Меџити: Кичево дефитивно ќе добие колекторски систем и пречистителна станица - Канал 5

Меџити: Кичево дефитивно ќе добие колекторски систем и пречистителна станица

По предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за реализација на проектот за подобрување на управувањето со отпадни води во Кичево.

Меџити: Кичево дефитивно ќе добие колекторски систем и пречистителна станица

На денешната прес-конфереција во Медиа-центарот на Владата, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека проектот опфаќа изградба на колекторски систем и секундарна канализациона мрежа и поврзување на постојната пречистителна станица.

‘Овој чекор го презедовме бидејќи граѓаните на Кичево го заслужуваат овој проект, а бидејќи уште на почетокот беа забележани проблеми со организацијата и капацитетот на изведувачот, бевме приморани да го раскинеме договорот со изведувачите кои и покрај бројните опомени и состаноци, не покажаа значителен напредок, и на 5.12.2024 година, беа поминати 21 од планираните за градба 24 месеци, а реализацијата беше само 17 отсто’, изјави Меџити.

Меџити информира дека во наредниот период преку повеќегодишна јавна набавка Министерството за животна средина и просторно планирање ќе обезбеди буџетски средства за овој проект, бидејќи предвидените ИПА средствата во рамки на Секторската оперативна програма за животна средина и климатски акции, програмски период 2014-2020 веќе нема да можат да се користат поради неисполнување на обврските од изведувачот.

Сo овие средства ќе се инвестира во над 20 локации, меѓу кои е и изградба на главен канализационен колектор Зајас – Кичево, кој ќе се простира од населеното место Зајас до влезот во град Кичево и проаѓа покрај Зајашка Река, а од постојни мрежи долж колекторот Зајас – Кичево постојат секундарни мрежи кои се комплетно изградени во местата Трапчин Дол, Горно и Долно Строгомиште. Овие секундарни мрежи ќе се поврзат на колекторот Зајас – Кичево.

Планирана е изградба на главен канализационен колектор Зајас – Кичево со должина околу 11 км. Истиот треба да ги прифати отпадните води од населбите Зајас, Грешница, Долно и Горно Строгомиште, Колибари, Длапкин Дол и Трапчин Дол. Отпадната вода од колекторот Зајас-Кичево оди кон станицата за третман и пречистување на отпадна вода.

Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација на овој проект ќе инвестира преку повеќегодишна јавна набавка над милијарда денари (1.088.550.000) во текот на наредните четири години, 2025, 2026, 2027 и 2028 година.

Проектот опфаќа два договора – договор за градежни работи за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Кичево и договор за надзор над градежните работи.

Инхибитори на ароматазата за онколошките болни ќе се префрлат на позитивна листа

Од УК за радиотерапија и онкологија информираат дека работните групи во ФЗО и МЗ работа на префрлање на оваа група на лекови (инхибитори на ароматазата) на позитивна аптекарска листа.

Инхибитори на ароматазата за онколошките болни ќе се префрлат на позитивна листа

Од УК за радиотерапија и онкологија информираат дека работните групи во ФЗО и МЗ работа на префрлање на оваа група на лекови (инхибитори на ароматазата) на позитивна аптекарска листа, по што истите ќе можат да се издадат со рецепт во аптеките низ земјата.

Во меѓувреме за да не се создаваат залихи, од клиничката аптека при УК за радиотерапија и онкологија се издава месечна терапија за пациентите кај кои оваа терапија е индицирана, реагираат од Клиниката за онкологија, откако пациенти с епожалиле дека им било даваносамо по едно пакување.

Мерц во Бундестагот: Германија ќе има најмоќна војска во Европа

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека ќе работи на обединување на Европа и САД во нивниот пристап кон Украина.

Мерц во Бундестагот: Германија ќе има најмоќна војска во Европа

Новиот германски канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека ќе работи на обединување на Европа и САД во нивниот пристап кон Украина, за да ѝ овозможи на неговата земја да ја изгради најсилната конвенционална армија во Европа и повторно да ја направи германската економија „мотор на раст“.

„Европа очекува нешто од нас“, рече Мерц во својот прв политички говор во Бундестагот и вети дека Германија ќе понуди „сигурност и предвидливост на партнерите и пријателите“, објави Шпигел.

Канцеларот рече дека „времето во кое Германија едноставно се воздржуваше од важни прашања од европската политика треба да заврши“.

Мерц додаде дека неодамна двапати разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека е благодарен за неговата поддршка за безусловно 30-дневно примирје во Украина.

„Секој што верува дека Русија би била задоволна со победа над Украина или делови од Украина, или со анексијата на делови од (таа) земја, греши“, рече Мерц.

Тој ја отфрли идејата за „диктиран мир“ или „потчинување“ на Украина.

„Се надеваме, и сите работиме напорно за да обезбедиме, дека оваа јасна позиција не само што ќе биде претставена насекаде во Европа, туку и од нашите американски партнери. Од најголема важност е политичкиот Запад да не дозволи да биде поделен, затоа ќе продолжам да вложувам максимални напори за да создадам најголемо можно единство меѓу европските и американските партнери“, нагласи Мерц.

Тој додаде дека германската влада „во иднина ќе ги обезбеди сите средства што ѝ се потребни на Бундесверот за да стане најсилната конвенционална армија во Европа“.

„Нашите пријатели и партнери го очекуваат тоа од нас, а повеќе од тоа, тие всушност го бараат од нас“, заклучи Мерк.

Тој, исто така, рече дека Германија ќе „ги исполни своите обврски“, во интерес на Германија и НАТО, но не се осврна на барањата на САД сојузниците да ги зголемат своите инвестиции во воената одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Мерц призна дека безбедноста и влијанието на Германија во светот зависат од „економската сила“ на земјата.

Тој вети дека ќе ја намали бирократијата, ќе ја унапреди дигитализацијата, ќе обезбеди даночни олеснувања за компаниите и ќе промовира повеќе трговски договори со ЕУ.

„Ќе направиме сè за да ја вратиме германската економија на патот на раст. Сакаме да инвестираме и да се реформираме... Со наши сопствени напори, повторно можеме да станеме мотор на раст на кој светот ќе гледа со восхит“, заклучи Мерц.

Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Карен Пирс, специјална пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, чија посета ја оцени како јасен показател за британската заинтересираност и посветеност на Западен Балкан.

Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија

Според неа, оценувањето на напредокот треба да биде меритократско, со фокус на исполнувањето на копенхагенските критериуми. Таа укажа на деструктивноста на билатерализацијата на преговарачкиот процес под закана со вето.

Информираше за заситеноста и заморот на македонските граѓани од бројните преседани, блокади и двојни стандарди. За неа, спротивно на европските темелни вредности и принципи е негирањето на националниот и културниот идентитет, како и непочитувањето на дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани.

Можно надминување на блокадата, претседателката гледа во креативно толкување на Преговарачката рамка и надлежноста на Мешовитата комисија за историски и образовани прашања.

Специјалната пратеничка Карен Пирс изрази разбирање за потребата од надминување на македонската евроинтеграциска блокада.

Соговорничките ја оценија британско-македонската соработка како успешна, изразувајќи подготвеност за нејзино продлабочување и проширување.

Обете од претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Лондон очекуваат важни придобивки за регионот, соопштуваат од Кабинетот.

притисни ентер