Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
МакедонијаМеџити: Чаир ќе се модернизира преку поставување на подземни контејнери за комунален отпадДенес сме собрани овде за да прогласиме крај на една ера на импровизации и да го означиме почетокот на системско, темелно и долгорочно решавање на еден од најголемите предизвици за нашата општина, комуналната хигиена.Сликите на преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредни јавни површини не смеат повеќе да бидат дел од секојдневието на Чаир. Овие слики не само што го нарушуваат угледот на нашата општина, туку директно влијаат врз квалитетот на живот и здравјето на секој од нас, на нашите деца и на нашите најстари. Затоа, денес не сме тука да зборуваме за проблеми. Проблемите сите ги знаеме и ги живееме. Денес сме тука да понудиме јасен, конкретен и остварлив план. Визија која ќе го трансформира Чаир во чиста, уредна и модерна општина, каква што сите ја заслужуваме. Нашата стратегија се темели на три клучни столба: ПРВ СТОЛБ: МОДЕРНИЗАЦИЈА И ТРАЈНО РЕШЕНИЕ, ИНСТАЛАЦИЈА НА ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ На Чаир му е потребна револуција во управувањето со отпадот. Затоа, го најавуваме нашиот капитален проект: „Чаир без отпад на улиците“. Овој проект предвидува целосна замена на постоечките, честопати нефункционални контејнери со најсовремен систем на подземни контејнери низ целата територија на општината. Се обврзуваме на целосна замена на постоечките садови за отпад со современ систем на подземни контејнери. За овој капитален зафат, обезбедуваме буџет од 120.000.000 денари, со рок на имплементација од 36 месеци. Што добиваме со ова? Естетски убава и чиста средина: Подземните контејнери го елиминираат визуелното загадување и го ослободуваат јавниот простор, како тротоарите и паркинг местата. Крај на непријатните миризби: Системот е херметички затворен, со што трајно се спречува ширењето на непријатни миризби, особено во летните месеци. Зголемен капацитет и ефикасност: Еден подземен контејнер заменува пет до шест стандардни контејнери, што значи поретки и поефикасни операции за празнење. Спречување на расфрлање на отпадот: Се оневозможува пристапот на животните и неовластените лица до отпадот, со што се става крај на грдите слики околу контејнерите. Ова не е далечна иднина, ова е проект кој ќе започне со реализација веднаш, во фази, почнувајќи од најкритичните точки во општината. ВТОР СТОЛБ: СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ГРАД СКОПЈЕ И ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ Чистотата на Чаир не е одговорност само на општината. Таа е заедничка грижа. Затоа, ќе иницираме и воспоставиме највисоко ниво на соработка со Град Скопје и со јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Што конкретно значи ова? Заеднички оперативен план: Ќе формираме заедничко координативно тело кое ќе изготви динамичен план за чистење, со јасно дефинирани обврски. Нема повеќе префрлање на одговорноста. Зголемена фреквенција на услуги: Ќе договориме и обезбедиме почесто подигање на отпадот, редовно машинско и рачно метење, како и миење на главните улици и булевари во Општина Чаир. Мобилни еко-тимови: Ќе воведеме мобилни тимови за брза интервенција кои ќе реагираат веднаш на пријави од граѓани за диви депонии или поголеми количини на отпад. Нашата цел е јасна: машинеријата на „Комунална хигиена“ да биде постојано присутна на терен, а не само пред празници или за време на кампањи. ТРЕТ СТОЛБ: ЧАИР Е НАШ ЗАЕДНИЧКИ ДОМ , ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ Најубавите проекти и најдобрата соработка нема да успеат ако не ја разбереме дека чистотата започнува од секој од нас. Ќе покренеме широки едукативни кампањи под мотото „Мојата улица, мојот дом“. Ќе соработуваме со училиштата, со урбаните заедници и со граѓанскиот сектор за да изградиме нова култура на живеење и однос кон јавниот простор. Почитувани, Ова е нашиот план. Тој не е список на желби, туку сериозна и обмислена стратегија со јасни чекори, рокови и одговорност. Време е Чаир да го добие ликот што го заслужува, лик на модерна, чиста и европска општина. Ние сме подготвени да работиме деноноќно за да ја оствариме оваа визија. Ги повикуваме и граѓаните, и институциите, да ни се придружат. Заедно, ќе создадеме почист, поубав и поздрав Чаир за сите нас и за генерациите што доаѓаат, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter