МакедонијаМеџити: Многу јасно и видливо е дека Таравари е веќе дел од ДУИДодека лидерот на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари беше дел од коалицијата „Влен“ немаше логика да соработува со Демократската унија за интеграција. Во моментот кога одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Влен“, затоа што така се губи смислата на промената, и на тоа кој е позиција а кој опозиција, изјави вечерва еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Изет Меџити. Според Меџити, многу јасно и видливо е дека Таравари е веќе дел од ДУИ. - Во моментот кога Таравари одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Влен“, затоа што тогаш се губи смислата и на промената и на тоа кој е позиција а кој опозиција. Тој тоа треба да им го објасни на гласачите, но мислам дека всушност станува збор за обид да го смири членството, да „замаглува“ дека може да оди сам или може да соработува со „Влен“. Многу јасно и видливо е дека тој е веќе дел од ДУИ, изјави Меџити пред почетокот на состанокот на Централното претседателство на „Влен“, прашан за коментар во врска со најавата на Тараври дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со „Влен“. Меџити потенцира дека во албанскиот кампус веќе нема други чинители, туку има само два блока - „Влен“ и Демократската Унија за Интеграција. -Таравари избра да оди со ДУИ. Нека му е со среќа, ќе се соочиме на локалните избори во октомври, додаде Меџити. Прашан дали со ВМРО-ДПМНЕ разговарале за заеднички настап на претстојните локални избори, Меџити одговори дека ќе си помагаат, но сепак ќе имаат свои кандидати за градоначалници. -Историски од 90-тата до сега, секогаш бил принципот тие што владеат да си помагаат заедно на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои кандидати за градоначалници и „Влен“ ќе има свои кандидати за градоначалници. Свои листи за советници ќе имаат и едните и другите, но ќе си помагаме каде што ќе има потреба.Во вториот круг ние ќе имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со други политички партии, кои што се дел од власта од помалите заедници, рече Меџити. На новинарско прашање како ги коментира дивоградбите во Чаир, Меџити одговори дека постојат над 500 илјади дивоградби на ниво на државата, а проблемот не постои од денес. -Во однос на дивоградбите, ние имаме список на бројки. Постојат над 500 илјади дивоградби на ниво на државата, а Чаир е на средина на тој список. Треба да видиме како е во општините на ДУИ, да видиме како е во Сарај. Тој проблем не е од денес. Неколку пати е донесен законот за легализација на објекти, не може проблемот да се посочи само во Чаир, рече Меџити. Тој напомена дека најголемиот проблем е хигиената во Чаир. Како што рече, и покрај тоа што граѓаните плаќаат комунална такса, хигиената во градот Скопје и во Чаир е на најлошо историско ниво. -И покрај тоа што граѓаните плаќаат комунална такса, се соочуваат со нехигиена која што загрозува и здравјето и амбиентот. Градоначалникот не излезе да критикува или да води кампања, туку ангажираше приватна компанија затоа што јавното претпријатие не го собира сметот, а има законска обврска да го собере. Приватната компанија само требаше да излезе во пресрет на градот Скопје и на граѓаните, рече Меџити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook