Мбапе: Многу сум среќен што го надминав достигнувањето на Анри - Канал 5

Мбапе: Многу сум среќен што го надминав достигнувањето на Анри

Многу сум среќен што го надминав достигнувањето на Анри но сепак имам уште една личност што треба да ја престигнам.

Мбапе: Многу сум среќен што го надминав достигнувањето на Анри

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, по натпреварот против Исланд (2:1) во квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 година, истакна дека е среќен што го надмина Тиери Анри во ефикасност.

- Имаме многу да научиме од овие два натпревари, и тоа не само позитивни. Сето ова ни овозможува да работиме на себе, да видиме што ни недостасува. Успеавме да освоиме шест бода, и тоа е одлично. Среќни сме што ги победивме нашите директни конкуренти. 52-риот гол? Многу сум среќен, Тиери Анри е жива легенда. Сепак, има уште една личност што треба да ја победам, па затоа не треба премногу да славиме, сè уште има работа, изјави Мбапе за „Л'Екип“.

Во историјата на француската репрезентација најефикасен фудбалер е Оливие Жиру со 57 погодоци.

Францускиот тим има шест бода во два натпревара и е лидер во Групата Д во квалификациите за Светското првенство 2026.

Исланд е на 2. место со три бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра

  Нова бројка. Нова бајка на арамијата Мицкоски. 

СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра

Најавува 1.000 евра плата.

Во Собрание не прифаќа 600 евра минимална плата ама надвор сака да раскажува бајки.

Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај има ново прзно ветување ама нема решение.

Просечната плата не се зголемува со говор.

Животниот стандард не се подобрува со бајки. На работникот му треба повисока плата на сметка денеска. Му требаат пари за храна, за сметки, за своите деца.

СДСМ поднесе предлог за минимална плата од 600 евра.

ВМРО-ОКГ не го поддржа. Руската Левица не беше во салата. ЗНАМ не даде глас.

Кога требаше да се застане зад работникот, поддршката изостана од Мицкоски, ВМРО, и нивните сателити како ЗНАМ и Левица.

Толку од бајките на Мицкоски и неговите сателити на далечинско.

Граѓаните живеат тешко. Работниците едвај го поминуваат месецот.

Две минимални плати не ја покриваат ниту скратената владината кошница. Синдикалната кошничка со кирија надминува 90.000 денари.

Храната е прескапа. Горивата до плафон. Платите не стигнуваат ниту до средина на месецот.

Ребалансот е потврда за целиот дебакл на економските политики на Мицкоски. Втор ребаланс за само две месеци како признание за промашувањата.

Нема пари за плати, нема за пензии, нема за работниците, дупката е 900 милиони евра, за пензиите фалат 1 милијарда евра. Целосен дебакл.

Затоа се трупаат нов и долгови врз грбот на народот.

За само 2 години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра.

Не за поголеми плати и пензии, туку за криминални тендери.

На бајките на арамијата нема крај. Сметката ја плаќа народот.

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 12.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија

Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија.

МВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија

Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија.

Според податоците од граничните евиденции, лицето последен пат остварило влез во Република Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран негов излез од Република Бугарија, односно влез во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан.

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема.

Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори.

Директно поставуваме прашање до Филипче и очекуваме одговор, против кого маршираше Филипче викендов? Против бугарските фашистички окупатори или пак против бугарските администратори?

Да не заборавиме дека токму тој со Заев велеше дека Бугарите не биле окупатори, туку администратори.

Затоа и тие 300 луѓе со кои маршираше, патем луѓе на Заев, му се максимумот кој може да го достигне.

Филипче е прочитан од граѓаните и тие не му веруваат, а потврда за тоа се и анкетите на кои јасно се гледа дека токму тој има рејтинг од 3%.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер