Меџити ја претстави новата фаза на порталот за јавни услуги - Канал 5

Меџити ја претстави новата фаза на порталот за јавни услуги

Модерна администрација, брзи и дигитални услуги за граѓаните.

Меџити ја претстави новата фаза на порталот за јавни услуги

Денес, на настан што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, првиот вицепремиер Изет Меџити, заедно со министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја претставија новата фаза на порталот за јавни услуги, платформа која има за цел да стави крај на бирократијата и да ги приближи граѓаните до администрацијата преку технологија, се наведува во соопштението на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити.

Новиот портал овозможува лесен и брз пристап до стотици јавни услуги, кои сега се достапни онлајн 24/7, на три јазици: , македонски, албански и англиски.

„Со само неколку клика од компјутер или телефон, граѓаните и компаниите можат да аплицираат, да плаќаат и да ги завршат потребните услуги без да одат на шалтер“, напиша Меџити.

Платформата опфаќа широк спектар услуги.

За граѓаните: изводи, уверенија, лични карти, патни исправи, услуги од катастар, итн.

За бизнисите: лиценци, уверенија за работен стаж и вработување, судски уверенија и услуги од Агенцијата за храна.

За студентите: апликација за ваучери за електронски уреди (лаптопи, компјутери), со следење на статусот на апликацијата во реално време, без чекање и редови.

Меџити истакнува дека оваа платформа е дел од визијата за модерен и ефикасен државен систем и најави дека наскоро и општина Чаир ќе ги дигитализира сите свои услуги, поставувајќи нови стандарди за општините во земјата.

„Ги повикувам сите граѓани, компании и особено студентите да се регистрираат на порталот и да го направат дел од нивната секојдневие, затоа што секоја административна услуга ќе ја добијат полесно и побрзо“, вели Меџити.

Новиот портал за јавни услуги е конкретен чекор кон модернизација на администрацијата и интеграција во европските стандарди за достава на услуги до граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир.

Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот.

Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада.

Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година.

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој.

Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност.

Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти.

Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата.

Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1 процент.

Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството.

Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер