Меџити: Сакаме да прецизираме дека присуството на седници може да биде физичко или онлајн

Во Деловникот стои присуство. Сакаме тоа да го прецизираме дека присуство може да е физичко или пак онлајн.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити денеска изјави дека на парламентарните партии од опозицијата им е оставено време да размислат за нивниот предлог за измени во Деловникот што би се однесувале на прецизирање на тоа што значи присуство на пратениците на собраниските седници.

– Во Деловникот стои присуство. Сакаме тоа да го прецизираме дека присуство може да е физичко или пак онлајн. Да не ги измачуваме тие што се пациенти во моментот, да не ги носиме, со посебен третман, па да ризикуваме… Не сакаме да дојдеме во ситуација да блокираме битни процеси, изјави Меџити, по координацијата со претседателот на Собранието.

На координацијата уште еднаш се отворила дебата околу начинот како Собранието ќе излезе од оваа ситуација, предизвикана од Ковид-19, рече пратеникот на ДУИ, имајќи предвид дека веќе тројца пратеници се позитивни.

– Утре може да бидат и поголем број. Да не дојдеме до блокада на сите процеси и даваме време на опозицијата да рефектира и да не биде кочница на донесување на битни одлуки и процеси во Собранието, како што е ребалансот на Буџетот и сите други важни работи коишто можат уште повеќе да ја загрозат ситуацијата во државата. Затоа сакаме само како владејачки парии да одиме на прецизирање, не се работи за некоја голема промена или само за прецизирање што сфаќаме под зборот присуство, дали само физичко присуство или и онлајн присуство, рече Меџити.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, рече дека опозицијата би требало да разгледа компаративни анализи како е во регионот и во светот во ваква ситуација со Ковид-19, потсетувајќи дека Владата веќе работи на онлајн седници. /МИА

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

До објавување во службен весник граѓаните ќе плаќаат поскапа полиса за автоодговорност

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник чии цени се од 840 па до речиси 1600 денари повисоки. Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски смета дека пред секое поскапување потребно е да се обезбеди период за прилагодување и кај граѓаните и кај компаниите, а одлуката за зголемување, па намалување на цената ја оцени како избрзана.

-Доколку некоја одлука е поништена по логика на нештата во тој меѓупериод мора да се најде одредено решение како овие граѓани или институции да се обештетат. Не навлегувам дали е избрзана одлуката за подигнување или за враќање на цените, сметаме дека треба да постои доволно подготвителен период да се најави било која одлука, да се направи припрема, а потоа да се имплементира. Вака ад-хок воведување, ад-хок укинување мислам дека има штетни последици кон сите,- Трајан Ангеловски – претседател на ССК.

Одлуката за зголемување на цената на задолжителната осигурителна полиса за 15%, осигурителните компании ја донесоа пред десетина дена со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците им пораснале.

Од друга страна анализите од Агенцијата за супервизија покажаа дека поскапувањето е неосновано, по што Комисијата за автоодговорност донесе препорака за враќање на цените назат. За тоа дали ќе има рефундирање на средствата, останува да одлучат осигурителните компании.

притисни ентер