Мечка упаднала во двор среде бел ден! (видео) - Канал 5

Мечка упаднала во двор среде бел ден! (видео)

Она што го направи, ги натера луѓето да се запрашаат, што ако и децата беа во дворот? 

Мечка упаднала во двор среде бел ден! (видео)

Во последниве години сè повеќе сме сведоци на посетата на дивите животни во местата на живеење на луѓето, па шумата и воопшто природата повеќе не им се единствени живеалишта. Вакви ситуации се случуваат и во Македонија, каде честопати се забележани диви свињи, срни, па и мечки во близина на домовите на луѓето, а истите се појавуваат и на автопатите и на регионалните патишта. Неодамна беа објавени и снимки од диви свињи што шетаа по улиците на Нов Белград, а црниот пантер што со недели се криеше низ Војводина сееше страв и немир кај тамошното население.

На Интернет се појави снимка како една мечка трча низ дворот на една куќа. Сопственикот со неверување ја снимил оваа навидум ужасна сцена. Мечката, всушност, само сакала да си поигра на лулашката во дворот. Првично, неколку минути се обидува да се качи на големата нишалка, а кога конечно ќе успее, се гледа задоволството на нејзиното лице. Виралната снимка со ова мечка што се појави на Тикток има повеќе од 20.000 коментари од воодушевените гледачи.

-Таа е како мало дете.

- Изгледа како мало палаво мече.

- Иако е преслатка, не сум сигурна дека би сакала да ја видам во мојот двор.

- Па, ова е навистина преслатко.

- Колку е само среќна што успеа да се качи на лулашката - се само дел од коментарите на Тикток.

@pubity She runs up to that swing like it’s the love of her life 😭 (@Alena wild animals in CA yard via @ViralHog ♬ Follow for more - Pubity

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

Учениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. 

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

На територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.

Пожарот од Грачани го покри Скопје

Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија.

Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер