ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
2Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО
3Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
БалканМД „Илинден“-Тирана од албанските власти бара поставување спомен-плоча за Горан СтефановскиМД „Илинден“-Тирана од албанските власти бара поставување спомен-плоча за Горан Стефановски во село Ербеле.Македонското друштво „Илинден“-Тирана достави барање до албанската општина Пешкопеја (Дибра) и Советот на општината, во селото Ербеле, административна единица Маќелара, да биде поставена спомен плоча, за еден од најреномираните македонски драмски писатели Горан Стефановски, чие потекло е од село Ербеле. -Тоа ќе биде голема чест за македонско националното малцинство кое живее во селото Ербеле. Текстот на спомен плочата ќе биде на три јазици, македонски, албански и англиски и ќе биде контакт точка за мултикултурните врски меѓу Албанија и Македонија и поттикнување на понатамошни проекти за соработка во културната сфера и ќе помогне да се афирмира село Ербеле, како пример за соживот и мултикултурализам, изјави за МИА, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Поред него на плочата ќе пишува: „Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ’рбетот на нашиот идентитет.“ Стефановски корени влече од Ербеле, каде живеле неговиот дедо Стрезо и баба му Алтана, кои мигрирале во Скопје, каде изградиле една од првите куќи во Дебар Маало. - Големо влијание врз творештвото на Стефановски имаше токму потеклото од овој крај и семејната историја. Тој постојано се интересирал за историјата на своето семејство и го посетувал селото Ербеле, додава Ѓурѓај. Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола каде неговите родители работеле во Народниот театар во овој град. Почина во 2018 година на 66-годишна возраст, во Кентербери, Англија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 1 кг. домати 2 благи пиперки 2 лути пиперки 3 - 4 чешниња лук 3 моркови 300 гр. сирење 1 пакување пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
ФудбалПол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед! Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија. Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот. „Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш. Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
ЗдравјеМинистерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби. Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети. Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели. Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот. Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО: д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39