Меџити: КАТО системот е добар систем, но не значи дека тој препознава лек - Канал 5

Меџити: КАТО системот е добар систем, но не значи дека тој препознава лек

КАТО системот е добар систем, но не значи дека тој препознава лек, размислуваме дали да го вратиме во функција или да се воведе друг.

Меџити: КАТО системот е добар систем, но не значи дека тој препознава лек

Стручни лица ни образложија дека станува збор за добар систем, дека во милилитри го следи како се троши одредениот лек во дози, но не значи дека системот препознава лек, може да се стави и вода на тој систем. Ова, меѓудругото, го изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, на новинарско прашање околу КАТО системот за контрола на терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Тој даде одговор на прашањето дали би се вратил евентуално во употреба КАТО системот, којшто бил воведен со цел да се контролира употребата на цитостатиците.

Министерот информираше дека пред скандалот за тоа што се случило во минатото на клиниката за Онкологија да избие во јавноста, уште кога дошол на функцијата, се интересирал за состојбата на клиниката и за нејзиното работење.

- Пред два месеца, може и повеќе, на моја иницијатива ги побарав претставниците на КАТО системот, уште пред да се знае за скандалот. Се интересирав зошто системот не е во функција. Тие образложија дека станува збор за добар систем, дека во милилитри го следи како се троши одредениот лек во дози, за да не се губи лекот. Но не значи дека системот препознава лек. Може да се стави и вода на тој систем, рече министерот.

Тој додаде дека сега, изминативе месеци на клиниката се работи совесно и транспарентно. Се размислувало дали овој систем да биде ставен во функција, или да се воведе друг, за да се организира целата работа. Министерот нагласи дека за секоја евентуална злоупотреба, ќе се сноси одговорност. Притоа повика во целата оваа работа да нема шпекулации, бидејќи во прашање се животи на пациенти, од кои некои, поради недоверба, бараат алтернативи или народски кажано, „бабини рецепти“. Тој нагласи дека на клиниката има врвни стручни лица, целата медицинска фела да не се става во ист кош, а правдата да им се препушти на надлежните органи.

Заради процесот во Обвинителство, да не се штети на тој процес, тој подвлече дека не може да сподели повеќе информации за јавноста. Министерот рече дека будно ги следат сите состојби во здравството и ги решаваат работите, осврнувајќи се на преземени мерки, за подобри здравствени состојби.

Во однос на долговите, рече дека долгот на клиниката веќе е преполовен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

Илон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.

Официјално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избраните

„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс.

Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика.

Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили.

Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот.

Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.

Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова  во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер