Меџити: Набавуваме 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата - Канал 5

Меџити: Набавуваме 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата

Набавуваме 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата. 

Меџити: Набавуваме 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата

Министерството изготвило и до Владата доставило Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила.

Овие возила, соопштија денеска од Министерството за здравство, ќе имаат надоградена медицинска опрема за потребите на установите во државата, врз основа на која Владата дала согласност за набавка на 22 амбулантни возила со надградена медицинска опрема, согласно Извадок од Нацрт-записникот од 180-та владина седница одржана на 22 август 2023 година.

- Министерството за здравство информира дека ја утврди потребата за набавка на нови амбулантни возила за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија од причини што најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани, се вели меѓу другото во соопштението.

Министерот за здравство Фатмир Меџити за новите амбулантни возила вели дека е најголемата набавка за итната помош во историјата.

- Набавуваме 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата. Со набавката на возилата и современата опрема со која ќе бидат опремени амбулантните возила ќе се овозможи превземање на стручни медицински интервенции за стабилизирање на состојбата на пациентот, и отпочнување и со иницијално лечење во зависност од видот на повредата и болеста поради која и е индициран повикот. Новите амбулантни возила ќе бидат опремени со надоградена медицинска опрема, истакнува Меџити, се подвлекува во соопштението.

Постапката за јавна набавка на 22 Амбулантни возила со надоградена медицинска опрема е објавена на Електронскиот систем за јавни набавки на 05.12.2023 година, со оглас број 21959/2023. Во моментот постапката е во фаза на доставување на понуди на економските оператори, а рокот за доставување истекува на 05.01.2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер