Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
ЗдравјеМеџити: Има недостаток на акушерки, на конкурс од Клиниката за гинекологија немаше пријавениИма недостаток на акушерки, имаше еден конкурс објавено од Клиниката за гинекологија и немаше ниту една пријавено. Одма презедовме иницијатива заедно со средното медицинско „Панче Караѓозов“ и со министерот за образование, одлучивме од септември да отвориме уште една паралелка. Цело време апелирам да се соочуваме со сите проблеми. Затоа сме тука, да ги решаваме. Ова го изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на денот на акушерките. Запрашан околу најавите за прес-конференција на двата најголеми синдикати во врска со се уште недобиеното зголемување, три и две илјади денари за медицинскиот персонал, министерот рече дека со синдикатите е усогласено се и дека за неколку дена ќе почне исплатата. На новинарско прашање, фер ли е 78 процентно зголемување на платите на функционерите, а здравствените работници да се жалат на мали примања, министерот одговори дека тој не одлучува за зголемувањето на функционерските примања. - Ние се стремиме, здравствените работници секогаш да имаат подобри примања и за тоа ќе се залагаме и во иднина, нагласи министерот. На прашање околу поплаките од родители за условите на детска клиника, чекање за обичен преглед околу 4 - 5 часа, министерот рече дека се прави се, за да има и втори смени и за дијагностика и за прегледи и термини да има. - Со се ќе се справиме, но нормално е дека ни треба време, рече министерот. Во врска со стратегија за задржување на кадарот во земјава, министерот рече дека се во секојдневни преговори со министерството за финансии, за согласности за нови вработувања во здравството. Тој потврди дека во секоја здравствена институција има дефицит на кадар од секаков вид и рече дека ќе се направи се што е во рамките на можностите, за нови вработувања. Запрашан околу реакции при назначување на кадри за директори, како тој на кардиологија, со поставување на лице што претходно било директор на водовод и канализација, како и кадарот на токсикологија, лекар по општа медицина, министерот рече дека станува збор за високообразовани кадри. Дипломираната акушерка Тања Трајковска, потпретседателка на здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, претседателка на одборот на акушерки во комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и поранешен претседател на секцијата на акушерки, информираше дека во ГАК има 14 акушерки во родилната сала, распоредени во четири или пет смени. Годишно на клиниката има околу 3.500 до 3.800 раѓања. - Ако Европа, меѓународната конфедерација, СЗО велат дека треба да има 117 до 120 раѓања годишно на акушерка, па ако направиме споредба, излегува дека недостигаат 10 до 12 акушерки во родилната сала кај нас. Или, треба да има една акушерка на еден родилен бокс. Ако во болницата има два, треба да има две акушерки во смена и плус предродилна сала. Или ако има пет, плус еден дополнителен, како што е кај нас, треба да има шест во смена и плус предродилна сала, соопшти таа. Трајковска беше запрашана која е пораката што сакаат да ја упатат на овој ден. - Не сакаме да бидеме погрешно сфатени дека имаме нешто против едукацијата на акушерки, да кажам, на средно ниво, со средно училиште. Сакаме да бидеме разбрани, дека едукацијата треба да биде соодветна. Треба да биде квалитетна. Треба да ги стекнат вештините што треба да ги има една акушерка на крајот од своето школување. Треба да ги поседуваат сите компетенции, за да можат да се справат со сите животозагрозувачки ситуации во родилната сала. Да одговараат за два живота во моментот и сами да ја носат одлуката во моментот, што треба да се направи и кога, во кој момент треба да се повика гинекологот, ако акушерката сама, не може да се справи со целата ситуација, одговори таа. На ниво на цела држава, додаде, треба да постојат и советувалишта за трудници, бидејќи сега лекарите, како што нагласи, се преоптеретени. - Една трудница со една нормална бременост доаѓа постојано кај нив и за најобични прашања, околу исхрана, облека, годишен одмор и слично, прашања што многу лесно може да ги постави во советувалиште за трудници, што би го виделе акушерки. Исто така оние основни рутински предмети, како што се тежина, висина. Има трудници коишто добиваат прекумерна телесна тежина, баш заради тоа што нема акушерка да ги посоветува колку смеат во текот на бременоста да добијат тежина. Кои физички вежби, па дури и физичките вежби да се работат заедно со трудницата, да ги работи стручна акушерка, да не ги работат инструктори по пилатес или јога инструктори, коишто не се стручни, со кои се компликации може да се сретне трудницата во текот на бременоста, појасни Трајковска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ФудбалГолем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА Азиската фудбалска конфедерација (AFC) го поддржа Џани Инфантино за нов мандат како претседател на ФИФА. Ова е целосен пресврт, бидејќи истата организација пред само два месеци остро го критикуваше светскиот фудбалски лидер и го обвини за предавство на нивната доверба. На вонредниот Конгрес на AFC во Токио, претседателот на конфедерацијата, шеикот Салман бин Ибрахим ал-Калифа, јавно го поддржа Инфантино, прегрнувајќи го пред членовите. „Ја потврдуваме нашата целосна поддршка за вас и вашето лидерство во вашата кандидатура за нов мандат како претседател на ФИФА“, рече шеикот Салман. „Посетивте многу азиски земји и разговарав со многу членови од овој континент. Запознаен сум со вашите ставови и гледам дека вашата посветеност е јасна.“ AFC обединува 47 национални асоцијации. Дури и ако не сите се согласуваат со ставот на шеикот Салман, овие гласови би можеле да бидат клучни за Инфантино да обезбеди нов мандат. Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат во март, а номинациите се прифаќаат до 18 ноември. Досега, Инфантино нема противник. Од критики до поддршка Поддршката претставува остар пресврт за шеикот Салман. Во август, АФЦ им се придружи на УЕФА и Конфедерацијата на фудбалски асоцијации на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) велејќи дека Инфантино направил „фундаментално кршење на довербата“. Во отворено писмо, тие повикаа на „лидерство кое му служи на фудбалот, а не на такво кое се обидува да му диктира“. Шеикот Салман, во своето обраќање до Инфантино, истакна дека не сите членови веројатно би се согласиле со одлуката да го поддржат, но додаде дека очекува мнозинството да го поддржи. „Уверен сум дека мнозинството од нашите членови го делат моето мислење“, рече тој. „Ви го кажав ова и претходно“. Пресвртот дојде откако Инфантино се извини пред Советот на ФИФА, кој самиот го води, во Цирих минатата недела за „грешките“ поврзани со планот од 4,2 милијарди долари. Планот оттогаш е напуштен и предвидуваше продажба на делови од Светското првенство на приватни инвеститори. Шеикот Салман се осврна на овие несогласувања во својот говор. „Да, имавме проблеми за кои разговаравме и претходно“, рече тој. „Но, не треба да ги поврзувате двете. Мислам дека на нашите последни состаноци во Цирих јасно ставивте до знаење дека постои разбирање меѓу нас.“ Повеќе пари за сојузите Дури и пред поддршката од Азија, Инфантино беше блиску до обезбедување на супермнозинство гласови од 211-те асоцијации членки на ФИФА. Најсилниот аплауз на конгресот дојде на крајот од говорот на шеикот Салман, кога тој ја повтори својата поддршка за Инфантино. Претседателот на ФИФА потоа се качи на говорницата и призна одредени пропусти. „Кога многу работиш, правиш многу добри работи, што се надевам, но се случуваат некои грешки“, рече тој. Тој доби нов аплауз кога спомена дека под негово водство, асоцијациите добиваат значително повеќе пари. „Пред да станам претседател на ФИФА, а некои од вас беа тука и се сеќаваат на тоа, секоја федерација добиваше еден милион долари на секои четири години. Од 1 јануари следната година, таа сума ќе биде 25 милиони долари“, заклучи Инфантино.Тагови: Инфантино ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбаНа овој ден човек чувствува потреба внимателно да ги избере зборовите, затоа што зборува за луѓе кои своите зборови ги потврдувале со непосредни дела, а најчесто и со сопствениот живот. За луѓе кои прифатиле да изгубат сè што имале, уверени дека нивните деца заслужуваат да добијат нешто поголемо, повозвишено и подобро, слободна татковина. Пред повеќе од еден век, во Солун, започна организираното револуционерно движење кое длабоко ќе ја одбележи македонската историја. Формирањето на ВМРО недвосмислено одбележа една неповторлива епоха и голгота кои се автентичен израз на македонската слободарска мисла и дејание. Но имале вера, имале храброст, имале цел. Имале убедување дека нашиот народ заслужува слобода и решеност за таа слобода да преземат лична одговорност. И кога некој од страна, а неретко и некој од сопствениот род, ќе сака да си поигра или да ја омаловажи улогата и големината на нашето револуционерно дело, да нè прикаже како вакви или такви, како мали и неважни, нека не заборава дека сè уште во нас живее пркосот на Узунов, посветеноста на Груев, мудроста на Татарчев, храброста на Питу, големината на Гоце. Тоа се луѓето од нашиот род пред чие дело и чии свети идеали се поклонуваме. Од таа нивна решеност израснаа генерации кои ја носеа македонската идеја низ прогони, затвори, востанија и војни. Татковината се создаваше низ лелеци и крици, низ постојана жртва, не низ аплаузи и подарени слободи. Денес ја имаме таа држава. И токму затоа нашата одговорност е толку голема. Да бидеме свои на своето е нашата најважна потреба, важна за нашето опстојување. Да бидеш свој на своето значи да стоиш со крената глава на земјата што ги памети твоите предци и да градиш иднина што ќе ги чува твоите деца. Тоа е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме. А оние кои се шнајдери на историјата што мислат дека со вето можат да ни ја прекројат историјата, им порачувам: нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење, Гоце е Македонија! Нашиот ред да изградиме држава во која човекот ќе има достоинство, младите ќе имаат надеж, а родителите ќе имаат спокој. Сакам еден ден нашите деца да можат да кажат: „Нашите родители веруваа во Македонија. Останаа исправени кога беше тешко. И ни оставија земја во која вреди да се живее.“ Тоа ќе биде нашиот најголем успех. Тоа ќе биде нашиот одговор пред историјата. Затоа, да се исправиме пред одговорноста на нашето време! Со сета сила што ја имаме, со сета љубов што ја носиме, да ја направиме оваа земја достојна за соништата на нашите деца! Ова е нашиот дом. Ова е нашето време. Ова е нашата одговорност. Свои на своето - денес и за сите што доаѓаат по нас! Нека е вечен споменот на македонските револуционери. Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗемјотрес од 5,6 степени ја погоди јужна ИталијаЗемјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Сицилија, соопшти ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 12:19 часот по локално време, на длабочина од 10 километри. #Earthquake (#terremoto) possibly felt 1 min 7 sec ago in #Italy. Felt it? Tell us via: 📱https://t.co/QMSpuj6Z2H 🌐https://t.co/AXvOM7I4Th 🖥https://t.co/wPtMW5ND1t ⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! https://t.co/BAU62EhtPM — EMSC (@LastQuake) October 23, 2026 Епицентарот бил на околу 99 километри североисточно од Палермо и 76 километри северозападно од Капо д'Орландо. Засега нема информации за штети или повредени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter