СветМечка нападна човек во јавен тоалет на железничка станицаЈапонија годинава е погодена од невидена серија напади од мечки, кои се шират на најнеобични места.Последниот во низата инциденти се случи рано утрово во префектурата Гунма, каде што еден човек бил нападнат во јавен тоалет - само неколку метри од железничката станица. Претрпел полесни повреди Според локалните медиуми, 69-годишниот обезбедувач се спремал да излезе од тоалетот кога го забележал дивиот ѕвер. Тој паднал на подот во шок, но успеал да се одбрани од нападот со клоци. Потоа мечката се свртела и избегала, објавува Гардијан. Неименуваниот маж претрпел полесни повреди и успеал да стигне до полициска станица за да го пријави инцидентот. Властите истакнуваат дека тоа се случило во област која се смета за релативно урбана и засега безбедна. Недостаток на извори на храна Овој случај е најнов во загрижувачка серија. Властите потврдија дека 13 лица се убиени од април, најмногу во историјата откако се водат евиденции. Бројот на напади достигна 197, а експертите веќе очекуваат дека во 2025 година ќе се надмине минатогодишниот рекорд од 219. Најмногу инциденти се регистрирани во префектурите Акита, Ивате и Фукушима, региони кои со месеци се соочуваат со невообичаено агресивно однесување од дивит животни. Биолозите предупредуваат дека овогодишната сезона е исклучително лоша во однос на природните извори на храна за мечките. Поради оваа причина, тие почесто се спуштаат во села и градови, им приоѓаат на луѓето и влегуваат во згради во потрага по храна. Пристигнува војската Поради сериозноста на ситуацијата, јапонската влада презеде невообичаено остри мерки. Војска е испратена во префектурата Акита за да им помогне на локалните ловци да ги фатат и отстранат агресивните животни. За прв пат по години, на полицијата повторно ѝ е дозволено да пука во мечки, бидејќи има недостиг од лиценцирани ловци кои можат да реагираат на терен.Тагови: мечка јавен тоалет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита ОрбанВо рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот. Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан. Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter