Меџити на средбата со СКСЗМ: Партнерството меѓу општините и бизнис секторот е клучот за економски развој - Канал 5

Меџити на средбата со СКСЗМ: Партнерството меѓу општините и бизнис секторот е клучот за економски развој

 Меџити ја истакна важноста на тесната соработка меѓу општините, Владата и бизнис-секторот.

Меџити на средбата со СКСЗМ: Партнерството меѓу општините и бизнис секторот е клучот за економски развој

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити, учествуваше на состанокот организиран од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) со лидерите на коалицијата ВЛЕН и кандидатите на оваа коалиција за градоначалници.

Во своето обраќање, Меџити ја истакна важноста на тесната соработка меѓу општините, Владата и бизнис-секторот, како предуслов за одржлив економски развој во општините со мнозинско албанско население. Тој потсети дека изминатите денови се одржа и посебна средба за зоната

Визбегово, која според него заслужува поголемо институционално внимание поради нејзиниот голем економски придонес.

“Визбегово е зона која дава најмногу и ја полни државната каса преку даноците што ги плаќаат компаниите и илјадниците работници кои работат таму. Оваа зона има потреба од соодветна инфраструктура, реконструкција на улиците “Хасан Приштина“ и “Качанички пат“, кои треба да бидат во функција на економските претпријатија. Потребна е соработка меѓу околните општини, Владата и нов градоначалник на Град Скопје кој ќе ја разбере важноста на локалниот економски развој“, нагласи Меџити.

Тој додаде дека средбата со Стопанската комора на Северозападна Македонија служи за усогласување на ставовите и создавање долгорочно партнерство меѓу локалните институции и бизнис заедницата.

“Како коалиција ВЛЕН дојдовме со почит, сите лидери и кандидати со свои идеи и програми. Се договоривме по изборите да се одржи уште една средба со избраните кандидати за дополнително усогласување на ставовите, иако, всушност, немаме многу што да усогласуваме, бидејќи Комората го поддржува процесот на децентрализација и идејата буџетските средства да се користат за економски, а не за неекономски проекти“, изјави Меџити.

На крајот, Меџити нагласи дека ова партнерство претставува и “инфузија“ за локалните мали и средни компании кои делуваат во своите општини, како и можност за унапредување на дигитализацијата, туризмот и развојот на економските зони во Сарај, Тетово, Струга и пошироко.

“Платформата на ВЛЕН е во иста линија со онаа на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Идејата е и по изборите да продолжиме со продлабочување на оваа соработка, затоа што тоа е во заеднички интерес на општините и бизнис секторот“, потенцираше Меџити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.

Љупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман.

„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер