МакедонијаМеџити е оптимист дека ќе има скорешно решение за полагање правосуден испит и на Албански јазик Владата изготвува решение за полагање на правосуден испит и на Албански јазик.. Од Вреди се оптимисти дека наскоро ќе се изнајде решение кое ќе овозможи полагање на правосудниот испит и на албански јазик. Изет Меџити вели дека работни групи во владата интензивно подготвуваат соодветно решение, но наспроти ставот на нивниот колиционен партнер и премиер Мицкоски кој смета дека протестите на студентите од албанските универзитети биле политички мотивирани и обид за дестабилизација на државата, Меџити ги поддржува и протестите и барањата на студентите од албанска националност. „Тоа е демократско право, зошто во минатото немаше протести и како тие беа потиснати и контролирани од поранешните власти е друго прашање. Ние ги поддржуваме бидејќи студентите се авагарда во секоја држава и имаат реално барање и затоа владата посветено и секојдневно интензивно работи, односно работните групи за изнаоѓање на решение и за брзо време ќе се излезе со решение. Но, со тоа не се решаваат сите проблеми има доста други проблеми останати од претходната власт“ Меџити е убеден и дека Законот за правична застапеност кој веќе промина на седница на Влада и кој наскоро треба да се најде и пред Парламентот ќе ја добие потребната поддршка од пратениците и дека ќе биде обезбедено и потребното бадинтерово мнозинство. „Немам никаква дилема дека сите пратеници кои што се од немнозинските заедници, бидејќи бадинтерот се однесува на републичко ниво за сите заедници освен македонскиот народ и имаат ретка прилика ова прашање кое порано беше решено на партнерско ниво или на некои други начини, за прв има можност да биде решено со законско решение и мислам дека секој пратеник тоа ќе го искористи бидејќи оди во прилог на неговата заедница од којашто потекнува и ја застапува“ Законот за правична застапеност треба да го замени „балансерот“ кој беше укинат со одлука на Уставниот суд во октомври 2024-та. Со него меѓудругото се предвидува при вработувањата во јавната администрација да се води сметека и за квалитетот на кандидатите, а не само за нивната етничка припадност. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИнтер пазареше во Лондон, на Џизепе Меаца пристигна светски вицешампионАктуелниот италијански шампион Интер договори големо ново засилување за одбраната – аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро, кој доаѓа од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нероаѕурите“.Според информациите на аргентинскиот ESPN, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра. Процесот се забрзал по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, и раководството на лондонскиот клуб. Тотенхем првично бараше повисоко обесштетување за својот дефанзивец, но двата клуба на крајот сепак најдоа заеднички јазик. На тој начин, Ромеро ќе се врати во Серија А, каде што претходно се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во лигата, настапувајќи за Џенова, Јувентус и Аталанта. Одличниот Ромеро инаку со Аргентина ја освои светската титула во Катар во 2022 година. Договорениот финансиски пакет му овозможи на лондонскиот тим да поврати значителен дел од инвестицијата, додека Ромеро ќе ја оствари својата желба да ја напушти Премиер-лигата и да се врати во Италија. Со доаѓањето на Ромеро, Интер дополнително ќе ја засили одбранбената линија. Аргентинецот му се придружува на Џон Стоунс, кој неодамна пристигна од Манчестер Сити, а со овој потег клубот од Милано испраќа јасна порака дека сака да ја задржи доминацијата во Италија и да биде конкурентен во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваГеоргина и Кристијано викеднов не стапуваат во брак!?Не, свадбата на најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и бујната Георгина Родригез не е овој викенд.Иако на социјалните мрежи кружеа гласини дека Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез ќе стапат во брак овој викенд, тие информации се покажаа како невистинити. Шпекулациите беа поттикнати од наводна покана за свадба прикажана на португалската телевизија; сепак, потврдено е дека парот не планира свадба за овој викенд, пренесува *Hola!*. https://www.instagram.com/reel/DbTqk8Nvt61/?utm_source=ig_embed&ig_rid=AOHpYWgRTDpG40M-S_bq2qx Најновиот бран шпекулации започна откако во португалската емисија *V+ Fama* беше прикажан документ опишан како покана за свадба. Според документот, церемонијата била закажана за сабота, 1 август, во 17:00 часот, на имотот „Кинта да Регалеира“ во Синтра, Португалија. Наводно, поканата содржела и необично барање гостите да носат црна облека, што предизвика дополнителни дискусии на интернет. Сепак, списанието *Hola!* известува дека е категорично потврдено оти свадбата нема да се одржи овој викенд. Информациите поврзани со локацијата исто така ги побиваат гласините. Имотот „Кинта да Регалеира“ (Quinta da Regaleira) останува отворен за туристи на 1 август, а билети за разгледување се достапни во текот на целиот ден. Покрај тоа, за истата вечер на имотот е закажан настап на пејачката и продуцентка Силвана Перес, што ја прави малку веројатна можноста таму да се подготвува приватна свадба од висок профил. Претставниците на локацијата одбија да ги коментираат шпекулациите во медиумите. Иако парот ги чува своите планови во тајност, Георгина откри дека се надева на интимна прослава наместо на голем јавен настан. Во интервју за списанието *ELLE*, таа зборуваше и за свршеничкиот прстен што ѝ го подари Роналдо. Таа го опиша како прекрасен и призна дека ѝ требало време да се навикне на носењето на таков исклучителен дијамант. Експертите ја проценуваат вредноста на прстенот на најмалку пет милиони евра. Наместо да се подготвуваат за свадба, парот поминува време со семејството и пријателите. Тие неодамна се појавија на настанот *La Velada del Año* и го продолжуваат одморот на плажа, уживајќи во пливање, голф и редовни тренинзи. Овој опуштен распоред укажува на тоа дека тие се фокусираат на заедничко поминување време пред Роналдо да се врати на своите професионални обврски. Официјалниот датум на свадбата не е познат, но неколку фактори укажуваат на тоа дека е малку веројатно церемонијата да се одржи во скоро време. Се очекува Роналдо за неколку недели да се врати на тренинзите со својот клуб „Ал Наср“ – со кој има договор до 2027 година. Неговиот спортски распоред остава малку простор за организирање меѓународна свадба, па затоа е пореално да се очекува церемонијата да се одржи кон крајот на годината или подоцна.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациенткаМинистерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи.Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот. Министерството апелира да не се изнесуваат предвремени заклучоци сè додека не завршат надлежните постапки. За утврдената фактичка состојба и за евентуалните натамошни мерки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook