Мбапе подготвен да игра на која било позиција во Реал

Напаѓачот на француската репрезентација и Реал, Килијан Мбапе е подготвен да игра на секоја позиција во мадридскиот клуб.

- Подготвен сум да играм каде и да ме стави тренерот. Додека не сум во резервите, ќе се адаптирам на позициите (се смее), изјави Мбапе.

Реал Мадрид на 3 јуни објави за постигнувањето договор со 25-годишниот Французин.

Мбапе претходно играше за Пари Сен-Жермен и Монако.

На крајот на сезоната 2023/24 Реал стана шампион на Шпанија и ја освои Лигата на шампионите. Во финалето избраниците на Карло Анчелоти ја победија Борусија Дортмунд (2:0). /МИА

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеност на градоначалникот се развива

Општина Македонски Брод е општина која што е најголема по територија во Република Македонија и опфаќа 51 населено место.

Но, има многу скромен буџет. Благодарение на работата, посветеноста на градоначалникот на општина Македонски Брод, на пратеничката, на службите во Општина Македонски Брод, советниците успева да се реализираат голем број проекти во оваа општина. Иако многу мал буџет, иако скромни средства, во овие неколку месеци се реализирани многу суштински и значајни проекти. Реализирани се проекти на асфалтирање на улиците „Васко Карангелески“, „Кирил и Методиј“, „Поречка“. Исто така во фаза на реализација е проектот за тротоарот на улицата „Маршал Тито“. И улицата „11 Октомври“ исто така се асфалтира.

Меѓутоа морам да нагласам дека во разговор и со градоначалникот и со пратеничката големи планови има за Македонски Брод.

Затоа се инвестира и во образованието, во културата, но значајно е да се спомене дека разговаравме за да може да се отвори плус работно место во оваа општина, на таков начин ќе дадеме надеж до сите граѓани на општина Македонски Брод дека тука треба да живеат, да работат и да опстанат на ова прекрасно место, објави на ФБ, Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

ВМРО-ДПМНЕ: Комплетна невистина е дека сопругата на Муцунски патувала за Вашингтон

Комплетна невистина е дека сопругата на министерот Тимчо Муцунски патувала во Вашингтон.

Срамно и жално е што СДС и малиот Заев, Филипче станаа извор на лажни вести.

Денес Филипче требаше да излезе и да објасни како се стекна со супер луксузна хациенда на падините на Водно како министер и супер луксузно возило? Со која плата и кои извори на финансирање?

Наместо одговори тие продуцираат лажни вести,се навеедува во партиската реакција.

Жена се судрила со гризли и останала жива (ВИДЕО)

Аманда Вајли е љубител на природата, а на почетокот на јули го посетила националниот парк Глечер во Монтана, каде се соочила со страшен предатор.

Малку порано „забележала траги во калта, откопала корења и остатоци од храна“, но без оглед на тоа продолжила да оди.

„Ги слушав птиците и помалите животни, доколку реагираат на опасност, а потоа видов како прериско куче исчезнува во грмушките“, изјави таа за медиумите.

Неколку моменти подоцна, Аманда видела гризли на само неколку метри.

„Бев ужасната, но се сетив на советот да не бегам. Го извадив пипер спрејот, се спуштив поблиску до земјата и почнав да си одам“.

На видеото се слуша како вели: „Добар си. Те молам, не доаѓај овде“.

Шумскиот ѕвер неколку пати ја погледнал жената, а потоа го затресол телото, се свртел и продолжил по својот пат, пишува Дејли Мејл.

Тогаш Аманда ја сврте камерата кон неа и рече: „Фала му на Бога“.

@twobraidsontrail July 4th I had my first Grizzly encounter... I noticed Bear tracks in the mud, fresh scat, and dug up roots. I kept my eyes peeled but saw no threat and kept hiking. I listen for the birds and smaller animals to warn me of a bigger threat based on their actions. That's when I watch a prairie dog leap from my right side, to the left side of the trail I thought to myself: how many bears have seen me while I haven't seen them?I look to my right to find a grizzly 2x my size on his hind legs, paws up. Terrified, I reminded myself not to run and said aloud "oh my god, it's happening." The safety video I watched before getting my backcountry permit immediately played in my mind. I took out my bear spray, got low and backed away slowly from the bear. I talked to him nice and once I felt a safe enough distance away, I got my phone out to record wondering if these would be my last moments. Any sudden or unexpected behaviors by me could have turned this curious grizzly into a defensive one. He followed me down the trail, off the trail and eventually shook his body, which let me know I could relax a little. Once he turned away I rejoiced, knowing I would live to see another day and have an amazing encounter story to share. After all is said and done, l'd still choose the bear. #manvsbear #glaciernationalpark #montana #bearcountry #grizzlybear ♬ original sound - TwoBraidsOnTrail

Таа во своите коментари објасни дека секое „ненадејно или неочекувано однесување“ можело да го испровоцира гризлито.

„Кога се сврте, знаев дека ќе живеам уште еден ден и ќе споделам неверојатна приказна со вас.“

Бројни корисници беа импресионирани од тоа колку таа изгледа смирено, без оглед на видливиот страв и стрес.

„Секоја чест за вашата реакција, смиреност и фактот дека носите бибер спреј“, напишала една личност.

притисни ентер