МакедонијаМеџити: Нашата посветеност на образованието е секојдневен приоритет, вложуваме во квалитетно образованиеМеџити информира дека во текот на летниот одмор работеле на подобрување и обезбедување подобри услови во образовните институции.Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, како и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска го посети ОУ „Конгреси и Манастирит“ по повод почетокот на новата учебна година, каде на учениците и на наставниот кадар им посака среќа и успех во новата учебна година. Меџити соопшти дека ова училиште е првoто во Општина Чаир, во кое од денеска ќе се спроведува едносменска настава. -Симболиката што сме тука во „Конгреси и Манастирит“ е тоа што ова училиште е прво во Општина Чаир, кое од денеска ќе работи само во една смена. Интенцијата е во иднина во соработка со МОН и другите осум училишта и плус две нови училишта што во скоро време треба да се градат во Чаир, вкупно 10 други училишта да работат во една смена и со целодневна настава. Ова е вложување во квалитетно образование, многу подобро ќе биде и за наставниците и за родителите, а посебно за децата кои ќе имаат повеќе време и за дополнителни активности, културни активности и да се релаксираат, рече тој. Потенцира дека нивната посветеност на образованието е секојдневен приоритет. -Денес го означуваме почетокот на новата учебна година. За децата од прво одделение, овој ден има посебно значење, бидејќи за нив започнува нова етапа, каде што ќе се постават темелите на нивното знаење и формирање. За учениците од другите одделенија, ова е продолжение на патувањето на знаењето, можност за понатамошен напредок во знаењето и зајакнување на досегашните постигнати резултати. Училиштето, меѓу другото, е простор каде што децата учат да бидат заедно, да споделуваат вредности и да се развиваат како идни граѓани. Поради оваа причина, нашата посветеност на образованието е секојдневен приоритет, рече тој. Меџити информира дека во текот на летниот одмор работеле на подобрување и обезбедување подобри услови во образовните институции. -Затоа, во текот на летните месеци работевме на тоа да се осигураме дека образовните институции се подготвени за овој ден. Посетени се сите училишта во Чаир и, каде било потребно, се инвестираше во инфраструктурата: поправки на училниците, подобрени санитарни јазли и поголема безбедност за учениците. Исто така, беа преземени мерки за чистење и одржување, за да може наставниот процес да се одвива во редовни услови. На овој прв ден од учебната година, сакам да изразам посебна благодарност до наставниците, кои со својата работа и посветеност ја преземаат една од најважните одговорности, формирањето на новите генерации. Среќна нова учебна година! Посакувам да биде година исполнета со резултати и достигнувања за сите наши ученици и наставници, истакна вицепремиерот Меџити. Тагови: Изет Меџити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сосВо четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади КостадиновскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 1 морков 1 тиквичка 1 главица кромид 1 страк праз 200 гр. шампињони 3 лажици соја сос малку буковка малку сусам масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ЕкономијаУЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API повиците и JSON форматот, поради што компаниите повторно ги прилагодија своите системи согласно новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk Во третата фаза, се преминува на веб апликација, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура. Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании - избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи. Управата за јавни приходи континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис заедницата и останати здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои беа презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-Фактура. Во соработка со Стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-Фактура. Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-Фактури. Управата за јавни приходи ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот. Особено е важно да потенцираме дека и оние компании кои немаат назначено даночен агент, ги охрабруваме да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии. Корисни информации за тестирањето: • Потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk • Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg • Тест платформа за е-Фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk • Контакт за поддршка: [email protected]Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСрпскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во ТурцијаПо двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир. Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул. Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција. Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година. Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter