Мечка нападна дански турист на Шар Планина, со повреди на нозете пренесен во тетовската болница

Турист од Данска утринава бил нападнат од мечка на Попова Шапка. 

Од ЦУК велат дека данецот кој што заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд" скијање, надвор од означени скијачки патеки на Шар Планина при што во непосредна средба со дивото животно, резултирала со гребење и гризнување од страна на мечката која му нанела телесни повреди на нозете на скијачот.

Веднаш изреагирале другите скијачи, кои што ја избркале мечката, а интервенирала и екипа на итна медицинска помош од Тетово, која што го транспортирала во една од тетовските болници. Деталниот обем на повредите не е познат.

Овој е последен од низата блиски средби со мечките изминатите месеци. 76-годшник за малку не заврши фатално откако додека берел шумски плодови во околината на Македонски брод го нападнала мечка, која му нанела гребаници по телото. Тој бил спасен благодарение на ловџии кои се наоѓале во близина и откако слушнале повици за помош, притрчале да му помогнат.

Претходно во неколку наврати жители на Реканскиот крај објавуваа видеа на социјалните мрежи како изгладнети мечки бараат храна по контејнерите во населените места.

Видео: Мареј стана првиот Канаѓанец со 55 поени во НБА

 Денвер го победи Портланд со 132:121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата.

Кошаркарот на Нагетс, Џамал ​​Мареј постигна 55 поени. Дваесет и седумгодишниот кошаркар го оствари најдобриот резултат по постигнати поени помеѓу канадските играчи во историјата на НБА.

Мареј стана и првиот играч во историјата на Денвер со 55+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки на еден натпревар.

Во тековната сезона Мареј одигра 48 натпревари во НБА лигата, со просек од 21 поен и 3,9 скока по натпревар.

Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог почнува европска турнеја

Специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог почнува европска турнеја во која е вклучен и Киев.

Специјалниот пратеник на САД за Украина Кит Келог денеска ја започнува европската турнеја што ќе трае до 22 февруари и ги вклучува Германија, Белгија и Украина. Целта на турнејата е да се поддржи идејата на претседателот Доналд Трамп за обезбедување мир во Украина, како и американските интереси во областа на националната безбедност, објави американскиот Стејт департмент на својата веб-страница.

Специјалниот пратеник на претседателот ќе учествува на конференцијата за безбедност во Минхен и ќе го посети седиштето на НАТО и Европската унија во Брисел, каде што ќе се сретне со сојузниците и партнерите од цела Европа кои се подготвени да соработуваат со САД за ставање крај на руската војна против Украина и враќање на стабилноста во Европа.

Во Украина, Келог ќе се сретне со владини претставници . „Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека борбите мора да престанат и дека САД се подготвени да поддржат трајно решение. Специјалниот пратеник е посветен на извршување на тешката дипломатија што ќе биде неопходна за да се постигне целта на претседателот“, нагласува Стејт департментот.

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

По повод изјавите кои деновиве ги читаме околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава.

Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции.

Од ЛДП велат дека доколку се постави рисот, се покажува поглед кон иднината наместо „враќање назад и гледање во минатото“.

„Тоа е симбол кој со ништо нема да потсетува на било која соседна држава и да создаде проблеми. Прифатлива е само уникатност, посебност, новина, свежина, иднина и заштита на своето - како што е Балканскиот рис, кој потекнува од Шар Планина, е ретко и заштитено животно, и е еден од нашите национални државни симболи“, додаваат од ЛДП.

Посебноста на Македонија мора да биде главната водилка кон прифаќањето на било каков предлог за државниот грб. Притоа, тоа мора да биде и решение, кое ќе ги задоволи сите граѓани на Македонија, без разлика на националната, етничката, партиска, верска или било која друга припадност.

„Предлагаме општо прифатливо решение. Бидејќи доколку сите се водиме од своите партиски обележја или позиции, ЛДП би се придржувала до македонската флора и фауна и би предложила поставување на соколот како уникатен македонски симбол и дел од нашиот македонски фолклор. Покрај тоа што во Македонија живеат 9 посебни видови на соколи, во нашата народна музика со гордост се опева соколот кој пие вода од нашиот Вардар, песна која е и химна на партијата.”, истакнуваат од ЛДП.

Со почит,

Либерално-демократска партија

притисни ентер