Мбапе среќен по првите голови за Реал: Ова е нешто за што сонував - Канал 5

Мбапе среќен по првите голови за Реал: Ова е нешто за што сонував

Килијан Мбапе не се запиша во листата на стрелците во трите воведни кола во шпанската Ла Лига и едвај во четвртиот прволигашки меч во дресот на новиот клуб ја затресе мрежата на ривалот.

Мбапе среќен по првите голови за Реал: Ова е нешто за што сонував

И тоа не еднаш, туку дури двапати Французинот беше прецизен во дуелот против Бетис на „Сантијаго Бернабеу“ пред домашните навивачи.

-Ова е момент за кој сонував долго време. Отсекогаш се надевав дека ќе постигнам гол на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е легендарно место и веројатно најдобриот стадион во светот. Се чувствувам посебно поради тоа, но пред се најважно е што успеавме да победиме по ремито со Лас Палмас, изјави Мбапе.

Актуелниот шампион на Шпанија по четири одиграни кола заостанува четири бода зад лидерот Барселона, но оваа информација не го загрижува најголемото засилување на Мадрид оваа сезона.

-Одиграни се само неколку првенствени натпревари, сезоната е долга и не треба многу да се грижите за тоа. Ние сме одличен тим, имаме врвни играчи и како што одминува времето сигурно ќе бидеме се подобри и подобри. За мене, сон е да се биде дел од толку голем клуб и уживам во секој момент и ќе направам се за да помогнам да освојуваме трофеи, изјави Мбапе по мечот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Каква лага на ВМРО и Мицкоски. Каква врска има дата-центарот со Реформската агенда?

Пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, денеска тврди дека националниот дата-центар бил обврска од Реформската агенда со ЕУ.

СДСМ: Каква лага на ВМРО и Мицкоски. Каква врска има дата-центарот со Реформската агенда?

За кредибилитетот на Лефков нема потреба да трошиме ниту збор.

Но, ова е уште една класична манипулација.

Реформската агенда требаше да биде завршена до 1 јуни – како што самиот Мицкоски вети.

Наместо да ги испорачаат ветените реформи, сега измислуваат дата-центар и го ставаат под капата на „европска обврска“.

Што има заедничко националниот дата-центар (за чување на податоци на државните институции) со дата-центарот што Мицкоски го најавува за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?

Апсолутно ништо.

Станува збор за две сосема различни работи.

ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси.

Ова е спин.

Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити.

Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори?

Затоа што многу, многу лаже криминалната група ВМРО и Мицкоски, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачи на скутер пукале во наргиле- бар во Марсеј, изма мртви и повредени

Едно лице е убиено, а четворица други се повредени, од кои едно потешко, во пукотница во бар за наргиле во Марсеј рано утрово, објавија денеска француските медиуми.

Напаѓачи на скутер пукале во наргиле- бар во Марсеј, изма мртви и повредени

Осумнаесетгодишен маж е убиен, четири лица на возраст меѓу 17 и 23 години се ранети, а едно е во критична состојба, објави „Паризиен“.

Весникот наведува дека две лица пристигнале во барот со скутер, по што едно од нив отворило оган врз барот со автоматски пиштол.

На местото на настанот се пронајдени осум чаури од 9 милиметри, додека скутерот на сторителите подоцна е пронајден, но целосно изгорен.

„Покрената е истрага за убиство и обид за убиство извршено од организирана криминална организација, а случајот е доделен на Одделот за организиран и специјализиран криминал (DCOS)“, соопшти јавното обвинителство на Марсеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Денеска (30.08.2026) околу 00:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица спречиле обид за илегално преминување на државната граница.

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

При преземање мерки и активности, од слобода е лишен М.А.(42) од Република Албанија, за кого постои сомнение дека бил водич на група од десет турски државјани, на возраст од 15 до 61 година, кои имале намера илегално да ја преминат државната граница.

М.А. е задржан во Полициската станица од општа надлежност Гевгелија, додека турските државјани се задржани во Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица и истите ќе бидат изведени пред надлежен суд, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер