Меџити ги убедуваше пациентите на онкологија:Терапијата е соодветна, нема никакви злоупотреби - Канал 5

Меџити ги убедуваше пациентите на онкологија:Терапијата е соодветна, нема никакви злоупотреби

-Терапијата е квалитетна, таа е терапијата која треба да ја прими секој пациент, порача Фатмир Меџити, министер за здравство.

Меџити ги убедуваше пациентите на онкологија:Терапијата е соодветна, нема никакви злоупотреби

Со овие зборови министерот за здравство Фатмир Меџити ги уверува пациентите кои денеска се најдоа на Клиниката за онкологија. На видеото снимено од телефон кое до медиумите го испратија од Министерството за здравство, тој пред присутните ветува дека ќе се санкционираат сите медицински лица кои го прекршиле законот, а побара и поради скандалот да не се оцрнува целата докторска фела.

Фатмир Меџити, министер за здравство: „Немајте ни трошка сомнеж дека се случува нешто тука.“

Пациент: „Јас сум овде 4,5 години и немам никаква замерка. Жив сум благодарение на оваа клиника.“

Фатмир Меџити, министер за здравство: „Ако има некој нешто, еве тука сум да зборуваме да ми кажете за да ги решиме работите. Но ве уверувам, дека тука нема веќе пропусти и нема да има. Ако имало тоа не го знам, од порано.“

Пред разговорите со пациентите снимени во ходникот на клиниката, министерот имал состанок и со стручниот колегиум на онкологија. Во соопштението од здравство велат дека разговарале за контрола и навремена терапија за секој пациент, со тврдење дека постои електронска евиденција за секој лек кој влекува на онкологија и детали за дозите за секој пациент.

-Клиниката за онкологија нов начин на работа има воведено од ноември лани, каде конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои им е индицирана аппликација на биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија. На овој начин е исклучена можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија. – велат од министерството за здравство.

Онколошките пациенти кои синоќа протестираа пред обвинителството побараа што побрзо скандалот да добие епилог и да се кажат имиња и презимиња, а со тоа да се тргне сомнежот од докторите кои професионално работат. Кажаа дека ќе бараат правда секој ден на улица, а за понеделник е најавен и втор граѓански протест пред Владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски оценува дека криминална шема на онкологија се одвивала со помош од високо позиционирани функционери, а од позиција на власт вели дека ваков скандал не би дозволил.

Од Јавното обвинителство велат дека истрагата е во тек и интензивно се работи на проверка на наводите, се вршат распити на лица кои можеби имаат некакви сознанија за случувањата на онкологија, а отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секој седми вработен во Македонија работи неформално, над 100 илјади лица без формален работен однос

Над 100 илјади луѓе во Македонија работат – а формално ги нема бидејќи, работат во нерегистрирани бизниси или се дел од неплатена семејна работа.

Секој седми вработен во Македонија работи неформално, над 100 илјади лица без формален работен однос

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека 101.022 лица се неформално вработени. Тоа е секој седми вработен во земјава или 14,3 проценти од вкупно вработените. Најмногу ги има таму каде што работата е сезонска и најчесто тешко се контролира. Половина од неформалното вработување е во Земјоделство каде се регистрирани 51.487 лица. Следува градежништвото со 17,2 проценти. Заедно, овие две дејности сочинуваат повеќе од две третини од неформалната вработеност. Токму за намалување на овие бројки од нова година почна примената и можноста да се легализираат сезонските вработувања во земјдоелството преку компјутер од дома без тие да го изгубат социјалното, пензиите или било кој друг статус.

Дека проблемот е голем најдобро се гледа преку споредбата колку луѓе официјално бараат работа и колку има неформалсно вработени. Според официјалните бројки во вториот квартал има 90.020 невработени – околу 11 илјади помалку од неформално вработените. За само три месеци бројот на неформално вработените е зголемен за нови 6825 лица што е раст од 7,2%. Сезоната можеби ја поместува статистиката од квартал во квартал но бројката останува. 101 илјада луѓе работат само што не се дел од формалниот пазар на труд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изгаснат пожарот на македонско- косовската граница

По неколку дена конечно изгаснат пожарот на македонско-косовската граница кај селото Грачани.

Изгаснат пожарот на македонско- косовската граница

Скопјани повеќе нема да дишааат загаден воздух, бидеќи како што потенцираше првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, чадот повеќе не представува опаснот. Сепак пожарникарите и понатаму се борат со огнените јазици на четири локации низ државата..

„Зад пожарникарите е еден од најтешките денови оваа сезона – за само едно деноноќие се регистрирани повеќе од 40 пожари, од кои над 30 се изгаснати“

Најкритична и натаму останува состојбата со пожарот на Скопска Црна Гора. Утрово во неговото гаснење бил ангажиран еден хеликоптер, а сеуште е активен и пожарот кај Белица, во Општина Македонски Брод, кој денеска повторно се разгорел. Ангелов вели гаснењето ќе оди тешко поради непристапниот терен.

Од Дирекцијата за заштита и спасување предупредуваат дека состојбата може да се менува во текот на денот и дека поради високите температури постои опасност од повторно разгорување на постојните жаришта, но и од појава на нови пожари.

Во справувањето со огнените стихии може да допринесат временските услови бидејќи како што најавуваат од УХМРдо крајот на неделата не се очекува засилен ветер.

Предупредување стигнува и од Светската метеоролошка организација – сè почестите шумски пожари и топлотни бранови, поттикнати од климатските промени, дополнително го влошуваат квалитетот на воздухот и влијаат негативно врз здравјето на здравјето на луѓето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК — во трката влезе и Трајче Пеливанов

Петмина кандидати влегуваат во трката за избор на нов шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), потврди за Канал 5 првиот човек на Советот на јавни обвинители Башким Бесими. 

Пет кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК — во трката влезе и Трајче Пеливанов

Рокот за лично доставување на кандидатури заврши во саботата, а во последен час конкурирал Трајче Пеливанов, поранешниот обвинител на СЈО, кој пак сега е дел вишото скопско обвинителство. Иако рокот за пријавување официјално е истечен, Бесими објаснува дека во наредните денови ќе се разгледува и дали има кандидатури испратени по пошта, пред кандидатите понатаму да ја претстават својата програма пред членовите на советот. Според поранешната претседателка на антикорупционерите Слаѓана Тасева, новиот прв човек на ОЈО ГОКК треба да биде неутрален и непристрасно да делува при спроведувањето на правдата.

–Тука треба да биде назначен некој што е многу подготвен да работи првин во оваа сфера – да работи во сферата на организираниот криминал и во сферата на борба против корупцијата затоа што овие две форми на криминал стануваат секој ден се пософистицирани. И мора да биде неутрален и мора да постапува независно, затоа што независноста на јавниот обвинител всушност понатаму е витална за независноста на судот и тој мора да ги почитува правата на сите странки во постапката, вклучително и правата на лицата кои се осомничени.- Слаѓана Тасева, универзитетски професор и поранешна претседателка на ДКСК

Покрај Пеливанов, на огласот од претходно се пријави и неговиот колега од вишото обвинителство Јован Цветановски, познат во јавноста по тоа што одново ја отвори истрагата за злоупотребите при набавка на мазут, а за кого има и обвинение за злоупотреба на службената положба. За оваа позиција ќе се борат уште и обвинителката Искра Хаџивасилева, која го води случајот против судијата Ѓоко Ристов, обвинителката Лидија Раичевиќ, која претходно беше и кандидат за државен јавен обвинител, како и обвинителот Фатон Азизи, кој го води случајот на обвинителството во предметот „Адитив“. Мандатот пак на актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази истекува на 8 ноември, а тој веќе соопшти дека нема да се рекандидира. Изборот на новиот раководител на ОЈО ГОКК е предвидено да се одржи на 28 октомври, кога членовите на советот на јавни обвинители ќе гласаат за наследник на Абази. Според актуелниот закон, првиот човек на ова обвинителство има мандат од четири години со право на уште еден избор. Од друга страна пак, во собраниска процедура се наоѓаат и измените со кои се предлага мандатот на шефот на ОЈО ГОКК да трае шест години, без право на реизбор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер