Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија
1Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
2ВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на Македонија
3ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
АвтомобилизамМедиуми: Пирло нов тренер на СампдоријаПовеќе италијански, како и англиски медиуми објавија дека е постигнат договор за соработка меѓу Сампдорија и Андреа Пирло.Според истите извори, поранешниот италијански репрезентативец и ѕвезда на Интер, Јувентус и Милан, ќе потпише договор на две години со клубот од Џенова. Пирло во текот на оваа недела треба официјално да биде промовиран во нов тренер на Сампдорија која по долги години прв пат го загуби прволигашкиот статус и од следната сезона ќе игра во Серија Б. Пирло на клупата на Сампдорија ќе седне на местото на српскиот стратег Дејан Станковиќ, кој во октомври лани беше назначен за тренер, но не успеа да обедзбеди останок и под негово водство клубот од Џенова заврши на последното место. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бранОпштина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот.„Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“. Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар се врши бесплатно мерење на крвен притисок. Инфо-штанд ќе биде поставен и во петок пред маркетот „Тинекс“ на пазарот „Буњаковец“, во истиот термин, каде граѓаните ќе можат да добијат здравствени проверки и совети за заштита од високите температури. Општина Центар будно ги следи препораките на здравствените институции и ќе продолжи да делува во согласност со нив, со цел заштита и поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноВознемирувачко видео: Познат инфлуенсер од Мексико убиен за време на пренос во живоСнимал со пријателите, а потоа следи БРУТАЛЕН напад!Мексиканскиот инфлуенсер Цезар Гастелум беше застрелан и убиен за време на пренос во живо на социјалните мрежи. Гастелум во вторникот вечерта снимал видео со двајца пријатели пред ресторан за брза храна во населбата „Трес Риос“ во градот Кулиакан, во северно Мексико, кога му пришле двајца мажи на мотор. Едниот од нив неочекувано во еден миг вади пиштол и пука од непосредна близина во инфлуенсерот и го убива. Гастелум имал повеќе од половина милион следбеници на „Тик-ток“, каде што главно објавувал хумористични видеа. Ова не е првпат инфлуенсер од социјалните мрежи да биде убиен во Мексико. Минатата година, 23-годишната Валерија Маркесубиен се наоѓала во козметички салон додека емитувала содржина во живо на „Тик-ток“. 😡🚨🎥Influencer mexicano #ASESINADO a tiros durante una transmisión en vivo de TikTok Dos hombres en motocicleta le dispararon a César Gastélum a quemarropa en la cara afuera de un restaurante en Culiacán.💀 pic.twitter.com/lyadpXFwAq — ®️The Hunter ✠ 🪖 (@Bel31278Andres) August 6, 2026 Досега никој не е уапсен, а двајцата напаѓачи на мотор побегнале од местото на настанот. Засега не е познато дали Гастелум претходно добивал закани. На својот профил на Инстаграм, тој често објавуваше фотографии од патувања и ноќни излегувања, како и слики на кои позира пред луксузни автомобили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Новите законски решенија и инвестициите во обновливи извори ја градат енергетската независност на МакедонијаПолитиките што ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ носат видливи резултати и во енергетиката. За само две години поставени се цврсти темели за енергетска независност, зелена транзиција и модерен енергетски систем кој ќе обезбеди сигурност, нови инвестиции и одржлив развој. По години на застој, денес Македонија има нов Закон за енергетика, усогласен со европските директиви, како и Интегриран национален план за енергија и клима, со кој за првпат се поставува јасен правец за декарбонизација, развој на обновливите извори на енергија и исполнување на европските стандарди. Довербата во овие политики ја потврдува и големиот интерес на инвеститорите. Над 800 инвестициски иницијативи за нови проекти во обновливите извори на енергија се доказ дека Македонија станува сигурна и атрактивна дестинација за домашни и странски инвестиции. Тоа значи повеќе домашно производство на електрична енергија и поголема енергетска независност. Во исто време, Владата реализира капитални проекти кои го модернизираат енергетскиот сектор. Државниот батериски систем за складирање енергија, дигитализацијата на постапките за изградба на ветерни електрани, финансиската поддршка за производителите на обновлива енергија и новите законски решенија создаваат современ и конкурентен енергетски пазар. Посебно внимание се посветува и на енергетската ефикасност. Со реконструкција на јавните објекти, формирање Фонд за енергетска ефикасност, обезбедување нови финансиски средства од меѓународните партнери и воведување обврска за поставување соларни панели на јавните објекти, се создаваат услови за помала потрошувачка на енергија, пониски трошоци и почиста животна средина. Финансиската поддршка што Македонија ја добива од Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Светската банка и другите меѓународни партнери е дополнителна потврда дека реформите што ги спроведува Владата се препознаени како кредибилни и усогласени со европските политики. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со истото темпо на работа, затоа што силната енергетика е предуслов за силна економија, нови инвестиции, повисок животен стандард и посигурна иднина за сите граѓани. Резултатите се видливи, а со реформите што се реализираат денес се поставуваат темелите на енергетски независна, економски посилна и европски ориентирана Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook