МакедонијаМеџити: Секоја населба во Чаир е дел од мапата на инфраструктурни инвестицииМеџити денеска одблиску ги следеше инфраструктурните активности на улицата „Јашар Еребара”Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, a воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска одблиску ги следеше инфраструктурните активности на улицата „Јашар Еребара”, во населбата Гази Баба во Чаир, се наведува во соопштението на Меџити. -Како што инвестираме во секој дел од Чаир, така и овде работиме на подобрување на условите за живот на граѓаните. Речиси 3 милиони денари се издвоени за реализација на еден значаен проект кој опфаќа: изградба на нова водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација, како и инсталирање на модерно улично осветлување, изјави Меџити за време на увидот. Тој потенцираше дека по завршување на сите подземни работи, улицата целосно ќе се асфалтира, со што ќе се обезбеди нова и функционална инфраструктура за жителите. -Овој проект е дел од севкупниот план за инфраструктурен развој на Општина Чаир. Се инвестира координирано – со средства од Општината, од Министерството за животна средина, како и од Владата на Република Македонија, додаде Меџити. Работите на улицата „Јашар Еребара” се одвиваат со добра динамика, а нивното завршување се очекува наскоро. Оваа инвестиција ќе има директно влијание врз подобрување на квалитетот на животот на жителите, како и врз урбаниот развој на населбата Гази Баба. Кандидат за градоначалник на Чаир Изет МеџитиТагови: Изет Меџити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сосВо четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади КостадиновскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 1 морков 1 тиквичка 1 главица кромид 1 страк праз 200 гр. шампињони 3 лажици соја сос малку буковка малку сусам масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаУЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API повиците и JSON форматот, поради што компаниите повторно ги прилагодија своите системи согласно новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk Во третата фаза, се преминува на веб апликација, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура. Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании - избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи. Управата за јавни приходи континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис заедницата и останати здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои беа презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-Фактура. Во соработка со Стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-Фактура. Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-Фактури. Управата за јавни приходи ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот. Особено е важно да потенцираме дека и оние компании кои немаат назначено даночен агент, ги охрабруваме да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии. Корисни информации за тестирањето: • Потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk • Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg • Тест платформа за е-Фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk • Контакт за поддршка: [email protected]Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСрпскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во ТурцијаПо двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир. Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул. Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција. Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година. Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook