КултураМедиумска писменост во високото образование –„Секоја вест на тест“Студентите на Педагошкиот факултет, но и другите кои студираат на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола од неодамна имаат на располагање прирачник за медиумска писменост во високото образование. Содржините на публикацијата „Секоја вест на тест“ ги составија универзитетските професори Виолета Јанушева, Данче Сивакова Нешковски, Јове Димитрија Талевски, Милена Пејчиновска Стојковиќ, асистентката Марија Стојаноска, а креативен придонес имаа и студентите Димитар Атанасовски, Бојана Мандровска, Благица Наумова и Ева Нешкоска, чија единствена цел како што нагласуваат, е во денешниот свет преполн со различни медиуми и информации, токму со медиумска писменост да се развиваат вештините за критичко размислување, но и да се разбира начинот на кој медиумите ги обликуваат културата и општеството. Во прирачникот поместени се теоретски сознанија за актуелни медиумски содржини, на студентите им се овозможува да се запознаат со значењето на медиумската писменост, учат како да пристапат до медиумски содржини и да ги анализираат, а потоа како медиумски писмени граѓани, подобро да ги разбираат сложените медиумски пораки од весниците, книгите, телевизијата, билбордите, веб-страниците и други медиумски извори. - Медиумската писменост е важна во високото образование бидејќи студентите ќе може брзо и ефикасно да препознаваат пристрасно известување, дезинформации и лаги. Медиумската писменост помага да се разбере влијанието на медиумите врз индивидуата и општеството, таа ја подига свеста на луѓето за сопствената култура и вредности и вклучува доживотно учење. Преку наставата за медиумска писменост студентите може да му дадат смисла на своето искуство со медиумите и со новата технологија. Медиумската писменост треба да ја развива свеста на студентите за општествената одговорност, да станат медиумски одговорни личности, односно да ја препознаваат својата гледна точка, да знаат што сакаат да кажат и на кој начин тоа сакаат да го кажат, вели професор д-р Јове Димитрија Талевски. Во свет заситен со медиуми, не е доволно да се биде само писмен, односно да се знае да се чита и пишува, туку треба да се биде и медиумски писмен, сметаат уредниците на публикацијата. Медиумски писмените луѓе се способни да пристапат до информациите, да ги анализираат и оценуваат. Колку повеќе луѓето се медиумски писмени, толку повеќе тие ги разбираат информациите. Затоа, од големо важност е да се разбере значењето на медиумската писменост посебно во дигиталната ера затоа што сите ние можеме да бидеме корисници и создавачи на интернет. Оние што се медиумски писмени и што разумно и критички ги употребуаат сите медиумски платформи се оспособени да учествуваат во општествениот живот и токму затоа Педагошки факултет издаде и промовира Прирачник за медиумска писменост. - Прирачникот доаѓа во вистински момент бидејќи проблемот со лажните вести, со неточните вести и други облици на медиумски измами е навистина голем. Затоа е многу битно, не само за возрасните, не само за студентите, туку овие теми да се учат од најмалата возраст, уште од основното образование, е за тоа треба да се обучат наставниците во основното образование. Затоа сметам дека Педагошкиот факултет е на вистинскиот пар бидејќи на идните наставници кои ги образува, преку овој прирачник ќе едуцира за значењето на медиумската писменост, бидејќи не се проблем само лаѓните вести, туку се јавуваат и лажни фотографии, лажни видеа, а најнов тренд е лажниот глас. Многу скоро ќе се случи да неможете да бидете сигурни во веродостојноста на тоа што го гледате и слушате на видео материјали, а тоа значи дека расудувањето и процената на содржините ќе е најбитна, смета ректорот на УКЛО-Битола, проф. д-р Игор Неделковски. Во прирачниот за медиумска писменост, студентите дознаваат за Кодексот на македонските новинари, ја препознаваат сопственоста на медиумите во државата и стануваат свесни за разликата меѓу сопственик, уредник и новинар на одреден медиум. Според уредниците на публикацијата, сопственоста на медиумите има големо значење бидејќи директно влијае на информациите што ги добиваа читателите и на перспективите на кои се изложени, односно ако сопственици на еден медиум се неколку моќни поединци или корпореции, тоа може да има влијание врз објективноста на известувањето и врз содржините за кои известува. Во таа смисла, авторите препорачуваат сопствениците на медиумите треба да се грижат за своите деловни интереси и за добивката, но не треба да ги загрозуваат независноста и објективноста на уредниците. Прирачникот е вклучен во наставниот процес од наставните предмети „Медиумска култура во наставата“, „Медиумска писменост“ и „Лингвистилистика“ и препорачан од рецензентите, универзитетските професори Људмил Спасов и Силвана Нешковска, за како што нагласуваат, судентите да ги продлабочат своите сознанија за медиумска писменост. -Прирачникот ја нагласува неминовната потреба од подобрување на медиумската писменост во денешно време. Преку содржините, студентите ги продлабочуваат своите сознанија за основните чинители во медиумскиот простор, новинарските стандарди, како и проблемите со довербата во медиумите, различните видови на лажни вести и проблемите со кредибилитетот во новинарството. Покрај теориските аспекти, во прирачникот има содржини што практично им помагаат на студентите да ја подобрат својата медиумска писменост и поумешно да препознаваат дезинформации, лажни вести и стереотипна содржина во медиумскиот пејзаж. Дополнително, содржините им помагаат на студентите да препознаат и содржина создадена од вештачка интелигенција, како нов аспекти од медиумската писменост денес, истакнува професор д-р Силвана Нешковска, рецензент на публикацијата „Секоја вест на тест“. За подобра медиумска писменост во високото образование, за студентите значајни се позавањата или препознавањата на дезинформации преку плагијат, затоа што според авторите, проблемите со плагијаторството и кршењето на авторските права се поголеми од кога било. Плагијатот е голем проблем на академската заедница, но се јавува и во медиумите. Често се случува од невнимание или мрзеливост да се преземе содржината од веќе објавена вест, без да се наведе оригиналниот извор. Но, кога се копираат содржини од други медиуми, без да се наведе изворот, може да се пренесе и дезинформација, посебно во случај кога оригиналните информации се погрешни. Ова води до ширење неточни информации што е дополнителен проблем, посочија од уредниците на прирачникот за медиумска писменост „Секоја вест на тест“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2026 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата. Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација. Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите. МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим. ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект. На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим. На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела ВодаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter