Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка - Канал 5

Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка

Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата.

Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка

Пресврт во случајот во Битола, лицето кое на видеото што ја вознемири јавноста се гледа како го влечат на „Широк Сокак“ е живо потврдуваат од МВР, а неофицијално, дознава Канал 5, починат е токму оној кој влече и подоцна беше пронајден во дворот на битолскиот клинички центар. Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата, но зошто дошло до истата и што се случувало допрва ќе се утврдува.

-Во врска со видео снимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме, дека споменатато починато лице, Ј.И. во дворот на КБ Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР

Сега починатиот 39 годишник од Струмица по физичката пресметка, рано утрото во понеделникот, со итна медицинска помош завршил на ургентниот центар во битолската болница, каде му биле извршени низа прегледи, и бил испратен на дополнителни, но наместо тоа ја напушти болницата и по кратко време бил пронајден мртво во дворот. Неофицијално, причина за смртта е срцев застој.

-Во ургентниот центар е донесен со екипа на итна медицинска помош, од таму на одделение за психијатрија, хирургија и неврохирургија каде е уредно прегледан и упатен на рентгнен, каде што не се јавил. После тоа ја напуштил болницата. – Велат од битолската клиника за Канал 5

Но, дали 39 - годишникот имал видливи траги од насилство, што точно утврдиле прегледите и дали физичката пресметка е причина за смртта, допрва треба да се дознае, од обвинителството велат дека обдукцијата е во тек, а во меѓувреме се преземаат и сите мерки за расветлување на случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврски

Поранешниот командант на босанските Срби и осуденик за воени злостроства, Ратко Младиќ, чие тело синоќа беше донесено во Србија, ќе биде погребан во понеделник на гробиштата Топчидер во Белград.

Погребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврски

Како што објавија српските медиуми, комеморацијата на Младиќ кој минатата недела почина во притворското одделение во Хаг, ќе се одржи утре во Домот на армијата.

Вчера ковчегот обвиткан со српско знаме беше пренесен од Холандија со авион на српската влада, по што беше пречекан со воени почести. Ковчегот од авионот го изнесоа шестмина војници, во придружба на синот на Младиќ и српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, кој рече дека семејството на Младиќ ќе ги објави плановите за погребот во наредните денови. Српскиот претседател Вучиќ денеска изјави дека поради службени обврски нема да присуствува на погребот на Младиќ, на кој се очекуваат голем број луѓе. Тој појасни дека во понеделник и во вторник треба да биде домаќин на претседателот на Узбекистан во Белград, посета која била закажана пред четири месеци. Комесарот за човекови права на советот на Европа, Мајкл О’флаерти, денеска порача дека јавното величење на починатиот воен злосторник претставуваат кршење на законите и директна навреда за жртвите на геноцидот во Сребреница и воените злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени името

Унграскиот премиер ги расчисти дилемите.

Маѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени името

Нема забрзано членство за Украина. Предност треба да имаат земјите од Западен Балкан кој предолго чекаат. Како пример ја наведе и Македонија.

Не постои вонредна процедура, нема забрзана процедура. Украина е земја во војна и очигледно е дека не е подготвена за членство во ЕУ, без разлика што лидерите на ЕУ или државите членки се обидуваат да ѝ претстават на Украина. Тоа е погрешно. Колку кластери ЕУ отвори со Србија? Два од шест за 15 години. Сепак, Србија, и не само Србија, туку и други земји од Западен Балкан, како Албанија, Црна Гора, Македонија, тие направија многу, а една земја дури и си го смени името.- вели Маѓар

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ

ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, најави еврокомесарката Марта Кос, за време на неформалниот состанок на Советот за Општи за работи во Даблин. 

Кос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ

Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври.

-Оваа есен ќе биде есен на проширувањето во две насоки – едната е за подготвување на кандидатките за членство, другата е тоа што го правиме внатре во ЕУ за да се подготвиме за ова. 2026-та е веќе рекордна година. Оваа година направиме многу повеќе од минатата 2025-та и можеме да испорачаме уште повеќе. Некои од земјите кандидатки можат да ги завршат преговорите до крајот на оваа декада. На крајот на септември, 30-ти, ЕК ќе ги претстави резулататите од т.н. претпристапен преглед и секако ќе дискутираме како да направиме една поента, но секако и многу други, се со цел процесот на одлучување да е поефикасен, изјави Кос.

Македонија на состанокот ја претставува министерот за европски прашања, Беким Сали, кој порача дека на проширувањето повеќе не е политички избор, туку геополитичка неопходност. Сали нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција и дека очекува напредокот да биде препозанен.

-Ја поддржуваме визијата на еврокомесарката Кос за постепена интеграција. Како земја кандидат ќе испорачаме видлив напредок за нашите граѓани и за бизнисисте во нашата држава. Македонија ја избра ЕУ, изјави Сали.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, на синоќешниот партиски настан по повод 35 години независност на Македонија, порача дека европските интеграции не се ниту партиско, ниту лично прашање, туку најголем државен интерес. Според него не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се презема. опозицијата ќе продолжи да притиска за да се најде решение, кажа Филипче.

- Само идните непристрасни генерации можат правилно да оценат колкава е цената на прифатените компромиси, а колкава е загубата од бескомпромисноста и изгубените децении на побрз сестран развој. Ако има подобро решение нека го донесе. Ако има реална гаранција нека обезбеди. Ако има нова преговарачка рамка нека ја покаже. Но, ако нема тогаш чесно е да им се каже на граѓаните да престанат да плаќаат со години за партиските ветувања дадени во предизборните кампрањи и секојдневните намипулации и лаги, изјави Филипче.

Освен новата реформа за проширување, земјите – членки паралелно ја разгледуваат и идејата за евентуална промена на начинот на одлучување, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство, со цел да се намали можноста од вето за клучни надворешно политички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер