Медицински техничар од Шведска во поддршка на колегите на Инфективна клиника

Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопи во работниот процес со своите нови колеги. 

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид19.

Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопи во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренесе своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнаа да се вклучи во работните процеси.

„Незимерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина." – изјавуваат од клиниката.

Неговиот работен ангажман ќе трае еден месец. За целиот овој период тој ќе работи на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со Ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за МЗ.

Министерство за здравство

Почна раното гласање на претседателските избори во САД (ВИДЕО)

Гласачите денеска излегоа на гласачките места во Минесота во пресрет на предизборните посети на претседателските кандидати.

Републиканскиот кандидат и сегашен претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат од Демократската партија, Џо Бајден, беа во оваа сојузна држава.

Предвремено гласање на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави започнува во три земји, според агенцијата Ројтерс.

Четириесет лица гласаа во првите 30 минути по отворањето на единствениот центар за гласање во Минеаполис, а во оваа земја Трамп загуби со мала разлика во 2016 година и посакува подобар исход на овие избори.

Гласачите во Вирџинија, Јужна Дакота и Вајоминг исто така денеска започнаа да гласаат. Некои гласачи од Минесота изјавија дека едвај чекаат да започне изборниот процес и дека сакаат да ги избегнат потенцијалните гужви на денот на изборите.

Пандемијата на коронавирус драстично ги промени изборните традиции во САД, според Ројтерс. Кампањите, патувањата се значително намалени, а голем број гласачи се очекува да гласаат во раните часови или по пошта, бидејќи многу Американци сакаат да го намалат контактот со повеќе луѓе за да спречат ширење на ковид- 19.

„Само сакав да дојдам и да завршам сè“, вели Џејсон Мајлс, 33-годишен сликар, кој чекаше многу пред да се отворат избирачките места за да гласа за Бајден. Тој вели дека не можел повеќе да чека за да гласа против Трамп.

"Бев инспириран за да дојдам првиот ден. Всушност, пред 3,5 години мислев дека ќе дојдам тука на првиот можен ден".

Сите гласачи во Минеаполис стоеја во ред со маски на лицата поради епидемијата.

Трамп беше критикуван за митинзите пред изборите, каде многумина не носеа маски. Републиканскиот претседател според државните анкети заостанува зад Бајден, додава Ројтерс, кој наведува дека Бајден има значителна предност во Минесота (10,2 проценти).

Ролан Гарос ќе се игра пред публика

Пет илјади гледачи дневно ќе можат да ги следат тениските натпревари на грен слем турнирот Ролан Гарос, кој оваа година се одржува од 27 септември до 11 октомври, објавија денеска организаторите.

Квалификациите започнуваат во понеделник.

„Носителите на нумерирани билети за теренот „ Филип-Шатриер “ќе ги задржат своите билети и ќе имаат пристап до целиот стадион од 12 хектари, вклучувајќи ги терените Сузан-Ленглен и Симон-Матје. На сопствениците на билетите за терените Сузан-Ленглен и Симон-Матје ќе им се вратат парите“, напишаа организаторите на Твитер профилот на турнирот.

Пред околу десетина дена, Ролан Гарос воведе опција според која турнирот може да го следат секој ден 11.500 гледачи кои ќе бидат распределени во три независни сектори на три главни полиња: Филип-Шатјер (5000 места), Сузан-Ленглен (5000) и Симон-Матје 1500). Но, вчера тие мораа да ја намалат таа бројка на 5.000.

Разочараните купувачи на билети ќе имаат можност „да купат приоритетни билети“ во 2021 година, додаваат организаторите.

Ролан Гарос вообичаено се одржува кон крајот на мај и почетокот на јуни, но е одложен за есен поради пандемија на коронавирус.

Франција денеска ги урива рекордите со над 13 000 новозаразени со корона

Франција денеска објави 13.215 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа. Тоа е нов дневен рекорд, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, 123 лица починале од ковид-19, со што бројот на починати од коронавирус достигна 31.249.

Како што расте бројот на новоинфицирани, повеќето региони и градови во Франција имаат засилени ограничувачки мерки. Ница објави дека ќе забрани јавни собири на повеќе од 10 лица и ќе го ограничи работењето на локалите. Слични мерки во понеделникот веќе беа воведени во Марсеј и Бордо.

И Париз, каде заразата се шири најбрзо, забрани јавни собири на повеќе од десет лица. Властите испратија препорака да не се одржуваат приватни собири на повеќе од десет лица.

притисни ентер