Медведев ја предупредува Европа за ризикот од нуклеарна војна со Русија - Канал 5

Медведев ја предупредува Европа за ризикот од нуклеарна војна со Русија

„Тие едноставно не можат да си дозволат војна со Русија“, рече Медведев за европските сили, додавајќи дека „веројатноста за фатален инцидент секогаш постои“.

Медведев ја предупредува Европа за ризикот од нуклеарна војна со Русија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска изјави дека Европа не може да си дозволи да води војна против Русија, но ако нејзините лидери направат грешка и предизвикаат таква војна, таа би можела да ескалира во конфликт со оружје за масовно уништување.

Медведев напиша на Телеграм дека на Русија не ѝ е потребна војна со „ледената стара Европа“.

„Тие едноставно не можат да си дозволат војна со Русија“, рече Медведев за европските сили, додавајќи дека „веројатноста за фатален инцидент секогаш постои“.

„Таквиот конфликт има апсолутно реален ризик да ескалира во војна во која се користи оружје за масовно уништување“, рече Медведев, кој моментално е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

9. Регионална конференција за е-трговија

Вештачката интелигенција веќе ја менува брзината со која функционира е-трговијата. 

9. Регионална конференција за е-трговија

Токму затоа, 9. Регионална конференција за е-трговија оваа година ќе се оддржи под темата “From Wait to Go: E-comm @ AI Speed!”, на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија.

Темата ја отсликува една од најголемите трансформации што индустријата ја има доживеано досега, односно преминот од бавни, мануелни процеси и неизвесност, кон паметни системи поддржани од вештачка интелигенција кои носат побрзи одлуки, подобра персонализација, автоматизација и поголема ефикасност. Концептот “From Wait to Go” симболично ја претставува промената што веќе се случува. Светлото е веќе зелено, а индустријата влегува во нова ера - ера на интелигентна е-трговија, автоматизација и раст со брзина на вештачка интелигенција.

Интересот за овогодинешното издание е рекорден уште од самиот старт. Првите 100 билети по Ultra Early Bird цена беа распродадени во рекордно времее, а организаторите очекуваат ова да биде најголемото и најпосетено издание досега.

Во текот на изминатите години, конференцијата прерасна во еден од најрелевантните регионални настани за е-трговија, кој обединува повеќе од 900 учесници од над 10 земји, вклучувајќи е-трговци, маркетинг експерти, payment провајдери, платформи, fintech компании, банки и логистички компании.

Досега, на сцената на конференцијата говореле бројни говорници и експерти од компании како OpenAI, TikTok, Booking, Zalando, Alibaba, Meta, Google, Viber, Dolce & Gabbana, како и некои од најпознатите регионални лидери и професионалци од е-трговијата.

Покрај главната сцена, и оваа година ќе биде организирана паралелна сцена со практични и hands-on работилници на најразлични теми кои ќе придонесат за раст на бизнисите. Работилниците ќе бидат фокусирани на конкретни алатки, стратегии, AI решенија, маркетинг, продажба, аналитика и оптимизација на online продажба, со цел учесниците да добијат применливо знаење и практични вештини што ќе можат веднаш да ги имплементираат во своето работење.

И оваа година, конференцијата ќе ги обедини сите клучни чинители од e-commerce екосистемот - е-трговци, банки, финтек компании, поштенски и логистички оператори, телекомуникациски компании, ИТ компании, маркетинг експерти, инвеститори и друго. Преку актуелни теми, практични искуства и светски трендови, учесниците ќе добијат нови знаења, инспирација и можност за квалитетен нетворкинг што отвора нови соработки и бизнис можности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црната комедија „Бардо Тодор“ на 9 јуни ќе се одигра во Скопје

Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, на 9 јуни, во 20 часот ќе се одигра во Домот на култура во Кисела Вода „Билјана Беличанец“.

Црната комедија „Бардо Тодор“ на 9 јуни ќе се одигра во Скопје

Претставата која на сатиричен начин носи силна порака е дело на режисерот Сашо Миленковски и авторот Сашо Кокаланов, а е помогната од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Актерската екипа е составена од младите актери Надица Дојкоска, Наум Ѓорѓиески и Димитар Паскоски.

Од „Еко-свест“ напоменуваат дека влезот за оваа претстава е бесплатен за сите оние кои ќе дојдат да ја погледнат во Домот на култура во Кисела Вода „Билјана Беличанец“.

Кокаланов за претставата вели дека „Бардо Тодор“е црна сатирична комедија која зборува за страшните последици по животот на луѓето кои живеат како први соседи на една термоцентрала со коп на јаглен, приклештени во противречноста - убиецот да им е и главен работодавец.

„Приказните се пародија направена според мотиви од приказните за треската, борџот и чумата на Марко Цепенков, како и „Бардо Тодор“, тибетски будистички текстови за искуството на душата по смртта, во западниот свет книга позната како „Тибетска книга на мртвите“. Идејата беше да се направи драмска нарација во која, паралелно, преку современи ликови и преку нивно карикирање во духот на антологиските ликови од народните преданија, ќе се зборува за апсурдноста на прифаќањето на реалноста да се живее во близина на масовен убиец само затоа што тој убиец обезбедува некаква егзистенција“, наведе авторот за претставата.

Тој истакна дека едночинката ќе се игра на отворено, за да му се даде можност на Комбинатот (РЕК Битола) да биде лик во комедијата.

„Притоа, ќе се обидеме да испратиме некои пораки за потребата од праведна транзиција - убиецот да е затвори, но притоа крајот да не се опустоши“, наведе Кокланов.

Од Центарот „Еко-свест“ нагласија дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија на јаглен, што носи страшни последици врз здравјето на луѓето.

„Нашата главна цел е да ја заштитиме природата и да е спротивставиме на се она што и штети, вклучително и на штетните влијанија врз здравјето на луѓето. Затоа целосно поддржуваме ваков вид на проекти и секојдневно гласно говориме чекорите кои треба да се преземат со цел да се промени моменталната состојба“, потенцираа од „Еко-свест“.

Оттаму нагласија дека се надеваат дека пораката што ја испраќа претставата ќе допре до граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски

Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски, повратот на ДДВ кон компаниите е поголем за 4,7% во споредба со лани.

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е ликвиден, сервисирани се сите обврски

До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско интервју.

„Согласно проекците на буџетот и како беше испроектирано со носењето на Буџетот така се одива финансирањето. Сето она што значеше да обезбедиме средства најпрвин за отплата на старите долгови, сето тоа ние го направивме и дополнително на тоа она што треба да го обезбедиме до крајот на годината за сервисирање на буџетскиот дефицит. Тука имаме уште обврски или побарувања по основ на државни хартии од вредност или надворешно некаде меѓу 250 и 300 милиони евра со цел сето она што ни било планирано да се реализира, но секако дека дел од тоа салдо ќе се пренесе и во 2027 година“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека за годинава нема планирано издавање нова еврообврзница и потсети дека Еврообврзница веќе се издаде во јануари со која се сервисираше Еврообврзницата издадена во 2020 година од 700 милиони евра и дека минатата недела е исплатена во целост. При тоа додаде дека во текот на денот е пристигнат приливот од кредитот од странски банки во износ од 260 милиони евра и се пристигнати средствата согласно Реформската агенда со што потенцира дека се што е планиранот е изреализирано.

„Ние оваа година имаме огромни обврски и секоја следна и постојано тоа го комуницираме. Тоа значи дека првин треба да обезбедиме пари да ги вратиме старите долгови. Не се случило во светот, освен Либан, да имала доцнење во сервисирање на своите обврски. Тоа е нешто најстрашно што може да се случи на една држава. Кога обврските ви се секоја година огромни вие првин имате фокус и задача да ги сервисирате тие обврски, а понатаму се трудите да обезбедите колку можете за покривање на буџетскиот дефицит од тековната година“, истакна министерката.

Таа посочи дека најгоелмата тежина на Министерството за финансии е што сите долгови се сконцентрирани во 4 години и дека секоја година сигурно ќе има потреба од издавање на еврообврзница, меѓутоа потенцира дека сигурно рочноста и структурата ќе се приспособи се со цел да не се повторат грешките на претходната Влада.

Осврнувајќи се дека јавниот долг во континуитет е на ниво околу 60% потенцира дека зголемвуањето на долгот или задолжувањето не е страшно ако е правилно насочено.

„Секој нов долг насочен кон одреден проект што ќе има додадена вредност за економијата во суштина ќе го намалува тој процент на јавен долг и во овој момент сметам дека Владата успешно тоа го менаџира затоа што состојбата што ја наследивме беше алармантна“, рече министерката, дополнувајќи дека покрај другото како обврска е реализирана и отплата на првиот дел од солидарниот данок кон компаниите во износ од 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра, што исто така е обврска наследена од претходната Влада.

Таа потенцира дека Буџетот е тековен, ликвиден и нема никаков проблем со сервисирање на обврските.

Посочи дека покрај јавните инвестиции се случуваат и инвестиции во приватниот сектор што се гледа преку двоцифрениот раст на кредитите како и поддршката обезбедена од Владата со унгарскиот заем. При тоа истакна и дека се врши навремено и редовно повратот на ДДВ кон компаниите и дека заклучно со мај 2026 година има поголем поврат на ДДВ во однос на истиот период лани за 4,7%.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер