Меџити уверува дека онколошките пациенти нема да бидат оставени без терапија - Канал 5

Меџити уверува дека онколошките пациенти нема да бидат оставени без терапија

Додека онколошките пациенти стравуваат дека од први јануари ќе има недостаток на биолошка терапија, Министерот за здравство Фатмир Меџити уверува дека постојано се работи да нема таков проблем.

Меџити уверува дека онколошките пациенти нема да бидат оставени без терапија

Додека онколошките пациенти стравуваат дека од први јануари ќе има недостаток на биолошка терапија, Министерот за здравство Фатмир Меџити уверува дека постојано се работи да нема таков проблем, и покрај тоа што виси опасноста од можен глобален недостиг на терапија.Меџити и овојпат изјави дека до 5ти јануари ќе се распишел тендерот за КАТО системот на онкологија, а Министерството ќе обезбеди нов едуциран кадар за работа

-На глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови кои ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука будно ги следиме сите препораки на СЗО за да немаме ваков дефицит, но дали може да се случи тоа е знак прашалник, не сакам да верувам во тоа--Фатмир Меџити – министер за здравство.

Министерот и неговата заменичка ја посетија Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле, каде што за прв пат во државата со средства од министерството во вредност од над 900 илјади евра е набавен нов современ роботски апарат за пациенти со тешко до умерно оштетување на подвижноста предизвикани од невролошки заболувања, повреди на мозокот и церебрална парализа. Оваа рехабилитација ќе биде ставена на товар на здравственот фонд и според Меџити, тоа не треба да се поврзува со предизборието.

-Јас Фатмир Меџити воопшто не се гледам како политичар, јас сум здравствен работник, лекар, а тоа ќе или не се гледа со вакви конкретни работи, апаратура низ цело здравство, низ цела Македонија, навистина многу сериозно пристапивме од првиот ден,- -Фатмир Меџити – министер за здравство.

-Според стручните процени, роботската рехабилитација ќе има можност да се спроведува кај околу 30 пациенти месечно, а ќе бидат опфатени и болнички и амбулантски пациенти. За управување со новата опрема спроведена е специјална стручна обука со инструктор од Швајцарија на шест физиотерапевти,- - Маја Манолева-заменик министерка за здравство.

Во однос на здравствените работници кои бараа трајно вработување наместо работа со договор на дело, Меџити уверува дека ќе стори се да се реши овој проблем иако вели преговорите одат тешко заради финансиите..Најави состанок со министерот Бесими и ја повика Владата сериозно да го разгледа ова прашање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Чудо од Англија: Тиква тешка речиси 1.300 кг

Чудо на нива во Англија. Ако мислите дека сте виделе сè во градинарството, оваа глетка од Англија може целосно да ве разубеди.

Видео: Чудо од Англија: Тиква тешка речиси 1.300 кг

Британецот Јан Патон повторно го собори својот личен светски рекорд одгледувајќи огромна тиква тешка неверојатни 2.856,8 фунти, што изнесува речиси 1.295 килограми.

Како што пренесува „БроБајбл“ (BroBible), овој џин, кој тој го нарече „Багира“, го надмина неговиот минатогодишен рекорд за речиси 18 килограми.

Колку труд е потребен за да се одгледа ваква џиновска тиква?

Одгледувањето на таков џин воопшто не е едноставна задача. Според информациите што Јан Патон ги сподели со „Би-би-си њуз“ (BBC News), на тиквата ѝ биле потребни дури шест часа интензивна нега секој ден, а „пиела“ околу 130 галони вода дневно.

Зачудувачки е фактот дека тиквите со оваа големина, во фазата на најбрз раст, можат да добијат и до 22 килограми тежина за само 24 часа. Иако со години учествувал на овие натпревари заедно со својот брат близнак Стјуарт, оваа година Јан одлучи да настапи самостојно и победи.

Откако официјално беше потврдено дека е најтешка во светот, „Багира“ е изложена на фармата „Санифилдс“ во близина на Саутемптон.

https://www.instagram.com/p/DeEui7Pqsqs/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Сепак, судбината на овој рекордер е веќе запечатена. По завршувањето на изложбата, тиквата ќе биде исечена и искористена како храна за крави. Тиквите се сметаат за високохранливи, што ги прави идеален оброк за добитокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година.

Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот.

„Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер.

Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор.

„Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата.

„Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации.

Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих.

Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер