Медведев: Русија има доволно оружје

Русија има доволно оружје, а на пат е и нова воена опрема, изјави денеска Дмитриј Медведев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, поранешен претседател на Русија и моментално заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.

Неодамна, да потсетиме, многу се шпекулираше за резервите на оружје на Русија, односно дали таа потрошила значителен дел од залихите оружје и муниција на боиштето во Украина. Медведев денеска на средба со претставници на руската воена индустрија рече дека „непријателите на Русија периодично тврдат дека ни недостига ова или она“.

„Морам да ги разочарам, доста ни е од сѐ“, рече тој, додавајќи дека „во тек е испораката на илјадници парчиња ново оружје и воена опрема“. „Воспоставивме добар ритам на испораки од почетокот на годината, сега треба да го одржиме“, додаде тој.

Ќерката на Лиза Мари Присли, требаше да одржи говор на комеморацијата во Мемфис

Ќерката на Лиза Присли не беше во состојба да зборува, нејзиниот сопруг прочита срцепарателна порака, на најтажниот ден за неа тие соопштија радосната вест (фото)

Рајли Кио, ќерката на Лиза Мари Присли, требаше да одржи говор на комеморацијата во Мемфис посветена на нејзината мајка која почина на 54-годишна возраст. Но таа немаше сила за тоа, па нејзината порака ја прочита нејзиниот сопруг Бен Смит-Петерсон, кој откри непознат детаљ од нивниот живот.

„Се надевам дека ќе можам да ја сакам мојата ќерка онака како што ти ме сакаше мене, како што ги сакаше мојот брат и сестри. Ти благодарам што ми даде сила, што ми го даде срцето, што ме научи на емпатија, на манири, на храброст, што ми ја даде смислата за хумор, темпераментот , мојата дива природа, упорноста... Јас сум производ на твоето срце, моите сестри, мојот брат се производ на твоето срце - изјави Смит Питерсон читајќи го говорот на својата сопруга, а пренесе „Пипл“.

Ќерката и зетот на Лиза Мари Присли со ова открија дека станале родители, а јавноста тоа не го знаеше.

Актерката Рајли Кио не откри кога се породила, ниту го откри името на ќерката, но за американскиот магазин „Пипл“ било потврдено дека девојчето се родило минатата година.

Лиза Присли ја доби ќерката Рајли со поранешниот сопруг Дени Кио. Во тој брак таа го доби и синот Бенџамин, кој изврши самоубиство во 2020 година. Пејачката беше погребана покрај нејзиниот син и нејзиниот татко, на имотот на славниот Елвис Присли во Мемфис.

Во бракот со Мајкл Локвуд, таа ги доби близначките Харпер и Финли, кои присуствуваа на комеморацијата. Лиза исто така беше во брак со Николас Кејџ и Мајкл Џексон.

Нејзиниот брак со Локвуд беше многу турбулентен, тие имаа судски спор поради парите. По нејзината смрт тој ќе се грижи за нивните ќерки.

Пејачката живеела со поранешниот сопруг Дени Кио, кој бил со неа кога на 12-ти јануари доживеала срцев удар во домот во Калифорнија. Таа била префрлена во болница, но набргу починала.

На комеморацијата на Лиза Присли, настапија Аланис Морисет, која ја изведе песната „Rest“, и Аклс Роуз кој ја отпеа „November rain“.

Снобизам и насилна комуникација меѓу децата

 Девојче од прво одделение го тераат да покаже дали нејзините „џорданки“ се оригинал, а момче од шесто одделение го нарекуваат „сиромашно“ затоа што не носи брендирана облека!

„Тоа не беше така во мое време“ реченица која често ја слушаме, а се однесува најчесто на периодот пред паметните телефони, пред брзиот безжичен интернет, пред Фејсбук, Инстаграм и останатите социјални мрежи. Значи, периодот од пред дваесет години кој денес делува како далечно минато.

Кога се во прашање денешните деца, секојдневно сме запрепастени слушајќи работи кои звучат нереално за некогашното поимање на реалноста.

На пример, пред некој ден, една другарка се пожали дека нејзиниот внук од брат кој е шесто одделение, децата на училиште го задевале дека е „сиромашен“.

Жената беше зачудена, како што вели: „Детето живее нормално, има сè, ништо не му фали, можеби не му купуваат најскапа облека, но дете е, ја одраснува за неколку месеци, што ќе му е скапо и брендирано...“

Не долго после тоа, една друга пријателка ми кажува како нејзината ќерка која е прво одделение во едно основно училиште ја терале да ја подигне патиката за да покаже дали носи се оригинал „џорданки“.

Не знам за вас, но јас не се сеќавам дека во прво одделение сум размислувала за патики, а камоли каква марка биле. Не се сеќавам ни дали сум размислувала за тоа во шесто одделение. Она што го знаевме, до осмо одделение, беше дека има „старки“, „скејтерки“ и „ер-макс“ патики, никому не му беше важно колку чинат, дали се оригинал и слично! Ја знаевме поделбата, бидејќи тоа горе-долу укажуваше на тоа кој каква музика слуша, па според тоа ги носи гореспоменатите модели, и тоа е се.

Знаевме кои професии се ценети и важни, односно, чија мајка е лекар, или чиј татко е адвокат, стоматолог, професор, но во однос на дружењето, тоа не ни значеше многу.

И токму тука се наметнува проблемот на општеството, но и на современото родителство.

Што имаме денес? Еден куп новопечени мајки и татковци кои со телефоните во раце се снимаат во нивните дневни соби и заработуваат пари продавајќи магла, шминка и минлива убавина, без да вршат општестено корисна работа.

Ги обезвреднуваат сите важни достигнувања и ги уништуваат темелите на здравото општество, ги уништуваат шаблоните кои создаваат работни навики, како станувањето рано наутро, пожртвуваноста, учењето, трпението. Покажуваат дека денес е важно да изгледаш добро, да имаш скап часовник, патики, јакна и дека не е важно дали сте прочитале книга, или сте гледале добар филм, или сте играле во паркот, дали сте возеле ролери или сте научиле некој нов збор на странски јазик. Затоа што во денешниот свет, ако имате камера, шминка и ги користите вистинските „филтри“ за обработка на фотографијата, ќе имате публика и ќе бидете сè.

Поради тоа што вистинската професија нема вредност и што квази-професиите се ставени на пиедестал, децата ги напаѓаат наставниците, не ги почитуваат постарите лица, пцујат, навредуваат без размислување, малтретираат пријатели и не знаат за основна култура. Нивниот сон е да станат блогери, јутјубери, инфлуенсери...

Сепак, се разбира дека во морето на сè и сешто има и квалитетни луѓе, но како што се случува во морето, на површината и во близина на брегот секогаш прво испливуваат највалканите и најлигавите слоеви, и ретко кој има волја, желба и сила да заплива малку подлабоко и подалеку. А, ако на детето не му се покажете дека покрај сета таа нечистотија постои и нешто чисто, тоа нема да ја знае разликата.

Како може да знае дека, ако некој не носи брендирана облека, оти тоа не значи дека е сиромашен, или уште полошо, дека ако некој е сиромашен, е безвреден и дека треба да се избегнува и омаловажува.

Ако децата се огледало на родителите, можеме да видиме какви луѓе станале денешните родители, што ги научиле и што ги учат своите деца, колку време одвојуваат за нив... За жал, најчесто сме сведоци на зафатени родители кои почесто се со своите телефони, отколку со своите деца, кои им купуваат безвредни скапи нешта како израз на нивната љубов кон нив, наместо да ги научат на основна култура и морални вредности

Актерката Мирјана Карановиќ тренира како професионалец

Српската театарската и филмска актерка Мирјана Карановиќ ги воодушеви корисниците на социјалната мрежа Инстаграм откако објави како изгледа нејзиниот тренинг во салата за вежбање.

Иако има 65 години, оваа ведета не прескокнува тренинг, а вежбите што ги изведува би биле тешки и за многу помлади луѓе.

Таа на партерот изведува вежби за стомачните мускули, чучнувања со топка тешка неколку килограми и прави исчекор со тегови во рацете.

Под сетот фотографии и видеа, актерката кратко напишала: „Чекајќи го Идиот“, а потоа покажува како изгледаат подготовките пред премиерата на истоимената претстава, која се очекува во Белградскиот драмски театар на крајот од февруари.

притисни ентер