МЦМС: Раст на општата и на довербата во институциите

Општата доверба и довербата во институциите е во пораст, покажува истражувањето спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

- Истражувањето, кое е спроведено по петти пат, покажа пораст на довербата речиси кај сите институции кои беа проверувани, но и пораст на општата доверба. Таа сега изнесува 56 проценти и е за 5,4 процентни поени повисока во однос на слично истражување направено од Галуп во 2012 година. Степенот на доверба опаѓа со зголемување на дистанцата, па довербата во соседите изнесува 68 проценти се до 18,3 проценти кај непознатите. Сепак, сè уште мнозинство граѓани сметаа дека повеќето луѓе би се обиделе да ги искористат (55,3 отсто), наместо да постапат чесно (42,1 отсто), стои во соопштението од МЦМС.

Истражувањето покажува дека довербата во институциите е стабилна – индексот на доверба изнесува 43, слично како во 2008 и во 2007 година, по забележаниот пад во 2010 година (41). Има пораст на довербата во сите сектори (државниот, деловниот/приватниот бизнис, граѓанскиот), а пад има кај медиумите и меѓународната заедница.

Првпат откако МЦМС ја мери довербата се забележува мнозинска доверба во граѓанскиот сектор и тоа 54,2 проценти.

- Довербата во државниот сектор е битно зголемена (индексот изнесува 56 наспроти, 44,5 во 2010 година). Значителен е растот во образованието, здравството и полицијата, кои го презедоа приматот од Армијата, но и кај сите други државни институции има раст на довербата. Порастот е кај сите етнички заедници, но разликата главно се должи на порастот на довербата во државата кај етничките Албанци (од 16 проценти на 35,4 проценти), вклучително и во политичките партии, се наведува во соопштението.

Најголемо поместување во довербата има кај претседателот, од 37,5 проценти во 2010 г. на 56,8 проценти. Порастот е кај сите етнички групи и политички партии, освен кај симпатизерите на ДПА. Собранието има умерено зголемување (од 34,4 проценти на 41,9 проценти), а Владата од 36,8 проценти на 42,5 проценти.

Намалена, но се уште мнозинска, како што посочуваат од МЦМС, е довербата во меѓународната заедница. Довербата во ООН изнесува 58,8 проценти, во НАТО, 56,3 проценти, а во ЕУ 55,8 проценти. - Во овие три претставници на меѓународната задница повеќе веруваат етничките Албанци и симпатизерите на ДУИ, се наведува во соопштението.

На листата на професии, предводници се наставниците/професорите, лекарите, како и свештените/верските лица. Најмала доверба, според истражувањето, граѓаните имаат во судиите (43,1 проценти) и во цариниците (36,5 проценти), иако и тие како и сите други професии бележат умерен до голем раст во однос на 2010 година.

Истражувањето е спроведено со теренска анкета - интервјуа „лице в лице“ од 31 мај до 21 јуни 2013 година, на репрезентативен примерок од 810 испитаници. Популациската рамка била население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност биле: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони. Анкетата е спроведена од агенцијата за истражувања М – Проспект. /Извор: МИА/

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер