3СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра
МакедонијаМД „Илинден“ - Тирана ја поздрави одлуката за отворање македонски генерален конзулат во КорчаВчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча, за Македонците во Албанија претставува историски чин, стои во соопштението на македонското друштво „Илинден" -Тирана.- Во мое и во име на македонско друштво „Илинден"-Тирана и Македонците во Република Албанија упатувам честитки до Владата на Република Македонија која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донесе одлука за отворање генерален конзулат во Корча, историски ден за Македонците во Албанија, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Потсетува дека како друштво, заедно со други македонски друштва и партијата МАЕИ, за тоа долго се залагале, но дури сега станува реалност. Инаку, ова исполнување на барањето од претставници на Македонците во Албанија упатено уште во 2013 година на средбата во Поградец со тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов. Според одлуката на владата, генералниот конзулат во Корча ќе биде со јурисдикција во целиот регион. – Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски. Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски посочи дека со отворањето на Генералниот конзулат, Македонците кои живеат во Корча, Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларните услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски. - Грижата за Македонците во Албанија не ја покажуваме со зборови, туку со конкретни дела. Целиме кон посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис, нагласува меѓу другото министерот Муцунски. Тагови: Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони најави ограничување на бројот на странски ученици и забрана за бурки и никаби во училиштатаИталијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека наскоро до владата ќе предложи мерка со који ќе се ограничи бројот на странски ученици во училишните одделенија и ќе се забрани носењето бурки и никаби во училиштата.Мелони ова го соопштила пред младинската организација на нејзината партија „Италијански браќа“, додавајќи и дека со мерката исто така ќе стане задолжително изучувањето на италијанскиот јазик за родителите на странските ученици кои имаат „сериозни тешкотии при интеграцијата во училишниот систем“. – За нас, секој што доаѓа во Италија и сака да ја гради својата иднина тука, мора да го научи нашиот јазик, да ја разбере нашата култура и да ги почитува нашите правила. Тоа е единствениот сериозен начин да ги пречекаме – изјавила Мелони. Откако ќе биде одобрена од владата, мерката ќе треба да помине и во парламентот во рок од 60 дена за да стапи на силаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
НБАПо драмата околу борбата за децата, Лука Дончиќ ја отвори душата- Каде и да е тато ...Еден од најдобрите светски кошаркари, НБА ѕвездата на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна.По драмата околу борбата за децата, еден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот Лука Дончиќ ја отвори душата како никогаш досега. Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна, а неговата најнова објава на Инстаграм привлече големо внимание во јавноста. Словенечкиот кошаркарски ас објави серија фотографии од своите ќерки Габриела и Оливија, придружени со порака што кај многумина предизвика солзи во очите. „Г и О, без оглед на тоа каде во светот се наоѓа тато, не поминува ден а да не сте во моето срце. Каде и да одам, вие сте секогаш со мене. Ве сакам!“ – напиша Лука Дончиќ покрај фотографиите од своите девојчиња. View this post on Instagram A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic) Овој пост на Лука доаѓа по исклучително бурен период во неговиот приватен живот. Дончиќ раскина со мајката на Габриела и Оливија, Анамарија Голтес, неговата долгогодишна партнерка и свршеница. Нивната љубовна приказна со години го привлекуваше вниманието на јавноста, поради што нивното раскинување предизвика бројни реакции. Лука и Анамарија се запознале уште како тинејџери, а нивната врска траела со години. По бројни подеми и падови, тие се свршиле во 2023 година, а потоа добиле две ќерки. Сепак, нивната љубовна приказна немаше среќен крај.Тагови: Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите„Единствена Русија“ на Владимир Путин оствари убедлива победа на парламентарните избори во Русија.Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите.. Според прогнозите на ТАСС, владејачката партија е на добар пат да го задржи двотретинското мнозинство во Државната Дума со 450 места.. Изборите се одржаа и на окупираните териториии во Украина, анектирани од Русија и ова се први избори по руската инвазија во Украина.. Ниту една од партиите кои беа против војната не добија дозвола да влезат во изборната трка.. Вчера на последниот ден од гласањето Украина лансираше беспилотни летала кон Москва, при што загинаа две лица а беше запалена рафинерија за нафта Русија најави интензивирање на нападите кон Киев, и ја обвини Украина дека се обидела да „ја потисне демократската волја на руските граѓани“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16