Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
2Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!
2Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!
ЕкономијаМЕ: Продолжен рокот за државната поддршка-граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гасПродолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гасМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со мерките што директно им помагаат на граѓаните да инвестираат во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во „Службен весник“ е објавена Програмата за изменување на Програмата за поттикнување за снабдување со гас во домаќинствата за 2026 година, со која рокот за аплицирање за финансиска поддршка се продолжува до 31 октомври 2026 година. Со оваа одлука, Министерството отвора дополнителна можност за сите домаќинства кои сè уште не успеале да аплицираат, да ја искористат државната поддршка и да добијат до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас. За реализација на мерката се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување. Продолжувањето на рокот е донесено со јасна цел – што поголем број граѓани да добијат можност да ја искористат оваа мерка и да ги намалат трошоците за греење, истовремено користејќи почист и поефикасен енергенс. Право на аплицирање имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на гас за објект што веќе бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. Домаќинството може да поднесе едно барање. Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања согласно условите од јавниот оглас. Повеќе информации има на сајтот на министерството – www.energy.gov.mk По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови. Поддршката на граѓаните, подобрувањето на енергетската ефикасност и создавањето поквалитетни услови за живот остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку вакви мерки, Министерството продолжува да води политики што носат директна корист за семејствата и придонесуваат кон посигурна, почиста и поодржлива енергетска иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБрус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од негоТалула Вилис (32), најмладата ќерка на поранешната холивудска брачна двојка, Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси. Свадбата се одржа на 8 август на семејниот имот во Ајдахо, во присуство на најтесното семејство. Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, славниот актер Брус Вилис – кој ретко се појавува во јавноста поради сериозната здравствена состојба. „Вог“ објави црно-бела фотографија на која се гледа како Брус Вилис ја прегрнува Талула, истовремено држејќи го и својот зет. Талула ја опиша сцената како нежен момент споделен со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на празничниот викенд. Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа колку биле трогнати од сцената, особено имајќи ја предвид борбата на актерот со болеста и неговата одлука да биде покрај својата ќерка на нејзиниот важен ден, и покрај сè. Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија. На почетокот на 2023 година, неговото семејство објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција. Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување што може да влијае на говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш, Вилис ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство. Покрај Талула, Брус Вилис ги има и ќерките Румер и Скаут од бракот со поранешната сопруга Деми Мур. Тој остана близок со Деми и по нивниот развод.Тагови: Брус Вилис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!Светски шампион, милионер – а вози вакво нешто?! „Ферари“, „Ламбо“, „Бентли“ на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останаа вчудоневидени!Скако платените фудбалери на европскиот шампион ПСЖ на тренинг пристигнуваат во скапи автомобили, а потоа се појави , Шпанецот Руиз! Неговиот избор ги остави сите без зборови. Пристигнувањето на играчите на ПСЖ на тренинг честопати изгледа како вистинска парада на луксуз, но овојпат сите погледи не беа вперени во скапите „ѕверови“ на четири тркала. Напротив! На социјалните мрежи се појави видео од пристигнувањето на играчите на францускиот гигант на тренинг, а меѓу многуте луксузни автомобили, една сцена особено ги изненади навивачите. PSG boss Luis Enrique and his players arriving at training in their luxury vehicles… but everyone was talking about Fabián Ruiz’s choice of transport. 👀😂 Imagine being a World Cup winner and a Ballon d'Or contender and driving that. 🤯 pic.twitter.com/NAZKRoT6X5 — Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) August 15, 2026 Иако околу него има автомобили што чинат вистинско мало богатство, шпанскиот репрезентативец се одлучи за сосема поинаков стил. Шпанскиот репрезенативец на тренингот пристигна во „Smart“ – автомобил толку мал и невообичаен во споредба со она што се очекува од фудбалските суперѕвезди, што веднаш стана главна тема. Француските медиуми претходно пишуваа дека Руиз привлекувал внимание на паркингот на ПСЖ токму со таков автомобил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Утре сончево со температура до 38 степени, во вторник локална нестабилностСпоред УХМР на почетокот на следната недела времето ќе биде стабилно и топло, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06