СветМедведев: Русија може да употреби нуклеарно оружје ако „го загуби трпението“Москва засега покажува трпение, но тоа може да истече, предупреди Медведев на каналот Телеграм.Поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Москва може да употреби нуклеарно оружје доколку „го изгуби трпението“ и истакна дека никому не му треба нуклеарен конфликт бидејќи тоа е „многу лоша приказна со многу тежок исход“. - Русија не користи нуклеарно оружје како одговор на непријателските напади, бидејќи ја разбира опасноста и неповратноста од таков конфликт. Москва засега покажува трпение, но тоа може да истече, предупреди Медведев на каналот Телеграм. Тој истакна дека Москва покажува трпение со тоа што не го користи својот нуклеарен потенцијал за да одговори на активностите на Западот во украинскиот конфликт, вклучително и дозволата за изведување напади со прецизно оружје длабоко на руска територија, пренесува БТА. - Сепак, помпезните англосаксонски идиоти не сакаат да признаат едно: на секое трпение му доаѓа крајот, наведува Медведев. Тој заблежува дека би можело да се покаже дека се во право умерените западни аналитичари кои предупредуваат на можноста за нуклеарен одговор и дека „одговорот може да биде и употреба на нови ненуклеарни системи“. Медведев предупредува дека Русија може да го уништи украинскиот главен град Киев и со ненуклеарно оружје како одговор на украинската употреба на западни ракети со долг дострел. - Иако Москва има причини да користи нуклеарно оружје откако Украина влезе во Курската област, Русија наместо тоа може да употреби дел од своето ново оружје за да го претвори Киев во „џиновски лонец за топење“, вели Медведев./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook