Меџити: ВРЕДИ не е за предвремени избори, треба да се испорача ветеното, иако на анкетите е фаворит - Канал 5

Меџити: ВРЕДИ не е за предвремени избори, треба да се испорача ветеното, иако на анкетите е фаворит

Коалициските партнери на Мицкоски, Вреди, се против предвремени парламентарни избори - Изет Меџити за Канал 5 изјави дека актуелна власт има силно мнозинство и сега е време на реализација на ветените проекти од претходните избори за кои добиле гласо

Меџити: ВРЕДИ не е за предвремени избори, треба да се испорача ветеното, иако на анкетите е фаворит

Но убеден е дека доколку се одржат и пред редовниот термин, Вреди ќе победи во албанскиот блок.

-Обично пред граѓаните тоа сите ќе го кажат дека едвај чекаат избори, сите се силни. Анкетите покажуваат дека Влен е победник кога и да има избори, но ова е единствена година во која нема никакви избори, ни локални ни парламентарни ни претседателски, година во која владата и општините имаат простор и време да ги реализираат програмите, така што ние од Влен оценуваме дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, имајќи предвид дека мнозинството е огромно, скоро двотретинско во Собранието,- Изет Меџити – Вреди.

Меџити не открива кои од неговите сопартијци ќе се најдат на списокот од владината реконструкција, иако веќе висат позициите на министерот за социјална политика Фатмир Лимани и вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Тврди дека засега немаат конкретни одлуки во коалицијата за тоа кои кадри потфрлиле, туку допрва ќе преговараат со премиерот, откако и официјално утре ќе се консолидираат во една партија која како копретседател очекува да се проширува.

- Со премиерот начелно сме се согласиле дека ќе има реконструкција на владата, но само начелно. Нема одлука за овие двајца функционери? Не само за двајцата, без да се утврдат принципите, дали ќе останеме на истите ресори или ќе има промени, тоа накнадно треба да го договориме,- Изет Меџити – Вреди.

Според најавите реконструкцијата на Владата ќе се случи во јуни, по внатрепартиските и коалициските анализи. Се очекува да има промена на неколку министри, но не се исклучуваат ниту ротации меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер