментирајќи го приведувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро од страна на американските сили, потенцира дека ако некоја странска сили го „киднапирал“ Трамп, тоа за Вашингтон би било чин на војна. Поранешниот руски претседател ги негираше тврдењата на Трамп за руска и кинеска закана по Гренланд, како лажни „хорор приказни“ измислени од западните лидери за да ги оправдаат сопствените постапки. Медведев, според странските дипломати, е истакнат јастреб, познат по острите изјави кон Киев и западните сили и предупредувањата дека постои опасност од ескалација на војната до нуклеарна „апокалипса“. Руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година предизвика најголема конфронтација помеѓу Москва и Западот од завршувањето на Студената војна. Специјалните претставници на Трамп се обидуваат преку преговори да стават крај на руско-украинската војна. Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи. Strzelanina na rynku głównym w Krakowie 3 osoby nie żyją #rynek #krakow #poland https://t.co/m3KjcDvsrO — mat tam (@kitrvj) November 7, 2026 Strzelanina w Krakowie #kraków #krakow #strzelanina #rynek https://t.co/KSVCcuVgpH — mariiusz (@mariiusz251589) November 7, 2026 Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци. Strzelanina w Krakowie #Krakow https://t.co/KEE4p2CKE4 — Sjuras (@Sjuras17514) November 7, 2026 W Krakowie ktoś strzelał do przypadkowych ludzi w centrum na rynku. 5 osób nie żyje, nie wiem ile rannych… 🤬🤬🤬🤬🤬🤬🤬 https://t.co/HEk2SneBV1 — Patryk 🇵🇱 (@Benchm4de) November 7, 2026 Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил. Film ze strzelaniny w krakowie #krakow #strzelanina https://t.co/allT7fJEve — jelenikon (@sbxusijf) November 7, 2026 BREAKING: Several killed and many wounded in suspected terror attacking at the main square in Krakow, Poland. A man in a black car drove across the square in black car, shooting from a rifle. https://t.co/c6uUoqR3Ar — Visegrád 24 (@visegrad24) November 7, 2026 Takie coś znalazłem co do strzelaniny w Krakowie #kraków #strzelanina https://t.co/FEbp3PjF5G — MilekER (@MilekkER) November 7, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОпозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата. Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама. Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани. Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози. Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите. Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата. Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија. „Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција размислува за создавање стратешки резерви на жито Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози. Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност. Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни. „Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.Тагови: жито Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28