МД „Илинден“-Тирана ќе продолжи да се бори за правата за сите граѓани - Канал 5

МД „Илинден“-Тирана ќе продолжи да се бори за правата за сите граѓани

МД „Илинден“-Тирана ќе продолжи да се бори за правата и за изборен систем кој гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани.

МД „Илинден“-Тирана ќе продолжи да се бори за правата за сите граѓани

По неприфаќањето на барањата на малцинствата во Албанија за гарантирани пратенички места, реагираше и Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, изразувајќи длабоко разочарување и порачувајќи дека ќе продолжат да се борат за правата и за изборен систем кој гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани.

-Изразуваме длабоко разочарување и огорченост на одлуката на албанскиот законодавен дом, при усвојувањето на измените на Изборниот законик да не го земе предвид барањето на националните малцинства за загарантирани пратенички места, по примерот на повеќе европски земји. Ќе продолжиме да се бориме за правата и за изборен систем кој гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани, рече за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Потсетува дека друштвото како рамноправна членка до Федералната унија на европските националности, ФУЕН, поднело резолуција со која се бара загарантирани места во парламентот за македонско национално малцинство во Република Албанија.

-На својот Конгрес во Леуварден, Холандија во 2018, ФУЕН и препорача на Република Албанија да обезбеди гарантирани места во парламентот. Истата беше доставена до сите албански и меѓународни институции. Исто така и Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, во својот петти мониторинг извештај за Република Албанија објавен во 2023 година, препорача земјата да креира позитивни политики за застапеност на малцинствата со загарантирани места во Парламентот. Но, како што се гледа ништо од тоа не е испочитувано, посочува Ѓурѓај.

Оценува дека актуелниот регионален пропорционален изборен систем е „дискриминаторски и не гарантира правична застапеност на малцинствата“, а „географската распространетост на националните малцинствата низ целата територијата на Република Албанија го отежнува ефективно застапување на нивните интереси во Парламентот“.

Претходно заедничка остра реакција имаа и партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сѐ повеќе деца во САД користат таблети за слабеење, повеќето имаат тешка гојазност

Бројот на рецепти за лекови за слабеење GLP-1 во Соединетите Американски Држави за деца под 12 години се зголемил за повеќе од 300 пати од 2019 година. 

Сѐ повеќе деца во САД користат таблети за слабеење, повеќето имаат тешка гојазност

Според истражувањето, лекарите затоа бараат нови и ефикасни начини за лекување на дебелината кај најмладите пациенти.

Студијата опфатила повеќе од 3,5 милиони дебели, недијабетични деца на возраст од осум до 11 години, а податоците покажуваат дека уделот на рецепти за лекови за слабеење GLP-1 скокнал од 0,03 проценти во 2019 година на 9,3 проценти до јуни оваа година, пишува Ројтерс.

Терапија за тешки форми на дебелина

Иако овие лекови не се официјално одобрени за деца под 12 години, клиничките упатства во некои случаи дозволуваат нивна употреба за лекување на дебелина уште на осумгодишна возраст. Студијата покажа дека дури 94 проценти од децата на кои им биле препишани лекови GLP-1 имале тешка форма на гојазност. Покрај тоа, околу 65 проценти од нив имале барем една придружна болест, како што се висок холестерол, висок крвен притисок или апнеја при спиење.

Брзо проширување на примената

Во текот на набљудуваниот период, вкупно 20.282 деца примиле лекови GLP-1. Најчесто им се препишувал Wegovy од Novo Nordisk, а лекарите издале и рецепти за Saxenda од истиот производител и Zepbound од Eli Lilly.

Иако вкупниот број на деца под 12 години на терапија со GLP-1 е сè уште мал, истражувањата покажуваат дека неговата употреба брзо се шири, истакна водачот на истражувањето и експерт за третман на дебелина, д-р Бабак Оранди од NYU Langone Health. Оранди додаде дека е потребно долгорочно следење за да се потврди дали овие лекови се безбедни и ефикасни на долг рок.

Разлики во достапноста на третманот

Студијата, објавена во списанието Pediatrics, исто така укажува на растечки нееднаквости во достапноста на третманот. Децата од побогатите заедници имале 55 проценти поголема веројатност да добијат рецепт за овие лекови.

„Лекарите и креаторите на здравствени политики имаат одговорност да обезбедат овие вредни, а понекогаш и скапи лекови да им бидат достапни на оние кои немаат приватно здравствено осигурување или не можат да си дозволат патувања во специјализирани педијатриски клиники“, рече Алан Маси, коавтор на студијата и вонреден професор по хирургија на Медицинскиот факултет Гросман на Универзитетот Њујорк.

Истражувачите ја користеа базата на податоци „Епик Космос“ за анализата. Тоа е национална база на податоци за електронски здравствени картони што содржи податоци за повеќе од 300 милиони пациенти во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Змија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багаж

За време на летот од островот Лампедуза во јужна Италија до Палермо на Сицилија, од рачниот багаж се појавила змија додека авионот почнал да се спушта, предизвикувајќи паника кај патниците.

Змија направи хаос во авион кон Сицилија- при слетувањето се спушти меѓу патниците од фиока за багаж

Капетанот на авионот веднаш реагирал и ги известил аеродромските власти и полицијата, а по слетувањето на аеродромот „Фалконе е Борселино“ во Палермо, во авионот се качиле карабињери од аеродромската станица и членови на одделот CITES, кои ја фатиле и обезбедиле змијата, објавува порталот TGcom24.

Според првичните наоди, станува збор за вид Macroprotodon cucullatus, познат како „змија со качулка“, мал влекач карактеристичен за фауната на Лампедуза. Името „змија со качулка“ (или лажна мазна змија) го добила поради карактеристичната темна дамка на задниот дел од главата што наликува на качулка.

Карабињерите истражуваат како змијата се качила во авионот и кој ја донел и транспортирал.

Животното е предадено на херпетолог на Универзитетот во Палермо, кој ќе ја провери неговата здравствена состојба, по што треба да се врати во неговото природно живеалиште.

Лампедуза е единственото место во Европа каде што е регистрирана популација од овој вид.

„Змијата со качулка“, која обично расте помеѓу 50 и 70 сантиметри, се храни со гуштери и други помали змии. Таа е отровна, но нејзиниот отров се смета за речиси безопасен за луѓето.

Првенствено живее во областите на Северна Африка, како што се Тунис и Либија, а Лампедуза е единственото место во Италија и цела Европа каде што живее овој вид. Островот Лампедуза геолошки припаѓа на африканската континентална плоча, поради што ја дели флората и фауната со овој континент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова му се пожали на Фицо од Македонија и побара поддршка

Бугарската претседателка побара поткрепа од словачкиот премиер „за Скопје да ја следи европската политика за пристапување“.

Јотова му се пожали на Фицо од Македонија и побара поддршка

Бугарската претседателка Илијана Јотова и словачкиот премиер Роберт Фицо на денешната средба во Софија го разгледале и проширувањето на Европската унија, при што шефицата на бугарската држава му се пожалила од Македонија и побарала поддршка од гостинот.

„Знаете дека имаме некои проблеми со Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Бараме ваша поддршка за Скопје да ја следи европската политика за пристапување. Четири години не видовме напредок во спроведувањето на обврските преземени од Македонија во 2022 година“, изјави Јотова.

„Двајцата беа категорични дека процесот на пристапување мора да биде според правилата и врз основа на достигнувањата на земјите-кандидати за членство“, стои во соопштението од кабинетот на претседателката на Бугарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер