Медиуми во ЕУ: Резолуцијата за Сребреница изнудена во поделеното Генерално собрание на ОН

Усвојувањето на резолуцијата на ОН за геноцидот на Сребреница е „дипломатско фијаско“ за Западот, тоа е „национална жешка тема и нешто најдобро што можеше да му се случи на претседателот Александар Вучиќ во овој момент“.

Усвојувањето на резолуцијата на ОН за геноцидот на Сребреница е „дипломатско фијаско“ за Западот, тоа е „национална жешка тема и нешто најдобро што можеше да му се случи на претседателот Александар Вучиќ во овој момент“, тоа беше и „изнуден чин на поделената меѓународна заедница“, се оценки на медиумите во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ смета дека на внатрешен план, со оглед на тоа што на 2 јуни ќе се одржат избори во Србија, на Вучиќ му одговора изгубеното гласање во ОН и гневот што го предизвика против Германија.

Францускиот весник „Монд“ оценува дека усвојувањето на резолуцијата во ГС на ОН за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница „е изнуден чин на поделената меѓународна заедница бидејќи изгласувањето на резолуцијата била далеку од едногласна."

„Монд“ истакнува дека „досега тоа е единствената резолуција, по оние за геноцидот во Руанда во 2003 година и холокаустот во 2005 година, која не беше прифатена од мнозинството членки на ОН, иако во неа не се ни споменува одговорност на Србија“.

Парискиот весник сугерира дека тоа „претставува дополнителен симптом на владејачката поделба во Генералното собрание на ОН“ и „туркањето на страна на важноста на западниот блок повеќе не е табу во Њујорк“.

Германскиот портал „Дојче веле“ ја пренесува анализата на швајцарската радио-телевизија СРФ дека резолуцијата е донесена „по тешка борба и претставува дипломатско фијаско“.

- Усвојувањето не е со убедлив резултат. Тоа е шлаканица за Западот кој најмногу ја поддржа одлуката, објави швајцарското радио и телевизија.

СФР додава дека Вучиќ жестоко ги нападнал поддржувачите на резолуцијата, кои ги опишал како „моќни, големи, арогантни“. Тој ги праша дали резолуцијата ќе донесе помирување и веднаш одговори: „Не“, додавајќи дека „тоа носи раздор“.

- Дебатата што се одржуваше со недели пред и зад сцената на ОН беше сè само не помирлива, пишува швајцарскиот СРФ. Многу државни делегации ги обвинија иницијаторите дека не преговарале транспарентно и дека не биле доволно упорни во барањето консензус.

Во анализата се подвлекува дека моментот за гласање на резолуцијата бил „крајно несреќен“ затоа што „сега се занимаваме со геноцидот што се случил пред 29 години, додека во Газа се вршат воени злосторства“.

СРФ заклучува дека сето тоа „уште еднаш покажува колку длабоки се поделбите во ОН и колку малку воља има да во обидите да се надминат“.

Георгиев: Францускиот предлог не е проблем меѓу Скопје и Софија, туку меѓу Брисел и Македонија

Спроведувањето на францускиот предлог ќе биде строго следено, вели шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев.

Спроведувањето на францускиот предлог ќе биде строго следено, вели шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, според кого, тоа не е билатерално прашање меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Македонија..

„Во однос на дебатата за подготвеноста на ЕУ со оглед на идните процеси за проширување, Бугарија има свои позиции и таа не поддржува било какви и да се разговори во однос на промена на договорите на ЕУ кои ги сметаме за апсолутно незаобиколив дел за продолжување на тие процеси.

Во 2022 година постигнат е европскиот консензус (францускиот предлог) кој строго ќе се следи. Секоја земја мора да ги почитува критериумите, да се придржува до нив. Членството во ЕУ се заснова на сопствените заслуги. Бугарија и владата остануваат апсолутно цврсти и посветени на овој пристап.“

Гостин влегол во хотелска соба во Холандија и се шокирал- на подот лежело чудно животно (ФОТО)

Необична приказна е снимена во холандски приморски хотел, откако вознемирен гостин се симнал на рецепција и пријавил „натрапник“ во неговата соба.

Збунетите работници решиле да проверат што се случува и биле шокирани од сцената, пренесува UPI.com.

Приказната се појави на социјалните мрежи, каде што е наведено дека персоналот на хотелот, на почетокот, не можела да поверуваат што се случува.

Кога стигнале во собата, нашле преслатка сива фока како дреме на подот! Тие веднаш повикале експерти за диви животни да ја вратат во природното живеалиште.

Сведоците на надреалниот настан велат дека фоката била „вознемирена бидејќи ја разбудиле“, но дека безбедно била ставена во кошница и пренесена на морскиот брег.

„По истрагата, најдовме трага на плажата и сфативме како таа стигнала до собата. Нашиот тим е доволно вешт да ја премести фоката на безбедно, потивко место. Гостите на хотелот доживеаја авантура која никогаш нема да ја заборават“, се вели.

Гневни жители на Лос Анџелес фатија пироман на дело, полицијата го спаси (ВИДЕО)

Гневните жители на Лос Анџелес, кои неодамна го преживеаја ужасот од катастрофалните пожари што го зафатија градот, фатија уште еден пироман кој, како што тврдат, подметнал пожар во близина на нивните домови.

На интернет се појавија снимки на кои се гледаат гневни граѓани како со автомобили го бркаат напаѓачот, кој подоцна беше идентификуван како Алехандро Мартинез (41), објави Дејли Меил.

Снимен е и маж како го следи Алехандро пешки и го турка на земја.

„Погрешно маало, пријателе“, му вели човекот.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Мартинез, кој лежел на земја, им се предал на властите и бил однесен во најблиската станица.

„Навистина ништо не украдов“, се слуша како вели Алехандро на шпански.

Сепак, украдените предмети не се нешто што ги исплашило граѓаните. Тие им кажале на полицајците дека го виделе Алехандро како се крие во грмушките, а потоа го следеле кога се обидел да избега.

Во меѓувреме пожарот што го предизвика Алехандро се проширил на десет метри квадратни, но пожарникарите брзо го локализирале.

„Да беше ветрот посилен, можеше да биде многу полошо. Со оглед на тоа што се случува во последниот месец, луѓето се многу повнимателни и поподготвени кога се во прашање пожарите“, вели младиот човек кој го снимил инцидентот.

Тој исто така рече дека луѓето биле многу лути.

Да потсетиме дека во катастрофалните пожари што избувнаа минатиот месец изгореа повеќе од 57.000 хектари, загинаа најмалку 29 лица, а беа уништени повеќе од 16.000 домови и згради.

Сè уште е во тек истрагата за тоа како настанале овие пожари, а според некои информации, можеби се виновни подметнувачите на пожари.

притисни ентер