МакедонијаМеџити: Со Чешка градиме заедничка зелена иднина!Зелената транзиција не е само енергетски процес, туку и клучен еколошки и развоен чекор за иднината. Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, денеска учествуваше на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје. Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови форми на соработка меѓу институции, бизнисите и експерти од двете земји. Во фокусот беа теми како што се зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации. „Зелената транзиција не е само енергетски процес, туку и клучен еколошки и развоен чекор за иднината. Како Министерство, нашата задача е да ги интегрираме иновациите и технолошките решенија со одржливото просторно планирање и меѓународната соработка. Со оваа стратегија, создаваме здрава, отпорна и конкурентна средина која ќе им обезбеди подобра иднина на следните генерации“, изјави министерот Изет Меџити. Форумот ја потврди подготвеноста на двете земји за интензивирање на заедничките напори во насока на технолошки напредок, енергетска одржливост и економски развој.Тагови: Изет Меџити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09