Детското игралиште „Патрик“ беше мета на вандализам – Општина Аеродром нема да дозволи уништување на јавното добро
1Детското игралиште „Патрик“ беше мета на вандализам – Општина Аеродром нема да дозволи уништување на јавното добро
2Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари - со зголемување на дефицитот се кршат и законите
ТенисМедведев без руско знаме на профилот на Инстаграм Водечкиот тенисер на АТП листата Русинот Данил Медведев го тргнал руското знаме од својот профил на социјалните мрежи. Медведев тоа го сторил по најавата дека тенисерите и тенисерките од Русија и белорусија ќе можат да продолжат да настапуваат на турнирите без обележја на Русија под неутрално знаме. Претходно на профилот на рускиот ас и финалист на Австралија опен во описот стоеше руското знеме зад зборовите„ професионален тенисер“. Сите останати информации на профилот на Медведев , вклучувајќи ги и спонзорите се непроменети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДетското игралиште „Патрик“ беше мета на вандализам – Општина Аеродром нема да дозволи уништување на јавното доброПо синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица.Станува збор за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром – простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За жал, токму ова место вчера беше мета на несовесно и недозволиво однесување, при што е причинета штета која според првичните проценки изнесува повеќе илјади евра. Веднаш по добиените информации, градоначалникот Митески заедно со екипите на Општина Аеродром излезе на терен. Од безбедносни причини игралиштето е привремено затворено, а во најкус можен рок ќе се изврши санација на штетите и замена на оштетените реквизити со нови. Случајот е пријавен во полиција и поднесени се соодветни пријави против сторителите. Ваквото однесување не смее да остане неказнето, затоа што станува збор за свесно уништување на имот што им припаѓа на сите граѓани. Посебна благодарност до нашиот сограѓанин Никола Поповиќ, кој со својата брза и одговорна реакција помогна да се спречи понатамошното дивеење и нанесување уште поголема штета. Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат вандализам, уништување на јавен имот или какво било несовесно однесување, веднаш да ги известат општинските служби и полицијата. Само заедно можеме да ги заштитиме местата што ги користат нашите деца и сите жители. Мора да ставиме крај на ваквите појави. Јавното добро не е ничие приватно игралиште за уништување. Тоа е создадено со средства на граѓаните и е обврска на сите нас да го чуваме и почитуваме. За жал, вакви случаи не се случуваат само во Аеродром, туку и во многу други општини и населени места. Затоа е потребна поголема општествена одговорност, повеќе грижа и јасна осуда на секој обид за уништување на заедничкиот простор. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаПоповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари - со зголемување на дефицитот се кршат и законитеЗголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии.Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните - толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите. Со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за буџети. Законските одредби јасно кажуваат дека буџетскиот дефицит не смее да надмине 3 проценти од БДП. Министерката Гордана Кочоска призна дека во буџетот нема пари. Целиот планиран годишен буџетски дефицит е потрошен уште во првите шест месеци од годината. Владата планира дополнително да го зголеми дефицитот, и покрај претходните ветувања дека ќе го намалува. Тоа е директна потврда на она што СДСМ го говори цело време. А продлабочувањето на дефицитот значи само едно - нови скапи задолжувања што ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги. Граѓаните најдобро знаат какво е вистинската состојба на економијата. Доволно е да погледнат во своите паричници и фрижидери. Таму не се гледа „трета економија во Европа“, туку раст на трошоците за живот, пад на куповната моќ и сè поголема загриженост за иднината. Јавниот долг, кој Владата ветуваше дека ќе го намалува, за две години е зголемен за над 2,5 милијарди евра и се зголемува на 11 милијарди евра. Парите не отидоа за повисоки плати, за мерки за граѓаните и компаниите, ниту за капитални инвестиции. Тие завршија во криминалните партиски тендери на ВМРО. По две години вистината е јасна и видлива: со Мицкоски и ВМРО, економијата се движи кон колапс, граѓаните во длабока сиромаштија а државата во изолација. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одорТагови: Наташа Поповиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаПерински: Две години се поставуваат темелите за развиени општини и одржлив регионален развојПрес-конференција на министерот за локална самоуправа, Перински.Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството. „Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што најголем дел од нашите политики се реализираат преку општините, планските региони и програмите за поддршка. Граѓаните ги гледаат новите улици, водоводи, училишта и градинки, но многу поретко се гледаат механизмите и политиките кои овозможуваат тие проекти да се реализираат“, истакна Перински. Како најголем резултат во изминатиот период, Перински го посочи инвестицискиот циклус за поддршка на општините, преку кој во рамки на двата јавни повици се одобрени вкупно 1.116 инфраструктурни проекти во вредност од 18,4 милијарди денари. „Ова е најголемиот инвестициски циклус за општините во поновата историја на Македонија. Тоа не се само бројки, туку нови улици, водоводи, канализации, реконструирани училишта и градинки, енергетски ефикасни јавни објекти и подобри услови за живот во сите општини“, нагласи министерот. Во делот на институционалната поддршка, Перински потсети дека за првпат е воспоставен Ресурсен центар за поддршка на општините, преку кој е формирана база на експерти, изработени се практични прирачници за локалната администрација, спроведена е сеопфатна проценка на потребите на сите општини и изработени се профили за секоја општина во државата. Посебен акцент изминатиот период беше ставен и на процесот за ажурирање на базите на даночни обврзници во сите општини. „Ова можеби не е најпопуларната мерка, но е една од најважните мерки за финсиската стабилност на општините, затоа што суштинското прашање не е колку средства ќе обезбеди државата за општините оваа година, туку колку општините ќе можат самостојно да генерираат приходи во годините што следат.“, истакна Перински. Во делот на законските реформи, министерот посочи дека по повеќе од две децении е подготвена најобемната реформа на Законот за локалната самоуправа, со која се унапредуваат локалната демократија, транспарентноста, дигитализацијата, учеството на граѓаните, инспекциските механизми и урбанистичкото планирање. Паралелно се работи и на реформа на Законот за меѓуопштинска соработка, со цел поефикасно користење на ресурсите и подобро обезбедување услуги за граѓаните. Во областа на регионалниот развој, изменет е Законот за рамномерен регионален развој, спроведена е тековна оценка на Стратегијата за регионален развој 2021–2031 и подготвени се измени и дополнувања кои беа усвоени од Собранието. Дополнително, во периодот 2024–2026 година преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и Програмата за рамномерен регионален развој се поддржани 185 проекти во вредност од над 489 милиони денари. Во делот на европските фондови и прекуграничната соработка, Перински информираше дека активно се спроведуваат пет ИПА III програми за прекугранична соработка со соседните држави. Во моментов се имплементираат 39 проекти во рамки на програмите со Република Грција, Република Бугарија и Република Албанија, со вкупна вредност од 21.340.097 евра за македонските корисници, додека во наредниот период се очекува потпишување договори за уште 23 проекти во рамки на програмите со Република Бугарија, Република Косово и Република Србија, со вредност од околу 6 милиони евра. „Најважното што го направивме во изминатите две години не се само бројките. Најважното е што го променивме пристапот – од модел во кој се реагираше на проблемите, кон модел кој создава услови тие проблеми да не се повторуваат. Од политика на ад хок решенија кон политика на системски промени. Македонија чекори напред со јасна определба – да не ги менаџираме последиците, туку да ги решаваме причините“, порача Перински. Тој додаде дека резултатите од изминатиот период претставуваат цврста основа за силни и финансиски стабилни општини, одржлив регионален развој и поквалитетни услуги за граѓаните во сите делови на државата. Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter