Меџити: ФЗОМ побарал од МФ дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа - Канал 5

Меџити: ФЗОМ побарал од МФ дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа

ФЗОМ побарал од МФ дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година.

Меџити: ФЗОМ побарал од МФ дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа

Апликациите за ставање на лек на позитивна листа што се пристигнати во Министерството за здравство, 21 за лекови и четири за нутриенси, веќе се евалуираат од страна на стручната комисија, која почна со работа во септември и интензивно одржува состаноци, информираше денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, во обраќање на Втората годишна конференција за здравство во организација на Комитетот за здравство при Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам).

Пристигнатите апликации до овој момент, појасни тој, се однесуваат за лекови на оригинаторните компании, што претставуваат иновативна но истовремено и скапа терапија, а се наменети за употреба исклучиво во болнички установи, додека две апликации се поднесени за примарната листа.

Меџити потсети дека ставањето на лек на позитивна листа на лекови е процес, кој повторно доби свој нов почеток оваа година откако се донесоа измени во два системски закона и се донесе новиот Правилник за позитивна листа. Со тоа, посочи министерот, европските практики во оваа област се воведоа и во нашата земја и процесот на имлементација е веќе пракса. Во согласност со националните прописи донесувањето на Листата на лекови е во надлежност на Управниот одбор на Фондот, а предлогот со ранг листа на лековите кандидати за Листата е на стручната комисија за лекови, формирана од министерот за здравство.

Поточно, укажа министерот, апликациите се однесуваат на лекови што ги покриваат индикациите на малигните болести, мултипла склероза, кардиоваскуларните болести и хемофилија, како болести со посебно општествено-медицинско значење и намена за посебна ранлива група на пациенти.

Министерот појасни дека за овие лекови стручната комисија спроведе прелиминарно бодирање по критериумите што треба да ги оцени и се очекува, во согласност со правилникот, во април наредната година да биде спроведено првото рангирање на лековите-кандидати на Листата кои што имаат фискално влијание врз буџетот на Фондот.

Меџити нагласи дека лек што нема да има фискално влијание врз буџетот на Фондот, согласно правилникот не подлежи на рангирање и по спреведена оценка, комисијата својот предлог за овие лекови ќе го доставува до Фондот на месечно ниво. Кој лек и за која болест ќе биде рангиран на високо ниво ќе зависи од научните сознанија за неговата фармако-терапевтска вредност, фармакоекономската оправданост, етичките аспекти од неговата употреба, како и вклученост во листите од земјите од регионот.

- Не треба да заборавиме дека Република Македонија е земја со ограничени здравствени буџети за лекови, во однос на другите земји од регионот, но сите ние присутни претставници од релевантните институции ќе дадеме максимални напори за обезбедување на пораст на буџетските средства за лекови, за да се овозможи следење на здравствените придобивки во третманите на болестите со современа терапија, подвлече тој.

Министерот ја сподели информацијата дека за 2024 година од страна на Фондот до Министерството за финансии се побарани дополнителни 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа.

Тој рече дека постапката за ставање на лекови на позитивна листа е отворен и транспарентен процес, со јасно поставени критериуми што се оценуваат од страна на комисијата и утврдена табела со висина на бодови што се доделуваат за секој поединечен критериум кај секој лек. По однос на добиените бодови, во постапката, компанијата има можност да даде свои забелешки откако ќе добие известување од комисијата.

Што се однесува до национални водичи и клинички упатства за практикување медицина базирана на докази, тој додаде дека токму во моментот се врши превод и стручна редактура на клинички упатства кои кореспондираат со најчестите медицински состојби. Овие упатства првенствено се наменети како поддршка на лекарите од примарна и секундарна здравствена заштита. Но, со оглед дека им овозможуваат на лекарите пристап до последните научни докази и препораки во медицината и лекувањето, секако дека нивните содржини во делот на лековите и нивоата на доказ поврзани со нив ќе бидат од корист и поддршка и во одлуките за планирање и финансирање на новите лекови.

- Можам да информирам дека во тек е изработката на нови упатства за третман на медицинските болести, односно донесување на нови национални терапевтски водичи што помагаат во изборот на најадекватна терапија кај секоја медицинска состојба, и истовремено ќе бидат од корист и на стручната комисија која ќе може со голема сигурност да ги носи своите предлози во насока на постигнување на одржливо и континуирано финансирање на лековите што ќе бидат дел од позитивната листа, рече министерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германец го тужеше „Google“ поради снимки од куќа на „Google Maps“

Германски суд пресуди дека фотографии од станбени објекти во Германија не смеат да се објавуваат на „Google Earth“ и „Google Maps“ доколку сопствениците се спротивстават. 

Германец го тужеше „Google“ поради снимки од куќа на „Google Maps“

Одлуката уследи откако сопственик на куќа во Франкфурт го тужеше „Google“ поради користење сателитски снимки од неговиот имот. Претходно, истиот сопственик успеа да издејствува заматување на фотографиите од предниот дел на неговата куќа на сервисите „Google Street View“ и „Apple Look Around“.

Сега, тој покрена постапка и во врска со снимките од воздух на „Google Earth“ и „Google Maps“. Регионалниот суд во Франкфурт повторно пресуди во негова корист, утврдувајќи дека користењето на такви снимки без негова согласност е незаконско.

„Никој не треба да биде принуден да прифати јавно дистрибуирање на снимки од воздух од неговиот имот ширум светот без негова согласност, особено кога фотографиите прикажуваат делови од имотот што не се видливи за јавноста“, се наведува во соопштението на судот. Во овој случај, снимките на „Google Earth“ и „Google Maps“ го прикажуваа и задниот дел од куќата, кој минувачите не можат да го видат од улицата.

Судот го обвини „Google“ за шпионирање

Судот го обвини „Google“ дека дошол до снимките преку шпионирање, со образложение дека сопствениците на имотите не биле однапред известени оти сателити ќе ги снимаат нивните домови. Поради тоа, тие немале можност навреме да ги покријат деловите од својот имот што не сакале да бидат јавно достапни. Судиите исто така заклучија дека „Google“ не може да го оправда ваквото однесување повикувајќи се на правото на корисниците на интернет да пристапуваат до информации.

Судот оцени дека целта на „Google“ – придонесот кон демократизацијата на знаењето и создавањето транспарентно информатичко општество – е легитимна. Сепак, заклучи дека оваа цел не го оправдува навлегувањето во приватниот простор на сопствениците на имоти. Пресудата сè уште не е правосилна, бидејќи постои можност за жалба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОКТА ја продолжи иницијативата за попуст од два денари по литар дизел гориво

ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар на горива, воведувајќи привремен попуст од два денари по литар дизел..

ОКТА ја продолжи иницијативата за попуст од два денари по литар дизел гориво

Попустот стапува во сила денеска и ќе важи до 2 ноември 2026 година.. намалувањето ќе се однесува на дизел-горивото што ОКТА АД – Скопје им го испорачува на трговците на големо и на мало. крајните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат самите трговци, согласно со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови..

Со попусот на ОКТА, цената на дизелот ќе изнесува 97 денари.. цената што вчера ја испорача регулаторна изнесуваше 99 денари за литар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица

Во Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа показна вежба за постапување при пожар, со цел проверка на подготвеноста за итни ситуации, координацијата меѓу надлежните служби и процедурите за безбедна евакуација на повозрасните лица.

Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица

Вежбата се реализираше по повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, под мотото „Отпорноста започнува дома“, со акцент на превенцијата и заштитата на граѓаните на кои им е потребна дополнителна поддршка.

Во вежбата учествуваа просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, Пожарната бригада на Град Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и СВР Скопје, заедно со раководството и персоналот на Пензионерскиот дом. На настанот присуствуваа претставници на локалните и националните институции и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја истакна важноста на практичната подготовка и заедничкото дејствување на институциите.

-Безбедноста на нашите сограѓани е приоритет, а повозрасните лица заслужуваат особено внимание и грижа. Во итни ситуации секоја секунда е важна. Со ваквите вежби ја проверуваме подготвеноста, ги унапредуваме процедурите и ја зајакнуваме координацијата меѓу службите. Благодарност до сите учесници и до УНДП за партнерството и поддршката во градењето побезбедна и поотпорна општина - порача Стојкоски.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, нагласи дека отпорноста започнува дома, но се гради заеднички.

-Затоа е важно редовно да ги проверуваме процедурите, да ја подобруваме координацијата меѓу институциите и да бидеме сигурни дека секој може навремено и безбедно да биде евакуиран - изјави Григорјан.

Повозрасните лица се меѓу најранливите категории при катастрофи. Ограничената подвижност, здравствените состојби и потребата од помош при евакуација ја нагласуваат важноста на јасните процедури, обучениот персонал и навремената интервенција.

Целта е ваквите практични вежби да станат редовна практика и да придонесат за постојано унапредување на локалниот систем за заштита и спасување, затоа што навремената подготовка и добрата координација можат да спасат животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер