Мбапе споделува размислувања за напредокот на Дембеле - Канал 5

Мбапе споделува размислувања за напредокот на Дембеле

Фудбалерот на Реал Мадрид и Франција, Килијан Мбапе зборуваше за напредокот на крилниот напаѓач на ПСЖ, Усман Дембеле оваа сезона.

Мбапе споделува размислувања за напредокот на Дембеле

- Нашиот однос со Усман е едноставен, ние сме во контакт секој ден. Трогнат сум од начинот на кој сега постапува, бидејќи знам колку критики и потсмев имаше кон него. Го поддржувам од 14 години и секогаш го сметав за еден од најдобрите играчи во светот, дури и кога не постигнуваше голови.

Усман го достигна својот врв на 27 години, што е нормално за еден фудбалер. Невозможно е да се каже дека тој некогаш доцнел да го открие својот потенцијал, ова е вообичаената еволуција на еден спортист. Многу сум среќен поради него и сакам да продолжи со добрата работа. Тој го заработи својот успех со напорна работа и се надевам дека ќе може да го задржи овој моментум со француската репрезентација до 2026 година и да ни помогне да станеме светски шампиони, изјави Мбапе за „АС“.

Сезонава Дембеле одигра 37 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 30 голови и имаше шест асистенции./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците од струмичкиот регион и денеска со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на капијата, наменета за конзервно преработувачките капацитети.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците трет ден протестираа и организираат блокади, бидејќи велат дека е несфатливо лани пиперките да се откупувале за 35 и 40 денари а годинава за 25 денари.

За проблемот вчера средба имале и со министерот за земјоделство Борче Серафимовски, кој, како што кажаа изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на земјоделците но ќе мора да седне на маса и со преставници на конзервно преработувачктие капацитети.

Земјоделците очекуваат конкретни резултати од средбата до втроник, во спротивно се закануваат со уште помасовни протести и блокади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. 

Портокалова фаза, температури до 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска е активно портокалово ниво на опасност од високи температури, заладување се очекува дури следниот викенд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачот

Уапсен е 46 годишен маж, осомничен дека бил причина за вчерашната сообраќајна несреќа во скопско Радишани каде загина 19 годишен мотоциликст.

Трето возило го предизвикало судирот во кој загина 19-годишниот мотоциклист, полицијата го уапси возачот

Според истражителите од терен обезбедените снимки од местото на несреќата покажуват дека возачот С.О со возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици учествувал во предизвикувањето на несреќата без да има физички контакт со другите возила. Тој заминал од местото на несреќата без да им укаже помош на повредените. Моторот беше целосно уништен, а возилото имаше големи оштетувања и бил повреден возачот на автомобилот алфа ромео. Според извори на Канал 5 најверојатно возачот со возилото „сеат алета“ на едно од возилата им го пресекол патот.

„По преземени полициски мерки, околу 19:40 часот автомобилот бил пронајден во Арачиново, а бил пронајден и возачот С.О. (46). Тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, каде со него бил извршен службен разговор. Несреќата била пријавена вчера во 12:12 часот на улицата „Радишанска“ во Скопје. Во неа учествувале „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (47), и мотоцикл „кавасаки“, управуван од Н.М. (19) од Побожје“, изјави Гоце Андреевски портпарол на МВР.

Мотоциклистот починал на местото, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Несреќата се случи вчера околу пладне помеѓу возило „алфа ромео“ и мотор. Возачот на алфа ромеото се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер