Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
БалканМедиумите во регинот за убиството на Вања Ѓорчевска Медиумите од регионот објавија вести за најновите детали поврзани со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, повикувајќи се на информациите од денешната прес-конференција на министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски. Сите медиуми во Србија - РТС, РТВ, ТВ Н1, Еуроњус Србија, ТВ Нова, Политика, Танјуг, Данас, Блиц, Курир, порталите, социјалните мрежи, како топ тема, од кои повеќето од час на час соопштуваат за грабнувањето и убиството на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, како голема трагедија која ги потресе граѓаните во регионот, јави дописникот на МИА од Белград. Повикувајќи се на информациите од прес-конференцијата на министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски, српските медиуми ги пренесуват „шокантните“ детали за грабнувањето и убиството, апсењето на обвинетите, мотивите и инволвираноста на петмината осомничени во оваа трагедија што ја потресе Македонија. -Главниот организатор и извршител кој на 27.11.2023 година некаде околу 11.00 часот ја уби малолетничката со пиштол во страв од доказите до кои МВР може да дојде, го извршил ова кривично дело. Ќе сторам се за да го изведам овој монструм пред лицето на правдата штом стапне на наша почва, го наведуваат медиумите министерот Спасовски. Според медиумите, првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежовски е Љупчо Палевски Палчо које е во бегство заедно со неговиот адвокат, чиј идентитет обвинителот Гаврил Бубевски не можеше да го открие поради истрагата. -Државата ја напуштил со автомобил и се упатил во Белград. Потоа оттаму отишол следниот ден во Бугарија, а сега полицијата е во траг на Палевски, но Спасовски не сакаше да открие каде се наоѓа, соопштија српските медиуми. Како што пишува Блиц, Љупчо Палевски неодамна бил приведен во Хрватска, а како што се дознава, пред неколку години бил приведен и во Србија по хрватска потерница. Каконаведува пишува Блиц, тој бил приведен во Белград во 2019 година, кога сакал да се качи на авион за Москва. Палевски по хрватска потерница бил приведен и бил во екстрадиционен притвор. Според неговиот адвокат Васко Стојков, апсењето е извршено по хрватска потерница, поради долг на неговата фирма во Хрватска од 2.500 евра. Стојков тогаш рече дека тој никогаш не добил покана на адреса во Македонија да се појави пред хрватските правосудни органи. Медиумите ја наведуваат изјавата на обвинителот Бубевски дека „осомничените кои се во притвор ќе одговараат за опасност од бегство и влијание и најстрога можна мерка. За лицето кое не е во земјата ќе биде распишана меѓународна потерница. Хрватските медиуми јавија дека не е јасна поврзаноста меѓу убиството на 74-годишникот Панче Жежовски и Вања. Медиумите во Загреб пренесуваат дека ниту еден од семејството на Панче не ја познавал Вања ниту кој било од нејзината фамилија. Тие јавија дека според неофицијални инфомрации во случајот со Вања станува збор за изнуда на пари од нејзините родители додека во сличќајот со Жежовски пари биле од лица со кои бил во роднинска врска. Дел од нив јавија дека Палевски бил приведен во Хрватска. Она што најмногу ги измачува во Македнците е фактот дека исчезнувањето на Вања е пријавена двапати во различно време, наведува Слободна Далмација. Бугарските медиуми јавија дека извршителот на убиството на В.К. ја напуштил нашата држава со автомобил со својот адвокат и заминал за Белград по што се упатил во Бугарија. Тие пренесуваат детали од утринската прес конференција на министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Бубевски. Во нивните извештаи се додава дека таткото на Вања е нарачател на убиството. Во дел од нив се наведува дека осониченито убиец Љупчо Палевски е „еден од директните одговорни за омразата кон Бугарија“. Медиумите во нашата источна сосед нагласуваат дека државава е потресена од убиството на 14-годишната Вања Ѓрочевска. Целта на киднапирањето на Вања наведуваат тие е изнуда на пари од мајката која била разведена од сопругот, татко на малолетничката. Пренесуваат дека киднаперите откако ги фатило паника одлучиле да го убијат девојчето со пиштол. Бугарското Министерство за внатрешни работи попладнево објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје „Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА. Албанските медиуми, без исклучок, кои и претходно информираа за случвањата околу исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, информираат опширно и за последните случувања. „Ужас предизвикан од најблиските“, медиумите ги нарекуваат двете убиства што деновиве ја разбрануваа пошироката јавност во регионот, тоа на Лиридона Адемај (32), од Косово, мајка на две деца, чие убиство го нарачал нејзиниот сопруг за 30 илјади евра и која беше егзекутрана пред очите на децата, а во присуство на сопругот, со цел да добе милионски износ на средства од осигурувањето. И за случајот со Вања „никаков паричен интерес не може да го оправда однесувањето на таткото“, пишуваат албанските медуми. „Исчезнатото девојче во Скопје пронајдено мртво“, „Во грозоморниот чин вмешан и таткото“, „Настан кој ја вознемири јавноста во поширокиот регион заврши трагично“ се дел од насловите на информациите кои ги пренесуваат медиуми. -Настанот што ја шокираше јавноста во Македонија и пошироко, доби завршница од која многумина стравуваа. Сомнежите на полицијата товари повеќе од 5 лица, од кои тројца веќе се во притвор. Скопското обвинителство соопшти дека на распит е и таткото на убиеното девојче, чија смрт е трагедија за семејството но и нејзините соученици и сите граѓани, наведува Топ чанел. Медиумите ги пренесуваат и изјавите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при тоа оценувајќи дека полицијата покажала висока ефикасност во расветлувањето на случајот. -Полицијата ќе направи се за да се изведе пред лицето на правдата главниот сторител на делото. Станува збор за лицето со иницијали Љ.П од Скопје, надалеку познат како водач на политичката партија „Десна“. Ќе направиме се овој човек или овој монструм штом стапне на нашата земја да биде изведен пред лицето на правдата, рече Спасовски. Според Спасовски, наведуваат медиумите, мотивот за двете убиства, на девојчето и жител на Велес е од личен интерес. Медиумите го пренесуваат и целиот тек на грабнувањето на Вања, повикувајќи се на изјавите на македонските надлежни органи. -Шокантно, трагедија, ужас, исчезнатото 14-годишно девојче во Скопје е пронајдено убиено. Во случајот вмешан и таткото на девојчето, кој помогнал во киднапирањето, а потоа пријавил негово исчезнување. Она што е пролематично е што тој се јавил во 11 часот или час по убистото на девојчето, наведува Ора њуз. Јавноста е во шок по убиството на 14-годишното девојче, кое пред една недела беше киднапирано пред нејзиниот дом во Скопје, а вчера беше пронајдена мртва на локација надвор од Скопје, во киднапирањето на 14-годишната наводно е вмешан и нејзиниот татко, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, на почетокот од текстот за убиството на Вања, текст кој го презедоа онлајн медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. „Скопје: Мртва 14-годишната која беше киднапирана-се истражува вмешаност на нејзиниот татко“; „Шок од суровото убиство на 14-годишната Вања, која беше киднапирана во Скопје“; „Македонија: Пронајдена мртва 14-годишната, која беше киднапирана во Скопје“; „Скопје: пронајдена мртва 14-годишната – се бара нејзиниот убиец“; „Пронајдена мртва 14-годишна киднапирана во Скопје – се чини дека е вмешан нејзиниот татко“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои ја пренесуваат веста од АНА-МПА. Грчката новинска агенција, ги пренесува изјавите на министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и ставот дека мотивот за киднапирањето била лична корист, со цел киднаперите да извлечат пари од мајката на 14-годишната, но и дека наводно, добиените информации за девојчето биле од нејзиниот таткото. -За случајот уапсени се три лица, додека убиецот првично побегнал во Србија, а оттаму во Бугарија и се трага по него. Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска негира вмешаност во киднапирањето на неговата ќерка. Според министерот за внатрешни работи на Македонија, „мозокот“ на киднапирањето ја убил 14-годишната со пиштол, во страв дека би можел да биде уапсен од полицијата која имаше започнато истрага за киднапирањето, пишува АНА-МПА. Во опширниот текст додава дека полицијата го знае идентитетот на убиецот, дека станува збор за контроверзен бизнисмен, познат на полицијата од минатото, а е и основач на мала вонпарламентарна националистичка партија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter